Тест домашен на 12 од прегнил, оти се чисти 10-12дена, за да немаш лажно позитивен. А од крв можеш одма и ќе видиш дали расте...тоа е најбрзо...
Ви благодарам ке почекам уште ден два па ќе правам домашен тест,а можам и преку крв да проверам тогаш.. ќе се обидам да се стрпам уште некој ден
Денеска ми е 53ти ден од циклус и уште немам добиено. Во петокот бев да ме видат на ехо. Докторката вика нема ништо загрижувачко, јајниците си се полицистични, ама не се зголемени. Слузницата рече е тенка, не е задебелена, фоликули не гледам. Ме праша дали сум правела тест и кажав дека правев и дека е негативен. Не сакаше да ми даде ништо да пијам за да добијам. Ми вика мислам дека поголем проблем со циклусот ти прави тироидната, него пцос пошто немаш сериозна форма на пцос. Да сум почекала природно да добијам, а во меѓувреме Елова да сум пиела само. Вика те гледам дека премногу се преоптоваруваш психички и тоа дополнително ти влијае.. Како да не се преоптоварувам кога 50 и кусур дена не добивам, еве не знам.. некој ако знае нека ми каже. Преку глава ми е веќе и не знам што да правам. За месец дена ќе ја проверам пак тироидната, а до тогаш ќе полудам од недобивањево.
Па реално и јас би побеснела да не добијам 53 дена,се слагам што не ти дава терапија за да добиеш,форсирано ќе е,пролактинот колкав ти е? Тироидната можно е да ти прави проблеми. Види Агнес кактус апчиња на природна база се од растение за регулирање на циклус. Си ја мачиш душата,оди кај специјалистиве за стерилитет чисто да видиш што ќе ти кажат.
Која докторка вака те лечи баш ме занима? Треба да ти препише примолут нор ги пиеш десет дена потоа за неколку дена ќе добиеш. И да убаво ти пишаа побарај си второ мислење кај друг докотр/ка.
Пролактинот ми е 16,3. Последно проверен декември. Можам ли да ги пијам тие апчиња во комбинација со еловата?
Не сум од Скопје. За прималут нор ми спомна минатиот пат, пошто исто ми каснеше и бев да ме види. Ама не ми ги даде пошто вика по ендометриумот ми изгледа дека ќе добиеш за десетина дена, а они толку се пијат и затоа не ти ги давам. И стварно добив за 12 дена природно. А сега не знам зошто не сакаше да ми даде ништо. Ми рече само не си за терапија.
Добро штом така, почекај 10дена ако не пак оди и мислам ако дотогаш 60и кусур дена не добиеш сама докторкава ќе ти пише терапија.
Не знам, ќе видам како ќе биде. Само сакам да добијам веќе пошто се напнав максимално. Како темпирана бомба сум.
Уште стојам на тоа дека треба да си пиеш орална контрацепција согласно твојата состојба (Јасмин, Јаз, Диане 35) зашто не знам на кој друг начин би ја одржувала функцијата на јајниците вака без менструација и овулација.
пиеш некој лекови за тероидна? и мене ми беше покачена пиев едни таблети и плус ми остана не ги допив ако сакаш ке ти кажам сто таблети се да ги земаш
јас пиев микогинон таблети до петокот ги завршив требаше да добијам денес имам само кавеаво ама многу малку сто мозе да биде ? нели требаше да добијам по завршувајнето на овие таблети? утре сум кај докторкта ми вика прв ден да дојдиш кога ке добиеш а јас за добивајне хаос и минатиот пат исто беше и ми ги даде овие таблети..едноставно си имав односи без заштита за бременост мала е можноста знам ама требаше да добијам и да преминам на комифлен..извините ма долгиов пост..некој ваква ситуација има нека ми каже
@Bella_Stella Дали разговараше со докторката за оралната контрацепција како што напиша Јана? Инаку и јас кога не сум била под хормонска терапија и по 3 месеци сум немала менструација...само тогаш не сум планирала бременост и не сум се оптеретувала толку што знам.... Пробај психички да се стабилизираш, знам тешко е , но ете ако не во краен случај почекај уште малку ако не бива примолут нор не ти бега. Само тоа сепак не е трајно решение....
Мислам дека можеш,сепак разгуглај. И јас би ти препорачала да пиеш Yazz барем 3 месеци,сигурна сум дека после тоа многу поголеми ќе ти се шансите за забременување,иницирање циклус со Примолут и Цикло не е решение. Сега една пријателка беше кај Таше,исто така циклусите и на Гак и дадоа Цикло,и Таше и рекол ам за така и баба ми ќе добиет хахаха,во право е и консултирај се со друг доктор обавезно.
Да се приклучам на групава Се обидуваме за бебе 4 месеци. Знам не е многу, но секој ден исчекување како вечност ми е. Инаку менструација имам редовна, на 27-8 денови. До сега на ехо (тоа што се гледа) е во ред, микробиолошките брисеви чисти. Во неделата проверував хормони, ги чекам деновиве резултатите. Од суплементи пијам фолна, Б12, селен, витамин Е, витамин Ц, цинк, алое вера (првенствено поради активен високоризичен тип на ХПВ). На сите што си исчекувате, ви посакувам побрзо забременување, лесна бременост и здрави бебушки. Јас од денес повторно се пуштам во акција
По микрогинонот нормално е така и јас кога ги завршив прво имав малку кафеавко но утредента добив нормално така да почекај денес види но мислам ќе добиеш...