Мислам дека ти е најпаметно прво да направиш тест. Доколку е негативен треба да си разговараш со гинеколог како да си ги зголемиш шансите за бременост. Јас лично пошто исто имам полицистични јајници, пред да забременам пиев Јасмин 6 месеци за да ми се среди менструацијата (не добивав воопшто без Јасмин) и има плус еден додаток на исхрана се вика Елова на Бионика фирмата (можеш да го купиш од било која аптека без рецепт околу 600 ден беше, сега е качена цената мислам дека е околу 800 ден) . Наводно, новото револуционерно решение за пцос. Малку е скапичко пошто во едно пакување има кесички за 15 дена, а се пие најмалку 3 месеци ама помага според мене. Друго што би те советувала е да испиташ тироидна жлезда барем на ехо и обавезно интолеранција на инсулин (се испитува исто како скриен шеќер, 2500 ден мислам беше во Хемолаб). Прочитај повеќе за тоа на нет. Ако си overweight, припази малце на тежината ради инсулинот. Ако ми текне уште нешто ќе ти пишам. Ти посакувам среќа и немој да се разочаруваш, не е толку страшно пцос ако играш паметно
Фала ти многу за опширниот одговор и пред се за поддршката. Тироидната ја имам испитано, уредна ми е. Инаку да, најпаметно е во соработка со гинеколог да тече целиот процес, ама сакав прво вака да пробаме без никаква асистенција. Од суплементи од пред некој ден пијам фолна киселина за зачнување, другарка ми ги донесе од Германија, специјални се за пред бременост па се до 12та недела. Ќе ги проверам и овие што ми ги препорачуваш. Искрена да бидам, мислам дека мене пристапот на првиот гинеколог што ми установи пцос ми остави некои последици без да сакам. Тогаш уште не планирав бременост, ама ми всади во глава дека ‘можно е да имам проблем со зачнување’ и тоа си работи, а не треба знам... Инаку не сум нешто којзнае колку overweighted, имам некои 3-4 кг вишок. Какво е твоето искуство, колку траеше процесот дур да забремениш? Поздрав.
Да, и јас си бев свесна дека ќе се мачам да забременам и така и си се програмирав, не се надевав нешто премногу и си викав 'абе нема шанси'. Сите нели прават тестови 5 дена пред менструација, јас толку немав верба што направив после 8 дена каснење. Иначе, останав трудна вториот месец од пробување Само опуштено ама мораш да ја средиш менструацијата прво, за да почнеш да си ги осеќаш плодните денови.
Јас ја имам менструацијата, само што не е точна до ден, обично ми доаѓа на 30+ дена. Само еднаш ми се случи да не добијам 3 месеци ама во последната година дена си добивам секој месец. Ќе почекам да видам денес, утре како ќе биде и ако немам ќе направам тест. Еве и денес нема ништо, исто како да не добив.
Фолната не помага за полесно забременување да знаеш ,фолната се пие за други работи да не должам ,ако сакаш суплементи можете да земете цинк ,витамин Е ,или пак некој витамини како пре мама да пиеш .Стискам палци за две линии !
Оваа фолна што ја пијам е баш за таа намена, така и се вика Folio Forte - Kinderwunsch und Schwangerschaft (или во превод ‘желба за дете’). Ги содржи витамините што ми ги посочуваш и плус уште некои. Препорачана ми е од искуство, затоа и почнав да ја пијам.. Фала ти, дај Боже сите да си дочекаме.
Во право е @elcezelce Фолна не помага побрзо да се забремени, не влијае на зачнувањето, таа е битна за развојот на бебето кога ќе останеш бремена, поточно во почетокот на бременоста, но добро е да се пие кога ќе се почне со обиди. Нема штета да се пие, продолжи си и ти посакувам што побрзо да си останеш бремена.
Јасно ми е која е намената на фолната киселина. Овие апчиња што ги пијам се некоја комбинација од фолна киселина, јод, Е и Б витамини и се наменети за пред зачнување и до 12та недела од бременост. Фала ти, се надевам дека за брзо ќе се израдуваме.
здраво женски, јас денес бев на преглед има два добри фолекули каде што според календари што пратев последна менструација имав на 2ри октомври, овулација требаше вчера но ете уште не е ,примав кломифлен и денес бев на преглед,уште не дошло до пукање на фолекул не ми беше јасно рече овие 2-3 дена активно секс и послем со утрагестан да пробаме, од четврток да пијам, ако ми дојде ништо здравје следен месец, ако не да се јавам ако не ми дојде,значи има бременот, но нели овулација е негде на 14 ден , може ли и повеќе да трае
Зависи на колку време ти доаѓа менструација, овулација не мора секогаш на 14 ден, тоа е школкси пример. Кај мене додека ја пратев најчесто беше на 17ти ден. Тест ќе си направиш по 2 недели од денес, не значи дека ако не ти дојде има бременост, дотолку повеќе што ќе примаш и утрогестан од кој циклусот може да доцни. Затоа најсигурно е тест по 2 недели за да знаеш дали да продолжиш со утрогестан ако е позитивен или да прекинеш ако не е.
Јас денес треба да добијам, сабајле имав болки долу кај матката, мислев ете ја дојде Ама сеуште ја нема Се надевам овој пат ќе биде
не мора да е секогаш на 14ти ден, кај мене е на 17ти ден. правам тестови за овулација Оview и секогаш на 16ти ден е позитивен тестот што значи во наредните 12-36 часа има овулација, односно на 17ти па дури и на 18ти ден. можеш да си купиш тестови, точни се.
Здраво женски цело време читам па решив и ја да побарам мислење.. Скоро 1 година се обидуваме за бебенце но секако е господова работа .. Имав не редовен циклус 1 месец имав 2 немав хаха Секако бев на гинеколог ми рече дека имам мали цисти на десниот јајник и ми даде да пијам јазз таблети и ми кажа дека можно е и да забременам во тек на 1 до 7 ден ја обично се чудам на тоа ?? Мислење женски ... ??