Да, така ќе направам. Ќе најдам друг доктор и ќе побарам второ мислење. Многу време помина, како темпирана бомба сум буквално.
До сега немав посериозен проблем со каснење на менструацијата, освен тогаш кога ми го открија пцос. После тоа, па се до последниве два пати добивав секој месец, долги циклуси 30+ ама добивав, а никогаш до сега не сум пиела хормонска терапија. Никогаш ниеден гинеколог ми нема спомнато таква опција, а сум била кај повеќе од кога почнав да одам редовно на гинеколог. Верувам дека си во право, ама не знам зошто не ми давале терапија. Може дека хормоните, освен покачено ЛХ и варирање на тироидните, ми се ок. Не знам стварно веќе, најдобро е да си побарам уште едно мислење изгледа.
Имаш и друга, привремена опција. Да одиш во билна аптека има мешавина од чаеви за пцос (ова го знам од мојата докторка, не од баби ), па може ќе ти помогне. Сум видела бенефит од чаеви многу пати.
Знам во Скопје во билната аптека го има (таа кај Кјуби, Даре Џамбаз) ако иде некој накај Скопје да ти го купи. Не знам точно име ама да им кажеш мешавина за пцос знаат тие. Или кај тебе ако имаш билна аптека да прашаш. Еве го сајтот: http://bilnaapteka.com.mk/ Да се јавиш или емаил да пишеш, може и достава ќе средиш
здраво на сите. нова сум на форумот и би сакала некој со слично искуство да ме советува. Тука сум зошто се обидуваме за бебе 3 месеци неуспешно, знам тоа е многу краток период за да се разочарам меѓутоа овој месец имав многу чудна ситуација. Добивам редовно на 28 или 29 ден, последна менструација добив на 16.01. на 22 ден од циклус имав бледо кафеав исцедок, не беше густ ниту лигав туку како воденикав. Бев 100% сигурна дека се работи за бременост, градите ми беа отечени, брадавиците ми станаа потемни. На 26 ден од циклус почна да ми пробива цел ден имав на бришење розево, а денес 27 ден добив малку пообилно од вообичаено но со интензивна црвена боја. Прашањето што ме мачи е дали навистина се работеше за бременост? Инаку немаме никакви проблеми, хормони во ред, редовна овулација следена на лекар, сопругот има одлични резултати од спермограм. Се извинувам за долгиот пост.
Ако дознаете за кој чај станува збор може да споделите? Јас тука некаде по форумов читав за чај микс од невен, ајдучка трева и коприва, таков микс постои како Имуно микс, го земав јас од билната аптека меѓутоа многу се збунив на него пишуваше дека за сосема друга намена е. Еве што пишува и на сајтот за овој имуно микс: Билната мешавина од цвет од невен, ајдучка трева и лист од коприва помага во превенција на дерматитис по постоперативна радиотерапија и истовремено ја зајакнува отпорноста на организмот. Освен имуностимулирачко делување, билките од оваа мешавина имаат и противвоспалително делување и го помагаат подобрувањето на циркулацијата на крвта. Имуно микс се препорачува при состојби на намален имунитет со различна етиологија. Инаку 70 грама е околку 160 денари мислам.
Исто и овие имаат миксови спремни за разни проблеми,јас знам зошто пиев кога имав циста и за еден месец ми се повлече.. https://www.facebook.com/bilna.apteka Позади билна се одма
Добредојде во клубот, драга... И ние еве 3 месеци, безуспешно...И јас земам фолна и вит.Ц... Сега неделава ми се плодни денови и ќе пробуваме на секој втор... Четврток сум кај гинекологот конечно па ќе си размениме совети овде... Мислам дека е добро што ги пиеш суплементите, на мојата козметичарка докторот и рекол дека морала да го качи имунитетот за да забремени, а и дал и некои таблети... Така да добро е витаминиве што ги земаме...Јас Ацерола и Тифол пијам сега...
