За кафеавото не се секирај, а за клексаните може ќе сака прво нешто да се испита. Како и да е, не се секирај за ништо си знаат докторите што како, сега само смеј се. Ако има некоја вакво искуство ќе ти пише.
Незнам колку ќе ти помогнам но со какви мутации си ? Ако е само мтхр факторот важно е да земаш метилирана а ако си и со предиспозиции за тромбоза (ко у случајов кај мене тогаш се задолжителни аспирин и клексан... пр.моите димери се 900 без бременост а ако кај тебе се во ред можеби и немора да примаш ќе ти кажат најдобро кпга ќе дојдеш) гали меше опушти се и биди позитивна Со лесно нека е...
@princess5 Еве ќе прикачам слика од мутациите ако се разбираш повеќе од мене. Знам тогаш така ми рекоа за терапија дека ќе треба. Останува кога ќе отидам кај неа па да видиме што како понатаму. Тоа кафеавата крв ме страшно нервира и плаши и само проверувам. Инаку и брат му на маж ми имал дијагноза тератозооспермија и тие малце се помачиле, ама сега имат две златни дечиња. Се надевам и кај нас 3та среќа да биде ова. Фала ви за поддршката.
Не дека се разбирам повеќе но гледајки ги споредбено моите резултати кај тебе по 1 алел се мутирани кај мене 2та... можно е да треба да птимаш клексани но сепак не сум доктор и не ме факај здраво за готово Др Јани е злато доктор и верувај како што ќе те советува така прави... кафеавото може да ти е поради вгездување на ембриончето..опушти се и за неколку дена ќе ти кажат што како само позитивни мисли и гали си меше
Фала Оли, сакав да те тагнам пред тоа дека имаш доста знаење ама нешто неможев. Утре здравје си одиме, ама дури во четврток има термин кај Гуржанова. Како и да е сепак е подобро. Па потоа да видам кога може кај Јани да отидам. Можеби ми е глупаво прашањето, ама дали познаваш ете и од тука на форумот некој со слична дијагноза како маж ми, а да има здраво бебенце. Некако се плашам, а може и од витамините нешто да е променето на подобро. Велат со таа дијагноза дека и тешко се останува бремен, а јас искрено еве после втор обид. Дали е поголема шансата здрав сперматозоид да оплоди или со дефект. Чисто така за утеха.
Еве каде е четврток, ајде ќе биде сè во ред. Иако, и да одиш така без закажано, мислам дека ќе те прими. Утре кога ќе стигнеш, може да се јавиш на пултот и да им кажеш да те побара докторката кога ќе се ослободи, дека итно ти треба. Па ќе те советува што да направиш. Можеби за исцедокот ќе рече да ставаш Утрогестан, можеби ќе рече веднаш да земеш Аспирин и Клексан. Но најдобро е таа и Јани да кажат. Јани во амбуланта мислам дека е секој понеделник. За здраво детенце со тератозооспермија ете деверот ти е најблизок пример Секако дека секогаш постои шанси сè да си е во ред, сега не се оптеретувај со тоа. Што земаш од терапија во моментов?
Оли јас стапив директно со неа во контакт, ми пиша среќа. Утре било се зафатено, во среда не била на работа и ми рече јави се закажи за во четврток. Од терапија пијам метилирана фолна од 1000, метил В12 и б копмлекс двапати на ден. И она ми напомна само ова да пијам, а додека не ме види да не користам аспирин или клексан. Јас денес немам кафеав исцедок можеби стварно е нешто со вгнездувањето. Барем така се надевам.
Ееее... Па немаш за што да се секираш. Штом така таа ти рекла, така прави и во четврток насоки ќе ти даде. Си доаѓаш навака и пораат биди, не се секирај. Ќе биде сè како што треба
Eпа девојки и ние од овој месец почнавме со обиди,поточно од пред 20 дена почнавме.Прв пат пробуваме, можеби од одма ќе фати. Имам некоја болка во левиов дел на стомаков што претходно ја немав.Одвреме навреме се јавува.Исто и кога ќе ги истегнам рацете ангоре чувствувам болкаДа не е тоа? Или рано е за знаци? На тест нема да покажи мислам.. Треба да ми дојди крајов на месецов.
И јас сум со истите мутации, и на мене ми рекоа кога ќе останам бремена дека ќе се прекине аспиринот а ќе се продолжи со клексан. Останав бремена и проверив д димери, нормални се, и не сакаа да ми дадат клексани. Дури и аспиринот ми го тргнаа поради кафеавиот исцедок. Па на мое инсисрирање ми дозволија да пијам андол од 75 преку еден ден. Сега сум 7+2. Не е за утеха и јас сум со 2 спонтани и сега Др ми рече дека опашката е таа што ја носи главата од сперматозоидот во која има генетски потребни инф, и оние сперматозоиди со дефект се празни и затоа се полесни за носење и често први знаат да стигнат и оплодат, на жалост тоа заврши 2 пати со спонтан кај мене.
Некаде имав прочитано дека полесно здрав сперматозоид би оплодил, ама ете значи не е така. И од тоа ми е страв многу, одкако дознавме дека има тератозооспермија. Да се надеваме дека овој пат и кај двете ќе биде успешна бременост. Јас имам измешани чувства и неможам ни да се израдувам искрено. Допрва ме чека период исполнет со страв и со прашања што, како и зошто
Дефектот може да биде на главата, вратот и опашката на сперматозоидот, не е само во опашката. @S.o.F.i позитивни мисли, сѐ ќе биде во ред.
Верувај додека ме слушнав срценце една секунда се немав израдувано. Плус јас 3 недели со кафеав исцедок. И пак не сум мирна ама некако тоа срценце ми даде надеж. За 10 дена пак сум на преглед. Кога си ти? Само позитивна мисла, пиеш терапија сигурно ќе биде добро!
Не би сакала да се оптеретувам толку детално, а и не треба ни никој што има или имал спонтан или нажалост повеќе. Спомнав само дека опашката е движечка и побрзо би однела празна сперм.глава. Има многу причини зошто можело да дојде до тоа, најбитно е кога ќе се најде проблемот и да се прима соодветна терапија. Од нас е толку, а од Господ понатака..
Денес бев на систематски од работа ама во приватна поликлиника и квалитетно не прегледаа... Интернистот ми најде мали меурчиња исполнети со вода во двете гради и ми рече дека се безопасни ама да ги контролирам на секој 6 месеци до година. Рече дека биле нешто како цисти... И резултатот од крвта ми беше ок, седиментација 6, хемоглобин 122, ама имав малку покачени тромбоцити и се надевам дека тоа нема да ми направи некој проблем. Инаку ми поминаа плодните денови месецов, бевме вредни па ќе видиме ... Кај матичниот гинеколог имам закажано дури на крај на неделава.
јас па ич не верувам на систематски прегледи. бев пред два месеци (исто во приватна) и се ми беше во ред,после неколку дена бев кај матичната пак да проверам крвна слика, испадна дека сум имала бактерија(ешерихија). така да ако ти е во мисла провери се кај др интернист. оти некако тие што прават систематски ми се шаблонски