кај нас многу помогна цинкот за спонтана овулација инаку кај мене мора да е индицирана со терапија и реалнп сега баш размислував што не ми текна порано да почнам да пијам цинк , ама што е тука е .... ќе биде се стискам палци за сите што чекаат две цртки во групава
Првата фаза од циклусот трае од прв ден на менструација до овулација и се вика фоликуларна фаза (време кога зреат фоликулите), а вториот дел од циклусот трае од овулација до наредна менструација и се нарекува лутеална фаза. Лутеалната фаза, односно вториот дел од циклусот трае секогаш 14 дена, а првата е променлива во зависност од должината на целиот циклус (ако е оптимален од 28 дена, тогаш е 14; ако е 20 дена, тогаш е 6- и најчесто во тие случаи настанува бременост за време на менструација доколку менструацијата трае 5-6 дена; доколку циклусот трае 30 дена, тогаш фазата е 16 итн). Бидејќи ти варира должината на циклусот, малку е потешко да пресметаш кој ден ти завршува фоликуларната фаза, односно кој ден овулираш. Мое мислење е да си земиш тест за овулација или во најмала рака како што спомна членката погоре симни си апликација за следење на циклусот. Имај на ум дека апликациите не се 100% точни, но барем имаш некаква ориентација.
не е секогаш 14 дена, може да е и 10 а може и 17 дена. за кратка лутеална фаза се смета онаа под 10 дена и кога е кратка лутеалната потешко се забременува. променилива е исто како и фоликуларната. ако добиеш менструација после 9,10 дена од овулација, се смета дека ти била кратка и дека се мали шансите да настанала имплантација тој циклус. знам за ова со сигурност, зошто сум имала кратки лутеални. затоа е идеално да се исти во должина двете фази, за во првата,фоликулот да има доволно време за убаво да созрее а во втората да има време да се имплантира. затоа секогаш идеален хормонски резултат е кога фсх и лх имаат ист сооднос. со кратка фоликуларна јајцето не созрева доволно за оплодување а со кратка лутеална не може да се имплантира. се надевам сум јасна како и да е,нема правила , жени затруднуваат и со овулација на 10ти ден од циклус,што е прилично кратка фоиликуларна фаза.
значи денес ти е 10ти ден од циклус. рано ти е за овулација. ако не видела ниту еден фоликул,можно е да да имаш ановулаторен циклус и да не овулираш месецов(што не е страшно,сите ги имаме некогаш). на 10ти ден веќе треба да има фоликули и барем да се над 12мм во големина.
Јас пиев цинк со селен еден месец и плус правев ХСГ и се трудев да имаме на плодни денови но без успех засега па здравје ќе видиме понатаму. А вие кој цинк го пиевте? Дај боже сите да си видиме две цртки што поскоро
Luna да те прашам за мене, правев хормони на 4ти ден се, да ми протумачиш за лх и фсх. Имам циклус на 26 дена, на 9ти 10 ден имав боцкања и грчеви како да ќе ми дојде, сведувам на тоа дека може е овулација. Според твоето кажано мислиш ли дека имам кратка фоликуларна фаза?
Идеално е фсх и лх да ти се исти. Тебе лх ти е двојно од фсх. Тоа обично е индикација за полицистични. И мене ми се лх високо а немам полицистични. Хормоните се менливи и секој циклус е различен. Треба барем три пати да ги провериш , па се се добие јасна слика. Провери ги и нареден циклус на 3-4 ден па оди со резултатит кај гинекологот. И иди накај 9-10 ден од циклус таман да може да ти каже и колку ти се пораснати фоликулите, ако сакаш да знаеш кога ќе овулираш.
Фала многу за опширното објаснување. Ќе пробам за почеток прво опуштено, ако нема ефект ќе почнам да ја следам овулацијата.
Аха, сега веќе ми е појасно. Значи како што ми кажа др, или нема да овулирам или евентуално ќе овулирам покасно?
Естрадиолот ти е височок за 4-ти ден. Да те ѕирне докторот да не имаш некоја циста штом осеќаш болка?
Фоликули се гледаат уште од 4 ден од циклус. Мали се ама се гледаат. Секој ден растат. На 10 ден веќе јасно се гледа колку има и која е водечката. Мене на пример на 10 ден, водечката ми била 15мм. И да има задоцнета овулација, тие таму ќе беа. Или не е добар гинекологот и не ги видел или стварно нема.
сега овие ги пиеме , е претходно пиевме шимливи таблети со матичем млеч и витамин Ц... рече гинекологот и овие дека се подеднакво добри , само што рече дека барем 2 до 3 месеци да бидеме трпеливи со цинкот , немора да значи дека веднаш ќе даде резултати
Цинкот е многу корисен за тие што сакаат да забременат. Јас ги пијам на синерџи, од овој месец и мм почна да ги пие. Се надеваме на две цртички.
првиот пат кога го пиевме јас незнаевв дека е поголемо влијание има на машкото репродуктивно здравје, ама овој пат гинекологот предложи да пробаме двајцата барем три месеци и да видиме резултати
И јас пиев цинк, селен и фолна киселина пред да забременам. Дечко ми го убедував, почна и тој и останав трудна. Си продолжив само со фолната.
Фала на објаснување Поличистични јајници немам.Зад себе имам 4 иуи и 2 ивф, последно со биохемиска. На ехо сум во сабота па баш ке видам фоликули. Документи собирам за повторно ивф па ме интересираше твое мислење.
штом ти ги виделе резултатите и имаш искуство со специјалисти,тогаш немај гајле. јас не сум стручно лице ти посакувам многу среќа, следново да е последно