Женски планирам да правам микробиолошки брисеви се спремам за хсг, ама пиам антибиотици, дали мислите би влијаело нешто?
Тестот нема да виде валиден. Може да покаже лажно негативно - дека нема бактерии а да има. Затоа викаат за брисеви треба да поминат барем 2 недели по престанување на антибиотска терапија.
Најдобро е да ги допиеш антибиотиците и после две недели да правиш брисеви, па после тоа ХСГ. Без регуларно направени брисеви не е во ред да се прави ХСГ, за твое добро.
Па може кога ќе заврши крвавењето и двете работи да се проверат. Зависи на кој ден од циклусот е закажано снимањето. Да се има предвид дека резултатите од брисевите ги даваат после два дена.
Па незнам точно кога ќе добијам,заради тоа и незнам точно кога ќе е хсг ,ќе чекам да добијам,да ми заврши па после тоа.Фала
мислам дека седиментација треба на 1 или 2 ден од циклус, за брисевите како што кажа Оли резултатите ги даваат после два а и најдобро е после циклус да се прават, така да чекај да добиеш па после направи ги испитувањата и закажи си хсг..
Најдобро ти е по овој редослед: - добиваш менструација,се јавувавш и закажуваш хсг меѓу 7 и 10 ти ден од циклус - кога ќе добиеш ќе си направиш крвна слика со седиментација - Кога ќе ти заврши менструацијата направи си брисеви Е сега битно е колку ти трае менструацијата,мене по 7 дена па ептен бев кнап со хсг-то и брисевите.
Девојки има ли некоја сега брзо купено овулациски тестови? Пробав 100 пати преку ebay i amazon да порачам, ама не ми успева, ме интересира кај нас која цена се, колку има и во кој аптеки има
Јас не успеав нигде да најдам и порачав од e bay. Ги порачав на 4ти јануари, ми стигнаа на 25ти. 30 тестови за овулација и 5 за бременост се околу 400-500 денари.
Да знам ги гледав ама неможам да си порачам, а сите податоци ми се точно внесени, може нешто до страната е незнам , а планирав од нареден да следам плодни денови :/ значи низ аптекиве нема
Се надевав дека сум бремена, требаше да добијам на 07.02, дури неколку дена уназад се чуствував чудно, ми се гади, осеќав мн изразени миризби, имам мачнини, купив тест демек да го направам сабајле и сега гледам сум прокрвавела. Доживеав јак стрес дома, ја носев мајка ми на брза помош не и беше добро и кога се вратив видов темна крв, дури како црна. Многу се растажив, ми се плаче, дали имало бебе незнам, уште ми се повраќа и се чуствувам како пред онесвестување, ваљда ми почиња нов циклус
Немој да мислиш одма на најлошото. Чим треба да добиеш на 7ми уште ти е рано, кафеавата крв може да е знак на имплантација, не мора да значи дека е нешто лошо. Пробај да се смириш, напиј се Б6 и мисли на добро.
Знам дека е после циклус брисеви,јас сум на дабростон сега,одкако ќе ги завршам некогаш ми доаѓаше после 3,некогаш после 5 дена од последната таблета,заради тоа незнам како ќе биде.. знам и дека најкасно до 10 ден од циклус е хсг и затоа незнам како да темпирам кнап ми е некако...