Исто и јас на матичен одам само за упат, контактирам со сестрата бидејќи ми е практично работното време, ништо повеќе и не очекувам
Само што се враќам од хсг. Матка уредна, десен јајцевод обилно прооден, лев јајцевод непрооден (сактосалпинкс). Светот ми се сруши врз глава.
Aјде пополека. Какво рушење на свет врз глава? Знаеш колку жени имаат родено деца и деца со еден јајцевод? Смири се и закажи си консултација кај добар специјалист
Зошто? Барем го детектира проблемот,чекор напред си,сактосалпингсот е течност што ствара инфекција,консултирај се со добар специјалист и подврзи го каналот,можеби така би било најдобро. Се средува,ич да не се секираш.
@Bubce38 @Stressed Out одев со толку ладна глава и позитивна мисла и многу неспремна психички за ваква информација. Многу наеднаш ми дојде. Ќе се средам, морам. Се слушнав телефонски со матичниот гинеколог, ми го рече истото што и радиологот-не е пречка за природно да останеш бремена. Може, но и не мора лапароскопија да направиме за лев јајцевод, јас можам да ти дадам упат за на гак, направи една консултација. Дури во понеделник ќе се видам со матичниот гинеколог. Дотогаш ми треба препорака за добар специјалист? Некоја да има искуство со ваква состојба кај кој лекар била?
Абе јас шо те советувам,изгубен германец сум денес,тотален хаос,ама за ум давање прва сум. Јас би ти препорачала да го затвориш чисто да си мирна заради лачењето на токсичната течност од каналот,да не смета на имплантација или на ембриончето доколку дојде до бременост,нз точно кај кој доктор да одиш за консултации ама доколку решите за интервенција оди во Чаир кај Зоран Илиевски,топло го препорачувам.
Поповиќ , Ивановски- Систина Владимир - Њуборн Димитров - Ремедика Каде и да отидеш на консултација нема да погрешиш
Девојки ова ми е резултатот од хормоните што ги испитав денес. Немаа реагенси за инсулин, андростендион и кортизол. Тоа ќе треба на приватно. Јас мислам дека ми се каша-попара. Вие што мислите?
Ова е 5ти пат што проверувам од крај на 2019 до сега. Првите два резултати 4.98 па 4.92(декември), а од јануари до сега цело време е многу ниско, денес најниско. Од 0.35, па 0.159, за сега да е 0.029. Очигледно паѓа само не знам како толку нагло, баш и докторот се чудеше вчера кога ги споредуваше сите резултати.
Само тоа и фемибион 1 на инсистирање на гинекологот؛ Знам дека мозе нема поента ама ја послушав и после еден месец останав бремена؛ во меѓувреме фрлив тестови за овулација и реков не следам ништо пошто ќе полудам؛ И сега сме 8 недела
Аии баш ми е мило, немав прочитано дека си бремена. Ти посакувам пријатна бременост. Имаше ли некакви проблеми претходно?
Тасе и мене ми е матичен и сакам да го сменам само неможам да се одлучам за замена. Кога отидов кај него со слика од ехо од ремедика за преграда вика ако мене ме прашаш има бебе кај да расте. Не ми даде спокој отидов систина кај Димчев вика топ супер. Пак се враќам кај Тасе вика ако ме прашаш мене едно сецнување да направиме... и јас збеснав. Викам контрадикторен до бескрај сте докторе фала многу пријатно...
Има има,и од што сите трчаме кај нив,тие автоматски стануваат преокупирани,неефикасни и неефективни со тек на време,главата не знаат кај им е.