Хахаха е тоа де, викаат почесто секс, абе како сум уморна некогаш од работа само кревет ми се гледа а не да се сексам
Имав напишано за тоа. Месецот кога останав трудна имав само еднаш односи во плодни денови. Од мое искуство треба да го погодиш денот. Со среќа на сите следен месец
Проверете и за него, ништо не ве кошта како што кажа @monka_bonbonka Не знам колку време пробувате, ама не се согласувам дека почести односи се решение секогаш. Ако си има проблем џабе е тоа.
Да ке треба да почнам и на тој процес еве веќе 1 година нема ништоо .. фала на советоте женски без вас нема утеха
Една година е веќе доволно долг период за да се нема проверено и тој. Не е фер ти да ја трпиш болката од разочарувањето после негативен тест, ти да се проверуваш и се да е океј, а партнерот да е пасивен. И на мажите не им е лесно кога има проблем со забременување, ама да не се лажеме, ние сме тие што најмногу се под стрес низ целиот процес.
Во Вистина е мн пати разговарав но некако ме избегава на темата и едноставно уморна сум на приморување ако он не мисли сам дека треба да се контролира нека седи без деца
Да, ама тоа не е фер спрема тебе ама баш ич. Двајцата сте во тоа, не си сама па цел товар да паѓа на тебе. Знам дека доста мажи се суетни на таа тема, јасно ми е.. ама мораш сериозно да настапиш за да те сфати сериозно. Не се лути, ама ти ќе плачеш за дете, а он ќе дреме и ќе покажува его. Епа не иде тоа така, јас не би дозволила..
Здраво и од мене, ви се придружувам и јас после долго време пасивно читање на форумов. На бебуш се надеваме уште од јули, но засега ништо. Велат во друштво било полесно, така од денес ќе чекаме заедно. Поздрав за сите и што побргу до две цртички кај секоја која очекува
Жени воини не се разочарувајте не требало сега ајде доаѓа убав период празници па некако сите сме повесели, поопуштени, позитивни вибрации и мисли... и ќе ја биде работата, дедо мраз на сите ќе ни даде поклонче новогодишно
Ќе му објасните дека спермограм и спермокултура треба значи немора да оди кај уролог или по болници(кај мене вака успеа ама му требаше 1 год да се реши)во стерилна чашка за урина од дома и право во било која лабараторија.
Кажав еднаш и претходно, не би се обидувала за бебе во ваков случај. Ако тој избегнува вака важна тема јас знам да избегнувам односи. Не се замара тој, немораш ни ти.
Му треба време да се реши да оди затоа и така правам неможам само јас да мислам на тоа и да се обидувам залудно , а и така му кажав се додека не се реши немора и да пробуваме , нека малце на пауза ...
Така треба ! Па нека се подразмисли дали слепо ќе се држи за своето машко его . А ти имаш се испитано така ? Хормони , ХСГ ..
Мене мм ми е мотиватор и голем позитивец.Како по обичај никој не се замара,ми велеа опушти се,природна селекција било,де ова,де она,се додека не земавме со мм све во свои раце и прв беше све без ниеден збор си испита,а исто и јас без коментар и одевме на варијанта што се мора,мора се.Буквално се боревме,некогаш со глава во ѕид и на крај се исплатеше.Но најбитна е поддршката од мм и заедничката цел како и вистинскиот тим на доктори.Ви посакувам успех И најбитно од све-НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ ДО КРАЈ НА ЦЕЛТА,која Ви ја посакувам на сите Вас мили мои.
Да злато имам испитано сее , тоа е Што ке биде понатаму не знам ке паузирам малце и да се смирам психички фала ви за утеха , на сите ви посакувам да станете што побргу мамички , ке отсустувам малце и од фемина па може ке се вратам после некое време пак
Одвратно лошо мизерно е чувството кога ќе се појави една цртичка, јас си велам зошто токму мене ова ми се случува кога сите околу мене веднаш уште од прв одбид забременуваат , психички си опаднав, ве разбирам.Минатите месеци барем ден-два да ми закаснеше веднаш тест нова надеж и пак црта се надевам во новата година сите ќе се израдуваме со ||, нема предавање одиме напред!
Овој месец ни е тригодишнина од обиди за бебе,имало плачење,смирено прифаќање на 1 црта,додуша не ми закаснала нешто посебно,по ден два,ама никогаш повеќе од 1 ден не ме држело лошо расположение на темава,едноставно знам дека ќе успеам,дали овој,дали нареден,дали за 10 месеци,дали за 5 години нз,ама ќе успеам,Господ има план,сите ќе не огрее сонце,најбитно е да имате здрава психа