24ти ден од циклус ми е и од сабајле осеќам тапа болка во долниот дел од стомакот, не можам да дефинирам дали се јајници или матка, ама претходно вакво нешто немам осетено. Сега ја осеќам болката и на левата страна што не е типично за мене. И во овулација и пред добивање поактивен ми е десниот јајник. Пробуваме цело време, овулација не знам кога и дали воопшто сум имала месецов, решив да не ја следам да оставам така. Дата за добивање ми е за 10ина дена пошто добивам на 30+ дена. Што мислите, на што може да се должи ваква болка?
Здраво, Долго ве следам и би сакала да прашам дали има некој со сличен проблем како мојот.Две години воопшто не можам да забременам.Едната туба непроодна.Направени две неуспешни инсеминации.Хормони одлични.
Мила иста ситуација и кај мене.Направена лапро еден непрооден канал и нема бременост.Пред една недела правев инсеминација па за една недела ќе знам резултат.Ако не успеам план б ми е инвитро.Веќе 3 години се обидуваме.И мене би ми значело некој да сподели искуство
Од испитувања што имаш направено и непроодниот канал ти е изваден или само ти е дијагностирано дека е непрооден?
здраво, 33 ден а сеуште немам добиено (обично ми е точна, 29-30ден најкасно) од симптоми само мнооогу болни гради, пред некој ден имав благи грчеви и тапи болки во јајници но веќе нема. сабајле правев тест негативен (но не со прва утринска), морав да правам за да знам дали да почнам со антибиотик оти вчера испадна дека имам ешерихија уште таа ми фалеше....
се мислев и тоа... ама ќе треба до ск да одам за одма да ми дадат резултати оти тука кај нас нема приватни лаб. ќе мора со упат а матичен имам во Ск. Така да ќе си почекам до понеделник во секој случај... 3год се мачиме ама сеа поради бактеријата поарно да не сум бремена (барем според мене )
Мое мислење да си направиш и лапароскопија и хистероскопија оти тој непрооден канал може да ти прави проблеми,поарно да го немаш отколку да го имаш а да е хидросалпинг.Докторот што ти советува? Генски мутации немаш испитано
Дали на хсг се гледа хидросалпинг? И дали е ок да се прави после конизација лапаро и хистеро? Генски немам направено сеуште
Можно е да ти е доцна овулација, јас исто така добивам 30-35 дена и овој месец др ми следи овулација вцера на 21 ден имав фоликул 19,3мм и ми кажа да одам утре на 23ден да види што се случува, можеби тек сега си овулирала.
Женски имам благи болки на десниот јајник скоро 16 дена .. не дека е голема болка ептен онака на секунд или па кога ке легнам осеќам истото , исто така поретко и блага болка на матката што може да е ...
Здраво.. поради полицистични јајници дадени ми се вагиналети утрогестан 200 мг. Мислам дека докт.ми речедека се ставаат од 16 до 25 ден,дали беше така или грешка сум? И дали додека ги ставам смеам да имам односи ? Благодарам однапред. Ве следам подолго време,и јас се борам за две цртички веке некое време.Дај боже сите да си дочекаме. ❤️
Ништо друго немам правено,испитав хормони инсулинот ми беше покачен ми дадоа метформин 850мг,фолна киселина и утрогестанот. Докт.ми рече бидејки планирам бременост да пробаме вака до нова год.па за понатаму ке видиме.
Не знам, не ја следам овулацијата овој месец, т.е не сум ни сигурна дали воопшто сум овулирала пошто на ехо на 10ти ден од циклус д-р не ми виде фоликул и рече или ќе немаш или ќе ти е доцна овулацијата. Се тоа ок, мене ме буни болката што ја осеќам. Константна е и тапа и се шири повеќе во хоризонтала од јајник до јајник, повеќе во лев. До сега никогаш сум немала вакви симптоми кога овулирам...
Таман си разбрала, од 16 ден, 10 дена, значи вклучувајќи го и 25 ден. Може да имате односи или пред да го ставиш Утрогестанот или барем 1 час потоа.
Освен што имам нередовен циклус други симптоми немам, а за терапијава ми ја спомна гинекологот последно што бев само што инсистираше да не почнувам сеуште, искоментира ако има потреба ке почнеш со кломифен бидејќи матичниот гинеколог ми ги имаше дадено добрастон таблетите за кои исто така ми рече да не ги пијам, ти кои симптоми ги имаш? што ти кажуваат др?