Направив тест сабајле, негативен е, последниот однос ми беше на 15,01, да имаше нешто ке излезеше бар бледа линија.
Каде ќе правиш хсг? Првиот ден кога ќе добиеш јави се одма и закажи го на 10тиот ден. По колку дена ти трае менструацијата? И 7 да се имаш време да завршиш со брисевите,Струга во болницата мене и за ден два ми биле готови,кажи им за што ти се и ќе ти завршат работа.
Рано ти е на тест да покаже ако треба на 7да добиеш... може вчера се имплантирало допрва така да без лоши мисли до 7ми
Здраво на сите ве следам веќе подолго време и денес се решив да пишам.. и јас се приклучувам кон сите оние што чекаат две линии.. Веќе 9 месеци поминаа откако се обидуваме за бебе.Јас сум со полицистични јајници,до сега со терапија Метформин750,утрогестан,фолна к-на,а овој месец пиев и кломифен. Денес треба да ја примам инекцијата и да се фатиме за работа Инаку на последниот преглед имав 2 водечки фоликули и други помали,и одличен ендометриум .. што мислите има ли шанси од прва да се фати? Има ли некоја со такво искуство? Веќе почнав да станувам очајна
Не знам дали си ме прочитала некаде, само да се пријавам дека јас за брзо останав бремена со полицистични јајници. Чисто да знаеш да не губиш надеж, не си сама. Чекаме убава вест
Не знам дали знаеш, тестот е највалиден кога ти доцни. Ако сте имале последен однос на 15ти, а треба да добиеш на 7ми, многу е веројатно да сте ги утнале плодните денови. Кога се обидувате за бебе најпаметно е често да се има односи, така си ги зголемувате шансите. Не се разочарувај, ако нема ништо овој месец, ќе има следниот.
Мене ми заврши на 12,01 а односот беше на 15,01.Маж ми работи во странство, се обидуваме на секои 4 месеци, ке пробаме во Мај здравје. Добив убаво, обилно крварам, нема простор за надевање.
Од еден однос, па и во неплодни денови, не требало да гаиш толкава надеж пошто само ќе се разочаруваш. Кога ќе пробувате следен пат потрудете се да најдете повеќе време и да имате почесто односи. Жената не е плодна во секој ден кога нема менструација. Само неколку дена се во месецот и треба да се погодат.
Pa toa e celosno prirodno i ne smeta i na druga terapija...gi osvezuva jajnicite i go podobruva kvalitetot na folikulite