И во профертилот е све во мали дози. Јас додуше све пијам одделно, во големи дози. На членката погоре и предложив вака , ептен слично да биде со профертилот. Дури вит Е ќе зема во солидни дози. За тебе предлог е смокви во маслиново. Фсх ти е генерално добар, но не е лошо и да земаш од смоквите и да не му даваш да иде нагоре
Не знам како точно требаше да е сооднос лх/фсх. И малку сум загрижена што андростеронот ми е покачен и дали е во ред резултатот на прогестеронот. Може точен рецепт за тоа со смоквите? И како се консумира? Инаку јас континуирано веќе 3 месеци земам фолна, вит Ц, селен и цинк (се одделно). Сега почнав и Б12.
Може да прашам во каква форма ги зимате витамините? Некое време веќе ве читам и гледам сите доста витамини зимате па како апчиња, оние како шумечи што се? Се надевам не е глупаво прашањето. И што мислите дали е во ред да си земам на своја рака пример вит Ц, селен и цинк, и ако да кои би препорачале и во која количина? Инаку според моето скромно познавање на хормоните, од мене само имам запамтено дека јас сум со ПЦОС и ЛХ ми е поголем од ФСХ, така да гледано мислам дека на тебе ти се добри. Ама секако доктор најубаво ќе ти каже.
За андростеронот не би знаела да ти кажам. Ќе наредиш суви смокви во тегла и ќе ги полиеш со маслинов. Нека одстојат некој ден и почни да јадеш по една наутро на гладно
@CareTee Не знам дали е во ред, но јас се земам на своја рака, од мислења и искуства на членките на форумов. Фолната киселина е добро да се зема барем три месеци пред забременување и нормално во тек на бременост. Вит Ц, селен и цинк се антиоксиданси и читав мислења дека Se и Zn им помогнале во подобрување на квалитетот на јајце клетките и затоа почнав да ги земам и нив. Б12 го земам по препорака на лекар, бидејќи бројот на еритроцитите ми се постојано на долна граница, а самите ер ми се преголеми и преполни со хемоглобин. Во секој случај и тој е антиоксиданст, така да сигурно нема штета врз плодноста. На мм со дијагностицирана олигоастенозооспермија за месец и пол регулиравме квалитет и квантитет на спермата со антиоксиданси (овие и плус други). Да се надополнам, цинк е подобар на CaliVit, во поголема концентрација е од овој мојов. Во мојов е 10,а во тој на CaliVitе од 15мг
Ние до сега воопшто немаме обиди за бременост, сум со дијагноза ПЦОС, и сега уште месец ипол имам да пијам контрацептивни по препорака на гинекологот и откако ќе престанам да ги пијам се договорив со докторката на 12 ден од последниот ден од менструацијата да одам на преглед, претпоставувам да се види дали има овулација, фоликули.. Јас веќе добри 3 4 месеци по препорака од докторката пијам Елова два пати на ден, па во поглед на фолна мислам дека е доволно за сега. Во поглед на други витамини кои што веќе ти ги постира сум на мисла на своја рака да започнам да ги пијам. Претпоставувам дека не би имало штета. Ти благодарам за одвоеното време и корисни информации.
@CareTee да појдеш на 12ти ден од последна менструација, а не од последен ден на менструација. Штом земаш веќе друго, можеби е подобро да се консултираш со матичната. Или да сподели тука некој искуство ако има.
@IRBBB Со оглед дека ги пијам контрацептивните точно ги знам датите. Значи вака имам разбрано јас, ве молам за совет дали е во ред.Првиот ден од циклусот би ми бил 29 Март а последен 1 Април, секогаш по 4 дена трае. По мои пресметки прегледот би го закажала за на 13 Април. Дали добро пресметувам ? Да не имам јас погрешно разбрано, ајде сега малку едукација извинете на глупавите прашања. Дали овулацијата е поврзана со фоликулите? Односно дали е исто? По мое разбирање кога има овулација доаѓа и до фоликули...Се збунив скрос. Фала ви многу девојки.
Нее може да ја пропуштиш, треба на 9 април. Обично е 14ден овулација, но не кај секого. Кога се следат фоликули некои почнуваат од 10ден од почеток на менструација. Но чим ти рекла 12ден тогаш отиди ама од менструација, не од завршување...оти може овулацијата да биде помината. Фоликулите почнуваат да растат околу 8ден, и потоа околу 12ден се издвојуваат еден или 2 водечки и тие се следат за прскање. Прскањето да фоликулот е овулација
Не, не е. Ако добиеш циклус (крварење) на 01.03, 12ти ден ти е на 11.03 (затоа што 01.03 е прв ден). Овулацијата е поврзана со фоликулите. Тие растат во тек на циклусот, стигаат одредена големина, пукаат и ја ослободуваат јајце клетката. Ослободената јајце клетка може да се оплоди 24-36ч. Мерењето на фоликули е баш да се следи кога тој ќе пукне за тогаш да се има почесто односи. Се надевам дека малку ти е појасно
Здраво девојки. Јас конечно денес направив тест но излезе негативен. Докторката кажа требало да почекам да ми касни па да направам, јас треба утре да добијам. Но има поминато повеќе од 2 недели од овулацијата, не верувам дека лажно покажал. Со нови сили и обиди и овој месец