Здраво феминки, минатиот месец со сопругот почнавме да се обидуваме за бебе, меѓутоа ништо, вчера добив. Се погоди само еднаш во плодните денови да имаме односи, па не го ни рачунам за пробано. Инаку имам редовна менструација на 27-28 дена и скоро секогаш имам тапи болки кои траат 2-3 минути во јајниците во периодот кога сум во овулација. Меѓутоа, денес еве втор ден кај што имам добиено, а имав таква тапа болка во јајникот. Можно ли е да имам овулација толку рано? Можеби не е прашањево за тука, но ме интересираат ваши мислења/искуства....
Не можеш да имаш добиено и да имаш овулација во исто време. Тоа се два различни дела од циклусот. Болката ти е од што имаш менструација.
Елова за ПЦОС да, или орална контрацепција и метформин, меѓутоа според резултатите што ги постираше, кај тебе за проблемите со циклусот причина може да е и неоптималната функција на тироидната жлезда и земање хормони додатно може да ја влошат нејзината работа. Затоа, ти требаат добар ендокринолог и гинеколог кои заедно ќе работат на твоето здравје, а по тоа што пишуваш за посетите кај сегашниот гинеколог, имам чувство дека не ти пружа доволно внимание и грижа. Исто се однесува и за ендокринологот од Систина, кој ти вика дека е во ред, додека твоите циклуси викаат дека не е. Нека ти препорачаат членките ендокринолог од кој се задоволни и почни од таму. Во меѓувреме, покрај Елова, земај мултивитамин, со оптимална количина Б и Д3 витамини, цинк и селен, калциум, магнезиум, плус Омега 3, барем 3 месеци. Има клинички студии за поволно дејство на Л-карнитин врз тироидната функција, разгледајте ја со матичниот лекар и таа опција. И да не сме досадни, сите ги знаеме ефектите на стресот врз организмот и прво што ми текнува е она: "лесно е да кажеш, направи го да те видам", ама сепак да не сум покусо и ќе кажам да се трудиш некако да редуцираш мисли и ситуации кои ти создаваат стресови.
Ти благодарам пред се за времето што го имаш оддвоено, а секако и за советите. Јас почнувам да сум многу несигурна во ставовите и насоките од матичниот гинеколог. Имам чувство дека не ме сфаќа сериозно, а јас мислам дека состојбава не ми е само за да оставам на времето. Времето си минува, а јас тапкам во место. За месец дена ќе ја проверам пак тироидната и со сите резултати ќе барам мислење од нов ендокринолог. А матичната сериозно размислувам да ја сменам. Пробувам инаку на секој начин да не мислам толку, пошто факт е дека лошо влијае. Се надевам дека ќе си најдам во скоро решение за се, се изморив веќе.
Се согласувам во целост. Меѓутоа, имам другарка со пцос и хипотироидеа (хашимото ми спомнува), за ова баш не сум упатена и да не зборам на празно, поентата ми е дека има менструација точна како швајцарски саат. Така да, мислам дека со правилна терапија ќе се среди.
Така е, и треба правилна терапија. Инаку, хипотироидизмот ако не е многу изразен, веќе не се смета за причина на менструални неправилности, а околу 30% од жените со ПЦОС немаат проблем со овулација и менструација. Другарка ти е изгледа спаѓа во овој процент
А како на 22 ден беше 100% сигурна дека си бремена? Ради исцедокот? Помисли дека е имплантско ? Логично е да помислиш дека е имплантација, но штом ти дошло , значи за жал нема бременост. Ваљда некое капиларче е пукнало. Или па навистина имало биохемиска бременост. Инаку, ако утре испиташ бета хцг ќе се покаже дали навистина си имала биохемиска. Но, според мене немаш потреба да се стресираш. Опушти се, три месеци се баш кратко време за да се оптоваруваш со вакви работи. Знам дека желбата е преголема, но за твое добро ти кажувам да не си ставаш толку при срце