И јас го правев истото со тестови, ми беше страв да не ми избега линијата Јас на 5+0 бев на ехо и се виде сакус и жолчно кесе, рано беше за плод да се види.
Епа не сум во Скопје, во Штип испитувам и ги праќаат во авицена па ќе ми ги пратат на мене кога ќе стигнат.
Полни пет недели и два дена од шестата е 5+2. Се полни шестата недела. Кога ќе е 6+0, тогаш е полна шеста недела.
аха има логика.. јас не знам која недела сум, кога ќе си одам од тука ќе одам на гинеколог и ќе видиме што ќе ми каже.
На 20 август но на 12 септември се уште немаше пукнато фоликулот, имав задоцнета овулација... не знам дали исто се рачуна..
Колку има поминато од последна менструација? Јас прв пат отидов на 5+2 мислам и се гледаше плодот од 8мм. Ова ти го пишав за споредба да знаеш од прилика кога да одиш. И дај опушти се, тоа е тоа Не е убаво вака да се преоптоваруваш.
нее воопшто не се преоптоварувам ама некако гледам што повеќе да се едуцирам за се да биде во ред. не знам кога на гинеколог да одам... не сакам да ме вратат да кажат еј рано е..
Кога ќе одиш на прв преглед, ќе измери докторката и ќе ти каже на која недела одговараат мерките. Со докторот биди си во контакт, ќе ти каже кога да одиш, веројатно и затоа ти рече бета да провериш на два дена.
Ама не се оптоварувај ти за линиите сега, кога ќе ти се види плодот гинекологот ќе ти каже точно што како. Некои жени што не планираат бременост, а забремениле, не ни знаат ни овулации кога имаат ни бутур, затоа првично се смета датата од менструацијата. Си направила бета, според бројката што ќе ја добиеш ќе отвориш на гугл, и таму имаш табела која покажува според бројката од бета хцг за која недела одговара.
Честито, сега уживај си и не се замарај со ништо. Според линијата на тестот мислам дека си имала овулација на 14 или 15 септември, па денес си 4+1 или 4+2 дена, односно петта недела. Мене овој какулатор најмногу ми се допаѓа: http://www.yourduedate.com/, стави податоци и ќе ти пресмета.
Фала ти, и јас така израчунав дека овулацијата била на 15 или 16, а како излегоа 4 недели не знам Веројатно ми додаде 2 демек пред овулација за да биде по правило и а инакупо правилата што ги читав од прв ден на менструација ако се рачуна ќе излезев 6 недели и повеќе.