До сега сум била кај мн гинеколози и ИФВ специјалисти - сите истото ми го кажаа - хормоните укажуваат на состојба која кај тебе ја НЕМА.
Верувам дека е така ама сепак хормоните си го кажуваат своето. Јас ги имав сите можни симптоми. Како и да е, таа психичка борба секако е тешка и мачна и ви посакувам на сите од темава полни раце оваа година
Се согласувам со Јана. И кај мене освен хормонските показатели немам други индикации а сепак сум со Пцос. Кај секој е различно. Јас немам ниту еден од другите симптоми, прекумерена тежина, зголемена влакнетост, проблеми со акни, цисти, итн. @marijamarkoska А дали имаш проблем со циклусот или овулација? Незнам некако стварно ми е чудно што сите доктори ти викаат дека нема пцос, а самата инверзија на хормоните лх и фсх мислам дека укажуваа на тоа, можеби сум и грешка. Ти посакувам брзо регулирање на ситуацијата и што побрзо сите да ја напуштиме оваа тема.
И проблеми со циклусот исто така немам. Секогаш ми е редовен - со редовни овулации. Дај боже кај сите што поскоро. Јас утре ќе поднесам документи ИВФ па ќе чекам одговор
Да, затоа и прашав тука пошто знам дека ќе добијам реални одговори. А што се пиеше ти освен селен и цинк? Не знам што се да земам.
Пцос варира од жена до жена. Јас лично имам нередовни циклуси и тоа во последно време, не од секогаш, а ете ми кажаа и дека немам овулации. Немам прекумерна тежина, баш и докторот вчера ми рече пцос е потежок за третирање кај жени со вишок килограми, а тоа е воедно и една од последиците на пцос. Немам акни, немам абнормална влакнавост, а и хормоните не ми се во некој страшен дисбаланс, освен покачено ЛХ, што апла си алудира на пцос. Јас само едно научив одејќи по овој пат. Секоја жена мора да се интересира и грижи за репродуктивното здравје уште од многу порано пред да планира бременост. Од мала одам на гинеколог, ама штета што кај нас треба да се намачиш за да најдеш некој доволно стручен и треба сам да се едуцираш и информираш за да си го запознаеш телото на кој начин функционира. Ти посакувам среќа, израдувај не што побрзо со убави вести.
Поточно од ова, здравје. Од 17-18 год како дознав дека имам пцос до мои 29год ги третирав и барав секакви решенија. Редовни контроли, терапии, испитувања... Најголема среќа што имам многу добра докторка (за мене) и многу беше упорна, на секој преглед ме потсетуваше дека ќе дојде моментот кога ќе сакам деца и морам да ги одржувам јајниците и овулацијата. Ниедно каснење на менструација го нема занемарено, ниедни лоши резултати, цело време посветена и достапна како во моментот да сакам деца. Штета што тоа не можам да го објаснам на девојки околу мене.
Потполно си во право за се. Исто и јас уште од тинејџерски години ми е откриен синдромот, само неможам да се пожалам од докторката, за сега ми се допаѓа вниманието што ми го покажува и пристапот, за понатаму ќе видиме. Инаку јас имам стекнато мислење дека напротив, тие што имаат барем еден друг симптом пример прекумерена тежина само со нејзино регулирање, намалување за 10% пример доаѓаат до регулирање на циклусот и овулациите. А напротив ние што освен хормоните други индикации немаме, многу потешко се доаѓа до нивно регулирање. За среќа си постојат и соодветни третмани па и по потежок пат може да дојдеме до овулации. Само знам дека нема откажување, ќе следиме инструкции од доктори, ќе си споделуваме знаење и искуство и мора да дојдеме до саканиот резултат.
Да знаеш дека си многу среќна што имаш добра докторка Јана, бидејќи тоа на денешницава е баш реткост. Јас лично сум пример како од незаинтересирани лекари може да си тапкаш во место и да трошиш скапоцено време. Да сум била со овој памет како што сум сега малку порано, друго ќе беше, ама добро што се опаметив. Многу девојки не се грижат, не одат ни на рутински прегледи, просто да се запрепастиш. Модерни сме и интелектуалци, ама очигледно не во секој поглед.
Така е за жал, нема пишани правила, ништо во животот не е ‘by the book’, па ни ова. Како и да е, добар лекар е еден чекор поблиску до наоѓање на решение. Затоа сум пресреќна што конечно најдов некој што ми обрна соодветно внимание и ми даде надеж дека не е се толку црно.
Така е девојки, се согласувам со се што кажавте. За жал се до моментот кога започнав со планирање бременост испадна дека сите мои преходни одења на гинеколог биле Џабе. Имам и др очигледни состојби кои 5 гинеколози не ги видоа. Бев на мн гинеколози и никој не ми обрна внимание и за жал изгубив драгоцено време како и да е...одиме понатаму. Ако сте од ск можете ли да ми препорачате добар матичен?
Одиме, ама се поретко има доктори во права смисла. Мене еден ми го загорчи животот, Цветановски кај УЈП. Ете така, ништо не ти е, ти си многу женска, немам што да ти дадам. Сега е веќе касно. Затоа барајте добар доктор и одете на клиника. Овој нејќеше да ме прати, а наплаќа за ехото бидејќи му било скапо купено. Идиот. Подалеку од такви.
И јас барам матичен најмногу за упати и преглед од време на време, планирам да одам кај др. Кокормановска, читав убави работи за нејзе. Ако ми се свиѓа ќе си одам и само кај неа, се изнафрлав пари по приватни. Со години сум во ординација Мама ама воопшто не сум задоволна, напротив. Одам само до кај сестрата ако ми треба упат.
Има многу што не одат, верувај. Многу жени имаат прв преглед на гинеколог кога остануваат бремени. А има мал милион состојби што може да ги има една жена и покрај тоа што забременила.
Имам пријателка со потежок облик на ПЦОС, менструација 2-3 пати годишно. Забремени на прв обид. Имам пријателка која со ендометриоза и огромна чоколадна циста на јајник, забремени за време на терапија со контрацептивни апчиња. Ваквите случаи околу мене, ми влеваат само надеж дека се е можно и дека чуда постојат. Кога тогаш тоа што е за нас ќе си дојде. Јас сум оптимист по природа и верувам дека кога тогаш мојата желба ќе се исполни. Дали на полесниот или потешкиот начин, не е битно. Битно знам дека ќе успееам.
Браво! Само со таков mind set се постигнуваат резултати. Работата е 50-50, што има во глава влијае и те како. Мора да успееме, има многу вакви примери како твоиве другарки што треба да ни служат како дополнителен мотив.
Да ти кажам најискрено,јас кај мојот матичен одам само за упати,одев на прегледи за фолкуметрија и за инсеминациите кај друга докторка,за сите испитувања други сама си иницирав со совети од форумов,стигнав до овде од форумов,се живо и диво ми е испитано,е сега немам некој конкретен проблем па не ми требаа терапии заради губење на драгоцено време се решивме за инвитро инаку повеќе доктори сметаа дека можеме да успееме и природно,ама да кажам дека некој саглам доктор ме водел не,се сама.