Девојки малку off topic.. Јас уште немам добиено! Петокот правев тест, негативен и си реков готово сега ќе се опуштам и ќе добијам. Саботата вечерта имав бледо розево на тоалет, мислев пробива, ама ништо. Не знам веќе што да мислам, си викам да не имам некоја циста што не добивам, ама на 30 октомври ме гледаше д-р на ехо и се беше чисто... Ќе се мрднам веќе значи, земав упат за хормини и чекам да добијам и како за инат сега ова ми се дешава!
Ајде девојче стискам палци за тебе, има големи шанси за две цртки по кажувањето. Почекај ден два и повтори го тестот пак. Можеби е рано и не ти покажало.
Феминки да прашам дали некоја од вас пие Аспирин протект па чисто за совет и како го поднесувате сакам од овој месец да почнам да го пијам, го консултирав др ми рече слободно земај го неможеш да имаш штета од него. Па ме интересира ваше мислење
Ова го пишува во упатството за употреба, но штом лекар ти го препишал, сигурно имаш некоја индикација за да го користиш.
Не знам девојки, веќе стварно се изморив.. Не мислам дека сум бремена, немам такво чувство.. ама дај Боже да грешам... Имам уште еден тест дома, ќе го направам утре сабајле, ако не добијам до тогаш и ако и тој е негативен ќе одам да ме видат пак на ехо...
А зошто да го пиеш? Т.е како редовна терапија да го земаш, секој ден? Немаш потреба така за "ништо" да го пиеш. Ај фолна , витамини и суплементи да си пиеш ок, ама аспирин па и не би рекла баш дека е нормално да си го пиеш
42ри ден од циклус ми е, колку ми доцни не знам веќе...не добивам на фиксна дата, ама до сега и те како требаше да добијам... Јас сумњам на се само не на бременост пошто тестот во петокот беше негативен..
Бидејќи читав дека помага во процест на забременување , ја прави имплементацијата на јајцеклетката во матката полесна а исто така позитивно влијае на јајниците ги стимулира да создаваат поквалитетни фоликули. Затоа мислев дека може да имам корист ако почнам да ги пијам бар еден месец.
@Passionfruit кај жени стимулирани со егзогени хормони што ги земаат за ивф често даваат аспирин во склоп на антикоагулантната терапија, но веднаш после позитивна бременост прават прекин на аспиринот. Сепак, тоа се дава за превенција од тромб, а не за подобрување на квалитетот на јајце клетките. Консултирај се пак со гинекологот.
Мораш да го регулираш циклусот... Исто беше и кај мене, добивав на 30/45/50 дена, ама по препорака на гинеколог пиев еден прашок, за 3 месеци тип топ. Уште првиот циклус ми дојде на 31 ден.
* Јави се кај матична уште утре консултирај се, ако ти дозволи веднаш почни ги се пијат сабајле и навечер по 1 ќесичка