Да имаше бременост треба денес на било кој тест да имаш жар црвени линии. Овие тестови кој ти покажаа две линии, на кој ден ги правеше?
Значи на 23 Декември ми дојде, а денес ги правев. Незнам ни јас зошто тоа го направив Си реков ај се е можно хаха. Знам дека доколку имаше бременост, ќе покажеше. Симптомите што ги имам сигурно се за овулација. Сепак фала ти. Се возбудив безпотребно.
Драги Феминки, јас се вратив во темава после година и некој месец, а сигурна сум дека добар дел од вас ме памтат. Јас сум сега со нов партнер, сакаме да имаме бебе и почнавме со обиди месецов. Да не ве замарам сега со приватниот живот и да одам офтопик ама ако добиеме бебенце - истото тоа ќе биде креација на една голема љубов... Искрено, да поминат празнициве ќе мора повторно да почнам со прегледи, истите од претходниот пат што ги почнав па ги прекинав... Значи последен пат пред година и нешто ситуацијата беше следна: хормони нормални, менструација до ден редовна, во надворешен ѕид на матката мал миом кој од месец на месец знаеше да си расте и најстрашното - еден јајцевод како последица на вонматеричната бременост пред 5 години... Имам ли реални шанси да забременам по природен пат ? Да барам ли упат за ХСГ? Значи све ова сега на ново ќе испитувам све и искрено да ви кажам исплашена сум многу, а и не сум премногу млада - 34 полни, терам 35..
Здраво девојки ми треба совет. Правев брисеви и имам две бактерии. Уреаплазма и ешерихија коли. Ми дадоја терапија сумамед 1 на ден 5 дена да ги пијам и амоксиклав 2 пати на ден 10 дена да ги пијам. Кажете ми дали лесно се лечат овие бактерии? Јас првпат ги имам. Секој совет ми е добре дојден како побрзо да ги излечам. И на сопругот му ја дадоа истата терапија. И додека ја пиеме терапијата немаме односи.
Некој пробува за второ бебче ? Бевме друшки во труднички муабети 2017та Јас имав уреаплазма во бременост и ставав вагиналети еритромицин мислам на контролни брисеви ја немаше. Ќе се среди со терапијата
Да еве веќе година ипол пробуваме. Ама некако не ми се пишува овде. Имав закажано хсг и заради бактериите го откажав. Се надевам ќе се среди со терапијава. Читам дека ептен била досадна ешерихија коли.
После првиот спонтан на брисевите ја имав уреаплазма, ми дадоа терапија и веќе на наредните брисеви ја немав. Ама затоа ешерихија никако да ја откачам, јас ја имам во урината ми се појави пред 2 години. Пиев антибиотици ништо. Решив на природна база. Па пиев чист сок од брусница, чај од брусница, масло од оригано, таблети од брусница па имаше некој чај мешавина од аптека. И осетив подобрување ама еве пак некогаш ме пече многу. Значи тука е. Сега кога ќе одам за Мк пак ќе одам на гинеколог да ми препише антибиотици. Земи си масло од диво оригано и чај од диво оригано. И упорност бидејќи навистина многу е досадна и упорна. Моментално пијам Д маноза капсули ама немам резултат, џабе дадени пари. Со среќа.
Извини што ќе се умешам колку имаше на испитувањето? Уринокултура направи нели? Јас кога останав со второво сега трудна ја фатив од опаднат имунитет, имав милион, ми дадоа одма Панцеф и после 7 дена кога направив тест и видов две црти морав да прекинам со пиење. Многу мора да се внимава на благо, од благо мн се размножува, чаеви и вода по 2 литри секако минимум на ден и уринокултура на 3 недели се прави. Мене на првиот гинеколошки преглед ми правеа ја немаше, ама таа е подла и се крие, утре планирам да дадам пак мокрача и повторно да ја проверам зашто може и да има а да не знам. Мада веќе немам симптоми, ама мое да испадне уринокултурата бар три пати негативна за да верувам во тоа. До тогаш се пазам од се. Со лесно нека ви е на сите, дај боже да се средите брзо и да видите 2 цртки.
