Ах нашето здраство да не тргнеш по него. Одам кај матична плакам паркинг чекам ред, со каснење нормално од закажаниот термин за на крај да ми каже дека нема реагенс за кламидија( се спремам за хсг) и цело одење и чекање беше за ѓабе што треба пак да идам и не се знае дали ке има реагенси во моментот кога ке има термин кај матичната повторно да закажам ... немам зборови
Да, баш заради исцедокот, помислив дека е имплантациско. Но 10тина дена пред тоа правев пап, па можеби се работи за капилар. Што и да било помина, останува да веруваме дека еден ден ќе ни се исполни желбата
Од суплементите штета нема секако. Планирам и Q10 да додадам на списокот. Матичната ми рече слободно да ги пијам во препорачаните дози. Со мене и партнерот пие. Прочитал дека добро влијаеле на плодноста, па со мерак ги зема Јас месецот го почнав опуштено со винце, со свеќи, со се. Лагано да тргне Искрено ние не обрнуваме внимание плодни/неплодни. Односи имаме прилично често, секој втор ден сигурно. Не се замарам дали сме ги погодиле плодните, затоа што сигурно сме ги погодиле . Според досегашните ехо прегледи, овулацијата ми се поклопува со моите претпоставки, но сепак и вака ми е убаво, па ќе си тераме.
добив и вчера бев кај докторката..ми даде комифлен од утре треба да почнам а денес почнав да пијам и циклопригнова и на 12 ден сум на следејне фоликули и достинехкс пијам еднаш неделно..за оба циклопригнова нормално е да ги пијам и плус комифлен?
Девојки јас добив утрово. Кажете ми дали е подобро утре или во понеделник да испитам хормони, бидејќи упатот ми е за на гак а во сабота не работи. Или најдобро е да чекам нареден циклус?
Јас имам испитувано хормони на ГАК и во сабота, работат. Јас секогаш на 3 ден сум испитувала, но последните неколку пати кога сум одела имало девојки и на 2 ден што испитуваа. И сестрите викаа дека порано докторите само на 3 ден ги сакале резултатите, а по ново и на 2 и на 3 било во ред.
кЛОмифен е ако не се лажам има спомен дека често ги земаш кломифенов или така ми се причинило зошто често прашуваш,што имаш испитано друго за да се стимулираш?
Денес требаше да идам на гинеколог, но испадна итно на службен пат да идам, па со матичната се слушнавме на телефон. И си останав збунета до максимум. Резултатите од хормоните вика дека се во прилог на ПЦОС (FSH - 4.3 LH-9.8 ) А редовно добивам, никогаш ми нема ни задоцнето. Други симптоми за ПЦОС исто немам, освен повремено некоја акна пред добивање. На последното ехо јајниците беа во ред и имаше овулација. Не очекував искрено... Се договорив да одам во понеделник да видиме како ќе биде месецов со фоликули и овулацијата (ако има воопшто) па ќе видам што понатака. Ќе и барам и упат за инсулинска резистенција да проверам. Ако треба уште нешто кажувајте.
Денес сум доста разочарана. Бев кај гинекологот и кога ме виде на ехо ми рече дека миомот е пораснат 6,5 см. Рече дека не е во празнината на матката, но сепак е голем и треба да се вади. Прво рече јас ќе ти организирам да го извадиме, а после ми рече може и после бременост. Не знам што да правам, се разочарав многу... Сега другите резултати ќе ги чекаме. Ми зема брисеви и пап, ми даде упат за хормони и седиментација и ако е све во ред ќе правам хсг , да се види јајцеводот...Рече кај негов човек ќе правам хсг... Многу сум разочарана за миомот, дали има некоја феминка со миом да била бремена? Не сакам сега на операција да одам, немам сила, не можам...
@Vojdana Со миом останав бремена, но со многу помал, околу 1,5 цм. Може да расте во бременост од хормони, па можеби е подобро да се вади. На почетокот од бременоста ми беше зголемен на 2,5 и го следиме. Да одиш и на второ и на трето место ако треба, да чуеш и други мислења.
Баш ми е жал мила, но си има димензии на миоми кои ги толерираат за забременување и локации кои нема да сметаат. Се што е под 5 см обично не оперираат, но редовно следат, над тие вредности мора со терапија да се намали или хируршки да се отстрани. Сега ти е тешко, но доста од миомите се хормонски зависни, тоа значи во бременост би растел и самиот миом и затоа не толерираат да е со поголеми димензии. И мене не ми беше јасно зошто на секој преглед ми го мерат миомот колкав е, 1,5см е мојот на димензии, но битно било заради хормоните да не расте и тој.
мојата комшивка остана бремена со миом но не знам која големина беше и каде беше, кога се пораѓаше ја породија со царски рез и тогаш го извадија миоимот.. јас мислам најдобро ти е да побараш и друго мислење па да одлучиш што ќе правиш