Разбрав што сака да каже и не ја сфатив погрешно. Сите сме со иста или слична цел тука, подобро вака директно да ме здрмате, да не чекам џабе две црти туку да видам до што точно е што е една.. Колку и да ме боли, ете реалноста е очигледно таа дека моментално не можам да забременам... Фала ти на грижата сепак..
Се согласувам со @Poppins, констатацијата *од тоа не забременуваш е многу неблагодарно да се даде од страна. Вредноста на тсх варира, може утре да измериш и да е 2, може да е 5. И да ја средиш утре може пак ќе има проблем со друго, важно е да најдеш механизам да се опуштиш. Ќе ти кажам само пример зошто ти го кажувам ова. Имав висок инсулин, ми викаа од тоа е. Го средив и ништо. После испадна висок пролактин, и пак надежта, од тоа е. Го средив и пак ништо. После испадна имам полип и преграда. Бев на хистероскопија, ги извадоа, пак ништо. На крај испадна дека сопругот нема сперматозоиди. Сите тие стресови од негативни тестови и исчекување ќе ги немаше ако со време почнавме детално и комплетно да пристапиме на проблемов. Може кај вас ќе биде се во ред, дај боже да биде и да не израдувате сите што чекате секој месец и правите тестови. Тука сме да споделуваме искуства, но секое тело си е приказна за себе. Ако треба ќе посетите и специјалист за неплодност, само пробајте да се опуштите и да уживате во животот паралелно, колку и да звучи невозможно.
Се извинувам ако некого навредив или разочарав намерата не ми е таа, и јас сум тука заради некаков проблем и благодарение на советите од феминките средив се. Секако посетив ендокринолог и од таму знам за ТСХ и сите други хормони. @Bella_Stella извини што бев директна само сакав да ти кажам да не чекаш туку да посетиш ендокринолог. Најдобронамерно беше даден мојот коментар. Лошо се изразив, извини уште еднаш.
девојки по моја претпоставка оваа е многу доцна овулација , според болките во јајникот претпоставувам дека овулирав на 26 ден од циклус така да очекував да ми дојде со 10тина дена задоцнување , еве до денес 15 дена ми доцни бев на гинеколог во средата и ме виде на ехо со што отсечно рече дека не сум бремена , ендометриум 11 мм , ајс уште не добивам немам никакви симптоми ниту пак рече дека има некоја циста да го одложи циклусот , еден тест направив само на 6 дена задоцнување и беше негативен , знае ли некоја од Вас дали тоа 11 мм ендометриум е дефинитивен знак дека не сум останала бремена овој месец ???
Ништо не сфатив. Малку конфузно си пишала. Вака, кој ден од циклус ти е денес? На кој ден од циклус беше на доктор?
ох бе денес ми е 45 ден од циклус , со што болки за овулација во лев јајник имав на 26 ти ден од циклус , на гинеколог бев 41ви ден од циклус , а тест правев на 36ти ден од циклус и беше негативен
Јас мислам да направиш тест уште еден за секој случај од оние ефтините направи. Јас требаше да добијам на 01.03 и не добив. На 05.03 бев на доктор и ми рече нема бременост, а бев бремена бидејќи имав позитивен тест на 28.02. Бета имав 300. Може ти доцни од нешто друго
јас така мислев , ама рече дека се е чисти и дека максимум ден два ќе добијам , ама еве нема ни трага од циклус ни пак симптоми , веројатно до понеделник ќе чекам и после ќе правам пак тест , мене ми беше прашањето за дебелината на ендометриумот дали има некаква индикација бремена или не врз база на тие 11 мм ..... фала на одговорот
I jas veke osam godina pokusavam da ostanam bremena ama nisto.pravef operacija miom na matkata pred edna godina I Sega u sreda pravef prva inseminacija I sega cekam 15dena pa test da pravam.
Колку што знам тоа е здебелен ендометриум и има шанси за бременост, но исто може да значи дека ќе добиеш. Направи уште одма тест, 100% ќе покаже ако си бремена. Ако не си и ако не добиеш, можда едноставно ќе ти прескокне овој месец (штом немаш видлив гинеколошки проблем). Ако продолжи да се случува испитај хормони, направи микробиолошки итн.
За се си апсолутно во право. Фала ви што споделувате искуства сите, многу ми помагаат да продолжам напред и да знам на што да обрнам внимание. Искрено од тука добивам многу повеќе информации отколку што добивам од лекарите. Со клешта да им влечеш зборови од уста и сам да се информираш за се, не знам шо да кажам..
Нема гајле, ја сфатив твојата намера, знам дека не мислеше ништо лошо. Каков проблем имаше ти со хормоните, не сум во тек?
Здраво феминки еве и јас да споделам уште еден неуспешен месец овој месец др ми следеше фоликули и имав еден водечки фоликул кој растеше малку поспоро односно ми прсна тек на 21-22 ден од циклус и некако се понадевав дека конечно сум го погодила плодниот ден бидејќи добивам од 30-38 дена скоро секиј месец различно и си викав сигурно ги утнувам деновите не изгледа не било така искрено баш се разочарав кога добив синоќа иако бев опуштена некако месецов или бар јас така мислсм последните 4 дена пред да добијам бев под голем стрес повеќе од исчекувањето мислам нема ништо полошо од периодот додека чекаш дали ќе добиеш или не. И така малку си поплачив и сега ке чекам да ми заврши и повторно во нови обиди. Иначе 1 год се обидуваме и имам правено ХСГ, спермограм, брисеви, пап хормони и се е во ред. Незнам што е проблемот искрено
Не ни останува ништо друго мора да се бориме и да се надеваме дека ќе успееме во новата година што иде
Девојки сега кога бев да сменам влошка наеднаш осетив како ми падна нешто и кога гледам големо парче крв засирена,вака имав кога ме чистеа а тоа беше година и пол.Се исплашив сум имала за време на циклус ама вакво големо не.
Такви парчиња се јавуваат кога има повеќе крварење, обично првите денови од циклусот. Сé додека не се многу на број или крварењето не е преобилно, не е проблем.
Женски ништо и од мене ... денес направив тест и негативен очекувано беше .. малку така си изнаплакав , и тоа е тоа одиме понатаму чекаме другиот месец