Дечки здраво, Денес сум 6та недела бремена и буквално преку ноќ ми почнаа мачнини. Имам диареа иако магнезиум само насабајле пијам (претходно и навечер) и мачнини во желудник а на тостиран леб и путер сум од сабајле. Бев до продавница и ненормални вртоглавици..до сега само ми се спие многу и ништо претерани симптоми. За ништо не сум..! како сте се справувале и дали е нормално тек сега да почнат мачнините?
Јас сум скоро 10та недела , како тебе почнав од 6та недела со мачнини, па повраќања , дијареа , па спиење премногу и си трае. Уште имам. Киселини ме изедоА, сите ми викаат до 14та недела треба да ги снема. Уште си тргам, ама и јас како тебе се надевам како минат неделите дека ќе се средам.
Не знам дали без антибиотик во комбинација би помогнало, но јас една год кога ја закачив пиев многу чај од диво оригано! По 3 пати на ден и мислам дека само антибиотик не ми помогна, а кога почнав да го пијам и чајов да не претерам ама за една недела мислам дека ми пројде. Јас имав и болки при мокрење кога ми беше воспален м.меур, не знам како ти е тебе.
Да, и тоа, до 10 сабајле сум спиела а во 8 обично станувам. И сега пак тонам колку ми се спие. Среќа што не работам овој период иначе за ништо не сум
Во оваа тема само јас не наидов на поддршка, иако самата тема се вика Поддршка... Како и да е - се најдобро на сите...
Сега те прочитав. Јас не те паметам од овде, но небитно е тоа. Читајќи ти го првиот пост заклучив дека година ипол немаш направено никакви испитувања. Би ти предложила најпрво да почнеш со брисеви, пап и хор статус. Спермограм исто. И веднаш потоа ХСГ да се види дали е прооден другиот јајцевод. Шанса за бременост со еден јајцевод нормално дека постои. Екстраутерината со оперативен зафат ја реши? Или со инекции?
Повеќе од година време е прилично долг период и затоа ти препорачувам испитувањата да ги повториш. Инаку јас лично познавам пример на девојка која има еден јајцевод и две деца отпосле.
Екстраутерина бременост е најподмолната и најгрозна табота што може да се случи на една жена. Не знаев дека ја имам, правев тест тогаш кога ми каснеше и беше негативен и после некој ден нормално си добив за да следниот месец со несвестици и крварења завршив на хитна лапароскопија при што мораше едниот јајцевод да се тргне, едвај останав жива, полн стомак ми беше со крв... Дел од вината е и во мојот матичен гинеколог којшто не успеа на време да ја открие и погрешни терапии ми даваше... Како и да е поминаа 5 години од тогаш, редовни циклуси имам и мислам дека треба е да добро... Ако пак се случи истото не знам дали ќе го пребродам искрено... Сега и вереникот ме притиска малку за побрзо да имаме дете , сакам и јас, па како биде нека биде... Читав на некои форуми во Хрватска кај жени што имаат еден јајцевод остстранет и останале бремени истиот месец кога имале овулација од јајникот кај извадениот јајцевод...Наводно другиот ја превземал улогата - е сега колку е ова точно и научно потврдено кој да знае... Фала ти за поддршката. После празнициве ќе почнам со испитувања пак иако вака изгледа добро... Инаку мојот матичен гинеколог како приватно ми наплаќа све и пап тест и земање брис и ехо...Тоа е ... Сите братучетки одеа кај него и родија здрави деца, ваљда го бива.
Имам поминато ектопична бременост. И тоа ,Не еднаш Страшно! Само што јас се чистев со метотраксат. Јајцевидите ми стојат. Ама еве , што ако ги имам не забременувам. А и проодни ми се. И кажи му на вереникот дека бебе не се прави со брзање Притискање не ја зголемува шансата за побрзо стигнување до целта. Само опуштено и на време започнување со основните испитувања.
Здраво.. за покачен андростендион хормон која терапија би ми ја препишале? До 3.5 е нормално а кај мене е 4.33 Инаку имам полицистични јајници 8 мес.се обидувам да забременам .. инсулинот ми беше 25 сега со терапија се врати на 6. Ама сега па овој е покачен
Сепак згрешив прееска кога реков дека немам од никој поддршка тука... Не чека борба ама ќе победиме верувај. Има едно старо правило - штом еднаш сме биле бремени, ќе бидеме пак, све дури не испадне како што треба со среќен крај...