Гинекологот ми кажа дека слободно може да земам, ама после се што ми пишавте ќе размислам што ќе правам. Иначе тоа го прочитав на нет за квалитет на фоликулите, изгледа дека таму и не е све за верба фала ви на советите.
Имам позитивно искуство со Елова, имам пишувано во некоја од темите. Јас го пиев за полицистични јајници и како припрема за бременост. Содржи фолна киселина така да консултирајте се со гинеколог дали треба да пиете додаток фолна да не преминете дозволена доза. Мојот гинеколог ми рече дека треба да се пие најмалку 3 месеци 'за да наполнам резерви'.
Не е дека се прави прекин на Аспиринот откако ќе се остане бремена. Секој случај е различен и некои го пијат речиси цела бременост. На Транзфузиологија има испитување што се прави за да се види каков ефект има Аспиринот.
Девојки, успеав за 3 месеци да го средам проблематичниот хормон, па решив малку и да се одморам од форумот. И покрај тоа што најважните совети ги добивав од Вас сепак одлучив да не мислам веќе на тоа што да правам за да ја зголемам плодноста, како да забременам, што да пијам, што да јадам итн. Веќе подолго време сум баш смирена, постојано со мм сме во друштво и на шетање и времето дома ни поминува ептен во опуштена атмосфера. Почнуваме со обиди повторно од овој месец, меѓутоа тоа сакам да биде баш водење љубов а не правење бебе. Како што еден гинеколог ми кажа “бебе се прави кога не мислите на бебе туку уживате“. Немам никакви проблеми во моментот и се чувствувам супер, психички сум многу добра, бракот дури и без бебе ми е прекрасен па со Господ напред ќе биде кога треба да биде. Следно кога ќе Ви пишам, во раце ќе држам позитивен тест. На сите Ви посакувам да Ви се остварат желбите и од срце Ви благодарам за советите кои несебично ги давате. Поздрав
Вака,јас лично видов голем бенефит од аспиринот,ми го даде Јани,хомозигот сум на МТХФР и ми беа високи димерите,го пијам преку еден ден,два,три како ќе ми текне. Дека ги подобрува ј.к и стимулира фоликули не верувам но дека помага во имплантација да,инаку мојот бенефит беше што од преболни менструации сега имам минимални болки,претходно имав читано за аспиринот како терапија пред менструација за менструалниболки ама бев скептик не сакав туку така да го пијам,сега кога ми го дадоа како терапија ми дојде како 1 на 10 и осеќам подобрување.
Браво! Со ваков позитивен став треба да бидеме сите до една! Те чекаме со убави вести побрзо од најбрзо!
Хахах мене ми е страв да напраам тестче, сабајле се мислев се мислев и не направив, не собрав храброст... Вчера поручек имав малку кафеавко на влошка и розево на бришење и толку, сега е празна... Ќе си почекам уште малце.. се мислам дека ќе добијам не знам...
Јас пијам едно на 3 дена аспирин,кога испитував д-димерите ми беа 750,за бенефит ќе видам кога ќе пробаме дали ќе имам.
Незнам дали некој го правел овој рецепт, но јас го направив и сега со мм почнавме да го консумираме, па ке видиме дали ке има некој ефект. 4кг мед ги измешав со 1кг ореви, 1кг лешници, 1кг бадеми и 1кг кикиритки.Аспирин и јас мислам се пие после позитивен тест ако има индикации. А и моево не е лек, но читав за него и многу е добар за имунитет што нели треба да е "јак" при забременување и после тоа. За циклусот и мене ми отиде на 38,40дена, но веќе 2години секој ден по 1шоља пијам ајдучка трева, и сега незнам дали од тоа но ми се скрати на 35,33,32, и тоа ми значи зошто веќе од 35 се смета за редовен. Пијам веќе 2 недели и метил фолат на now, незнам дали имам мутации тоа немам испитано, но тука некој ми кажа неможе да ми штети. И така после 2 неуспешни бремености,и по 1година пауза од 2рата почнав повторно со обиди. Со Господ напред во 2020 сите да имаме бебиња здрави живи!
Во медот да ставиш и малку бразилски оревчиња и ќе биде топ. Тек па и матичен млеч ако додадеш имаш супер комбинација. Од метил фолатот немаш штета.
И јас ве читам од време на време иако не ми е време за детеИ тука сум да кажам дека @Bella_Stella треба да направи тест.Те читам долго време и се надевам на позитивен резултат