Здраво девојки резултативе ми се од трансфузија предадов крв за откривање на причината за спонтан.. ама неможам да разберам за што се работи? Ако може да ми објасните ? Благодарам однапред
ти пишува дека си А негатив и дека ако таткото е позитив дека треба инекција да примаш(за сите е така) не знам точно во која недела од бременост се примаше таа инекција,нека пишат другите
На итна бев во 8ма недела од бременоста бидејќи прокрварив и го загубив плодот.. и ми дадоа упат за на трансфузија да проверат како наводно што била причината за спонтаниот
Вчера бев на фоликулометрија на 11ден од циклус. Докторката ми кажа дека имам 2 фоликула со големина од 8 и 10мм. Но, не ми кажа да одам пак во пон да ги измери. Гледам другите што одат да мерат одат почесто, а таа само на 13ти ден ми велеше да одам. Што мислите има шанси да пораснат? Бидејќи никако не стварав фоликули ама сега пијам Пикозитол па ваљда ќе има ефект, иако се мали сепак ги има.
па ти не чекај на неа. ако сакаш да одиш пак оди. кажи и дека сакаш да дојдеш за два дена да видите колку пораснале. оооо јас како ја малтретирам мојата,101 прашање и поставувавм и сама и викам што мислам дека треба да ми прави.
Нејзе тоа и е работата, ама се гледа колку се замара.. Вчера буквално ништо не ми кажа, ја прашав за колку време би пораснале(колку дена) ама го изврти прашањето и ми вели треба Пикозитолот подолго време да го пиеш, одма нема резултат..
Закажи си и пак оди и' на фоликулометрија, да не чекаш на неа, убаво вели @LunaGrey Барем двапати оди на мерење, може за некој ден да се види водечки дали ќе се издвои според мерките. Таа ако не се замара, биди ти упорна, тебе ти е битно ова, оди и'.
Здраво да прашам Имам болки во стомакот поспаност замор утрински мачнини а со сопругот пробуваме имам нередовна менструација последниот пат имсв на 06.10 и на плодни денови имавме дали има шанса да сум бремена утре кодам за крв да проверам а тестови нрмам правено
Секако дека има чим пробувате. Ти се ближи терминот за добивање, земи си тест и направи го утре од сабајле.
Здраво девојки. Како и сите вас и јас се обидувам со сопругот да добиеме бебенце. Сакав да ве прашам каде да го најдам тестот за овулација, нешто дефицитарен е, пробав во Зегин. Фала
Пак јас Денес ми е 15ти ден од циклус и од сабајле имам блага болка на десниот јајник каква што имам обично кога овулирам. Други симптоми како бела лигава слуз немам сеуште. Можно ли е да е почеток на овулација и покрај тоа што гинекологот на 10ти ден од циклус ми рече дека немам фоликули? Календарот ми рачуна fertile од 2ри до 8ми ноември, а ovulation day ми е 7ми. Стварно сум збунета..
Здраво девојки еве веќе некој период пробуваме со мојот сопруг за бебенце.. На 16ти октомври имав добиено и по препорака на лекар на 26ти и на 27ми имавме односи... Последниве три дена страшно ме болеше половината, пиев ефридоли и незнам што се деси синоќа на гајќите имав кафеав ицедок денес сабајле немам ништо, а треба да добијам за 7 дена поточно на 13ти ноември... Толку рано да ми дојде? Што се нема сличено никога. Или можеби сум бремена? Или па имам некој здравствен проблем? Извинете на долгиов пост