Здраво. Не пишувам често, а ве следам. Кој ме има читано знае дека имав 2 спонтани. Имам генетски мутации правев испитувања. Женички дај утешете ме се чувствувам многу лошо и тешко. Одман во њуборн кај др.Татјана Гуржанова, оддкако ги направивме потребните испитувања ми предложи да одам кај Др.Јани Ангеловски. Денеска бев кај него срцка е ми кажа што терапија да пијам и ми рече не плаши се. Потоа имамв залажано кај Др.Татјана одам кариотип во ред ама спермограмот ужаасс само 1% нормални сперматозоиди има тератозооспермиа. Вели во ваквов случај ретко и жерната може да остане бремена и рече нема докажано леек што може да помогне, но сепак да прпбаме пак прироодноо. Ве молам пишете ми искуства кој што знае ммогу сум тажна.
Извини јас немам искуство конкретно за твоево прашање, ама и јас сум со проблем повторувачки спонтани. Па ме интересира дали ти кажаа дека дијагнозава на спермограмот може да го предизвикува спонтани? Читав дека е тешко да се остане бремена, но доколку се постигне оплодување, лошата морфологија не влијае на развојот. Не знам колку е точно, па ете дали докторката ти кажала нешто околу тоа.
да ти кажам искрено никогаш веќе не знае. Познавам жени од една група во која што сум, што имаат и со 1% природно забременето. Некој и со 5% не успеале. Нема правила. Ништо не е невозможно. Потребно е едно добро јајце и еден единствен добар сперматозоид и совршен тајминг. Е сега што не можеме да влијаеме на тоа, тоа е, miracle of life.
Докторката ми кажа дека со оваа дијагозна на маж ми тератозооспермиа дури тешко останувала жената бремена. Јас ете останав двапати бремена, ама лошо се заврши. Е сега сигурно влијаела ситусцијата и кај мене и кај маж ми, јас имам мутации. Некако повеќе ме плаши ситуацијата кај него, дека немало соодветен лек за подобрување. Јас си барам причина и изговори, но дали може да влијаело тоа што една недела пред да го направи спермограмот беше многу настинат со температура и дојде дури до инекции?
Баш така искрено се разочарав и исплашив за пак да пробуваме. Но, нема откажување на сите посакувам барем по една среќичка!
Знам дека не е за на ваа тема, ама не ми се пишува во другите, а морам да се излеснам. Газдарицата како ме изнервира. ЗНАЧИ знае за мојте 2 спонтани, знае дека ке дојде време пак да забременам, значи во ништо не ми испаѓа во сусрет..и кажувам неможам да носам сама роба незнам кога ке останам, несакам да кревам,ЗНАМ ама јас немам време, две деца си има па ја заболи за мене како ми е и шо ми е, ми се иде одказ да си дадам и дома да си седам и да не се нервирам од вакви нечовечни луѓе до колку кг кревавте вие, јас гледам од 10,12 да не е повеќе ама и од тие се саклетисувам од каде да знам кој месец ке бидне
Леле колку ме нервираат такви... Не знам колку е паметно да напуштиш уште пред да останеш бремена. Нека каже некој со такво искуство. Јас да сум на твое место прво ќе барам друга работа
Јас имав потешкотии и проблеми за забременување и кога останав бремена, докторката ми рече потешко од лажица да не кревам. Знам дека е too much ама ја послушав и еве сега во 4ти сум поопуштена. Во меѓувреме останав без работа ама си плаќам придонеси во фирма за трудничко после тоа. Ако не си во таква можност, најди си друга работа баш заради нечовечниот однос.
Девојќи малку сум збунета со некој симтоми што ми се јавуват, а никогаш претходно сум ги немала.. Можи да немат врска со бременос ама сакам совет од вас. Покрај тоа што пробуваме за бебенце, на 10дена од ризичниот однос имав кафеав ицедок само неколку часа и послем прекина.. Послем тој ицедок постојано имав менструални болки, а немав менструација... Требаше вчера да добијам, но не добив.. Ама немам никаков симтом за бременос во градите ми помина болката, јајниците не ме болат исто така.. Освем што никогаш шретходно не ми било вака постојано ми се оди во тоалет по голема потреба, но немам дијареа туку постојано како да ме притиска нешто за во тоалет.. Што мисслите девојки?
Dali nekoj moze da mi dade broj pd doktorka rose spasova ili broj na koj mozam da dobijam vo drzavna vi blagodaram
Не верувам дека некому дала број. Сум одела кај неа и на прегледи и за инсеминација, никогаш не ми понуди број. А ни на некој одреден број не знам дали може да ја добиеш, најчесто е навака-натака и не седи на едно место. Де во амбуланта, де прави операции, де во Одделот за асистирана... Таму директно мислам дека треба да ја бараш. Сепак ако некоја и' го знае бројот, ќе пише
Оли таа ти правеше инсеминации? Ако да,како си општо задоволна на ГАК,се мислам наредните 2 таму да ги направам,ептен би ми било по ок матичен овде да ме следи и само да сум во контакт со некој доктор на ГАК и да одам само на денот за инсеминација,нз колку е тоа возможно...
Од Роса сум задоволна што се однесува до нејзиниот пристап, однесување, одев на фоликулометрија неколку пати бидејќи ми се погоди подолг циклус. Но не ми се појави на инсеминација, а се сретнавме и и' кажав дека сум за тоа дојдена. Којзнае која ми ја правеше, млада некоја. Кога сакав да одам за втората инсеминација, на закажан термин кај Роса, ми кажаа докторката не е тука и едвај ме прими Трајанова, разочарана си отидов од кај неа, имам пишувано во Инсеминација. И веќе не се појавив таму за инсеминации, следните ги правев на приватно. Не знам дали може да те следи матичен, а да одиш само на инсеминација, за тоа ќе мора да видиш со доктор. Најпрвин закажи си за Амбуланта за асистирана репродукција, оди на разговор, види можеби ќе успееш така да се договориш.