па да, ако не доставиш мислење мислам дека ќе ти дадат одговор прво да правиш инсеминации. пиши во темата вештачко,ќе ти кажат членките точно
Јас праќав во Јули документи со две направени иуи и мислење од спец др.дека иуи се безнадежни,ме одбија ми побараа уште две иуи...Но за среќа додека се спремав за наредните иуи Меѓувреме си останав природно бремена... Најсигурно да се јавите во комисија да прашате за да не се губи непотребно време.
Пишав пред некое време ама никој ме ми кажа дека ќе ми трена мислење од специјалист. Само од матичен гинеколог..
па матичните не се стручни за ифертилитет... ете Данче дури и со мислење ја одбиле. Не ризикувај и набави си, ако имаш одлучено кај кој Др сакаш оди кај него со резултатите и консултирај се. Не даваат мислам дека така лесно ваучер без иуи,иначе сите би ги скокале инсеминациите ептен треба да е тешок машки фактор како азооспермиа или жената да нема јајцеводи. Пиши уште еднаш во вештачки, пошто јас немам искуство, може лупетам глупости.
Ама кај Данче е друга ситуацијата, не беа со тежок машки или со тежок женски фактор, затоа не го прифатија мислењето од докторот. @Lostinparadise ќе има мислење за тежок машки фактор, друга е ситуацијата кај нив. Мислам дека пишаа во Вештачко дека со таа дијагноза им дале ваучер без инсеминации. Пишува и на сајтот дека без инсеминации одобруваат само при тежок машки и/или женски фактор, па мислам дека ќе ви одобрат без проблем.
Здраво, за подготовка на организмот да забременам гинекологот ми ги препиша Фемибион 1 и ми даде насоки за исхрана. Какво искуство имате вие со овие таблети? И колку е важно да се придружувам на план за исхрана без шеќер, тестенини, леб, тесто воопшто, млечни производи... некако ми изгледа престрого а и си сакам шпагети, макарони
За почеток пробај да намалиш внес на шеќер, тестенини и леб, исфрли грицки и пржена храна, замени со здрава варијанта, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, интегрални житарки, млечни производи со намалена масленост... Не е толку тешко колку што изгледа, а и знаеш дека правиш добро за себе и за она што посакуваш да биде. Исхраната е многу важен фактор за сите нас кои се бориме за бебе, а ние сме сами одговорни за она што го внесуваме.
Ако докторот ти дал такви насоки за исхрана значи дека е многу важно особено ако имаш хормонски дисбаланс. И јас бев на таква исхрана и на почеток плачев за јаглехидрати особено во пмс. После тоа се навикнав. Тешко е знам, треба да излезеш од комфорт зоната ама сите сме тука со една цел и мислам дека тоа е доволно. Има и позитивна страна, ќе намалиш во обем Рачунај дека ова е привремено додека го спремаш телото, кога ќе останеш бремена нема ни да ти текне на оваа 'жртва', веќе ќе правиш многу повеќе.
Јас немам проблем ниту со хормони, ниту со килажа, а не сум ни пробала Да тоа е се во ред, додуша јас немам проблеми со хормони и килограми а не сум ни пробала со сега да останам трудна. Повеќе ме интрресираше мислење за витамините кои ми ги препипа за подготовка на организмот, затоа пто мнпгу доктори препишуваат тоа што имаат договор со одредена фармацевстка компанија а не што е стватно ок.
Јас сега пијам Фемибион 2 зашто сум 4ти месец, иначе во нив има се што ти е потребно. За исхраната сепак би го послушала докторот со тоа што би имала еден cheat day во неделата
Пиј си ги слободно, они немаат ништо штетно туку се суплемент кој ќе ти помогне во целиот процес...генерално содржат витамини. И јас сум во фаза на зачнување и пијам едни слични германски веќе месец дена.. На храна не пазам нешто многу, јадев и претходно овошје и зеленчук, јадам и сега. Тестенце и благо си сакам, ама гледам да не претерувам
Девојкиии, си ги дочекав и јас двете цртки Пред да ми касни немав никакви симптоми. По два дена откако требаше да ми дојде, почнав да чувствувам повремени грчеви во долниот дел и мала болка во градите, мислев дека ќе добијам, но не се случи тоа. Си реков уште два дена дека ќе почекам за тест и издржав, утрински го направив тестот и си ги видов убавите две цртки, после година дена обиди. Три месеци пиев фолна и витамин Е, по препорака на гинеколог. Последниот месец внимававме и двајцата малку со исхрана, читавме што е добро да се конзумира, малку на планина, физичка активност и кога најмалку очекував бидна. На преглед закажав за една недела, се надевам се' ќе биде во ред.
Здраво девојки сакам да прашам дали некоја од вас касна овулација и колкави се шансите да останеш бремен, иначе добивам негде од 30-35 дена на 16 ден од циклус бев кај гонекологот на преглед и тогаш имав еден водечки фоликул кој беше околу 10мм и птоа на 19 ден бев пак и беше негде 15,3 и ми кажа за два дена да одам пак да види бидејќи очекува овие денови да расте побрзо па ќе видиме, ако не планира да ме стави на кломифен... иначе имам редовни циклуси нормални хормони па ме интересира некој со слично искуство и некаков совет.