Купи два и напрај си еден уште сабајле а другиот подоцна ја би, само не би се разочарала ако не покаже би си рекла дека е рано
Zdravo na site.Pravev test za bremenost na 24 den od ciklus i bese negativen. Dali e rano pa moze zaradi toa ne pokazal ili lazno si se nadevam?
Реално рано е... но можеш од оние тестови што имаше недела дена по однос нешто така мислам беа ама нз која марка беа дека најрано детектирал бременост.... иако пак ке кажам ако можеш почекај уште некој ден... но дајбоже 2црти да е
Не се разочарувај може да е рано и ниска бетата за да ја детектира направи повторно кога ќе треба да добиеш
Јас овој месец бев стимулирана со кломифен. На 12 ден бев на фоликулометрија имав само еден фоликул од 9мм на левиот јајник. На 15ден од циклус повторно бев и тогаш имав два добри фоликули на десниот јајник. Е сега прашањето ми е дека после тие неколку дена, стомакот ме болеше, невообичаена болка, обично стомак ме боли кога ќе ми дојди, а раное. Дали е од кломифенот?
И јас овој месец бев со кломофен,исто така имав осетлива овулација .. јас досега имав овулации но сум со полицистични јајници ..8 месеци се обидуваме за бебе и немасе разултати до сега,па затоа месецов решивме да пробаме со стимулација. Имав два големи фоликули на лев и десен јајник,примив прегнил... И сега ќе го очекуваам крајот на месецот Со среќа на двете
Јас сум без прегнил. Докторката ми даде едни витамини витал прегна, за да се подготве организмот за бременост. Ние веќе скоро 3 години се обидуваме.. Сеедно, со среќа, се надевам ќе се израдуваме со две цртки...
од комифленот е ке осечаш и грчеви болка зашто пукаат фоликулите и јас бев на комифлен така се осекав ама не бидна ништо чекам да добијам и одам пак на комифлен
Не се разочарувај, ќе биде. И мене докторката ми кажа дека ако не се случи овој месец, пак ќе пробаме со кломифен. Ти како реагираше на него?
Женски дали понекогаш потклекнувате на црни мисли ( во период пред добивање сум) се замислувам како никогаш да нема да останам бремена, плус сопругот сеуште се убедува да испита, колку што се плаши тој толку и јас од исходот ( што ако има лоши резултати). Немојте само со осудувања едноставно тука можам да си се искажам да ми олесни на душичката
Ако има лоши резултати има начин и да се подобрат,прво треба да стигнете до резултатите,затоа step up и направете испитувања.
јас добро бев осеќав некогаш омалаксаност пиев и комифлен и достинехкс и мн низок ми беше притисакот ама јас три пати се боцкав со прегнил..овај месец бев на микрогинон таблети сега чекам да добијам
Девојки здраво .. очајна сум.. Предмалку дознав дека моја блиска особа е бремена и светот ми се сруши врз глава.. да не се разбереме погрешно премногу се радувам за неа меѓутоа мојата болка е преголема.. 9месеци и не е така многу време за пробување ама желбата е преголема.. Месецов сум за прв пат стимулирана со кломифен,на 31.01 примив прегнил и сега сум во исчекување.. што мислите кога да направам тест? Овде ме посоветуваа да чекам барем 10 дена после прегнилот и денеска е 10-ти ден .. многу сакам позитивен резултат.. треба да чекам уште една недела за да ми задоцни па да правам тест .. што мислите дали да направам порано и колку би биле веродостојни резултатите?