Форумџика на годината

Поддршка за сите оние што сакаат да забременат

Дискусија во 'Бременост' започната од bik23, 29 октомври 2010.

  1. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    И стануваат матични доктори кои работат со фонд и ти наплаќаат 1000 преглед.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Само што се враќам од кај докторот со резултатов. Не можеше да се изначуди. Вика прв пат гледам вакви резултати кај жена без зголемена тежина, без акни... Ќе ми треба помош од клиника вика, испитај инсулин и кортизол и со сите резултати ќе ти дадам упат за на клиника.
    Не знам што мислеше, толку комплициран случај ли сум или не знам веќе. (facepalm)
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Голема е веројатноста да ти треба консултација со добар ендокринолог. Ако си во можност топло ти ја препорачувам др. Стефанка Иванова во Ремедика. Потопла докторка немам запознаено, ми ископа и семејна историја, ме испраша и препраша се околу симптоми и мене премногу ми помогна. Кога и кажав дека останав бремена после нејзиниот третман очите полни солзи и беа. Немам коментар за жената.
     
    На LivingGlam, LucyLu, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Ти осеќам нон стоп си под стрес,сигурно ти е висок и кортизолот,мене на горна граница ми е,сами што можеме да си направиме никој не може туку ајде,среќа решливо е се.
     
    На marijamarkoska и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Мислев и за овие по приватниве клиники,веќе и "приватно" не е тоа што беше.
     
    На tina2018 и Summer16 им се допаѓа ова.
  6. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    епа на тоа мислев.. ќе ги земат парите преку фондот, ќе ти го наплатат прегледот (за што не троши ни 50 ден а ти ќе си платиш 1000 како ништо) а не го добиваш потребното внимание.. се само повеќе пари да прават ништоооо друго :@
     
    На tina2018, curlyhair и Summer16 им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Да, секако барам добар ендокринолог. Бев кај Чедомир во Систина, ама не ми се допадна. Ќе гледам да закажам кај неа. Фала ти.
     
  8. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Точно така,и кога ја прашав дали одсекогаш се плаќа толку за обичен преглед и ехо (сегде во фзо пишува дека ехо,пап,брисеви кај матичен не се наплаќа освен партиципација) добив одговор дека тоа важи само за трудници,кај трудни не се наплаќало ништо.:devil::punch:
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека нон стоп сум. Во психа ми влегоа проблемиве, морам да се контролирам малку. Кај ми е крајот ако продолжам вака...
     
    На tina2018 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    За сите е бесплатен преглед и ехо, не само за трудници, пријавувајте такви доктори
     
    На tina2018 и curlyhair им се допаѓа ова.
  11. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за долгиот пост...
    Неуспешни обиди 4месеци,знам дека се малце но зад мене со 2 спонтани. Осеќам како да го губам времето, така ми поминаа 4години и уште без дете, и само ке биде,ке биде, и како за сите одоколу да бидна јас тука па тука. Сега брзо немам испитано ништо, но кога се испитувавме беше се во ред. Освен страв од спонтан трет пат, сега ме страв да не не забременам воопшто, затоа ми се врти во глава и ние да пробаме со инвитро.Хормоните не ми се испитани 1година, а исто и брисеви и пап. Ме мачи процесот со инсеминации, сакам да чувам пари, а на државно не ми се прават, а плус и што прочитав колку малце успешност имаат :/не ми се матка 4 месеци, така знам дека 4 требаат. Матичната не е заинтересирана за мојот проблем, си тера само бремености што се како по книга, за потешкиве случаи нигде ја нема. Секако ке ја водев бременоста на приватно, но до нејзе никако да дојдам и искрено полудувам веќе. Се губам сама себе си, ме совладаа црни мисли дека за мене пишано е да не станам мајка.Веќе се што ке прочитав испробав, и витамини пиев 3 месеци и метилирана ф. и мед со јат.плодови и чаеви и доста ми е веќе од се. Порачав тестови за овулација последно преку алиекспрес, и најверојатно нема да ми стасаат ради состојбата во Кина :/ Затоа сакам поискусните да ми објаснат како за мојов случај необјаснет стерилитет треба да постапам, јас незнам од каде да почнам,знам дека не е туку така Јас сакам инвитро... хсг и хормони во ред, кариотип во ред, спермограм одличен,ова беше пред 1 год (но ке ги повторам) ама се е џабе нејќе и нејќе :/ Еве и да си најдам доктор за консултација, ке соберам ли лесно документи, со оглед на тоа дека се е во ред со нас?
     
  12. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Знам јасно ми е мене,и се што ја прашувам намерно го правам,претходно имам прашано како одат тие работи.И да ја пријавам незнам дали воопшто би постигнала нешто,освен што би ме дознала дека јас ја пријавив,фондот и здравството општо кај нас се тесно поврзани и се е ствар на договор,одприлика сите доктори се тука негде ценовно,ама тоа е ...
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    А што може да ти направи ако дознае дека си ти?
     
  14. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Ништо не може,ама единствено тоа би го добила само од пријавата :/
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Обнови си ги испитувањата. Дали имаш направено испитувања на Трансфузиологија и на Имунологија? Скриен шеќер, инсулин?
    Ако е сè во ред, за ваучер треба 4 инсеминации преку еден месец направени, не секој месец. Инаку ваучер без четири инсеминации нема да дадат ако е сè во ред со двајцата.
     
    На happygirl, Grasiela** и Stressed Out им се допаѓа ова.
  16. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Да Оли имам испитано на трансфузиологија,и инсулин, а скриен шеќер и на имунологија не, за скриен шеќер еднаш си побарав упат, ми рече матичната дека нема потреба,во бременост се испитувал.. а кога бев на трансф. ми испитаа дали имам мутација на ген MTHFR и немам, ама јас пијам метилирана фолна, знам нема штета од нејзе. Циклусот полека го доведов во нормала на 29,30дена ми доаѓа, и осеќам дека овулирам имам доста симптоми. Дали скриен шеќер може да прави проблем за забременување. Инсулинот ми е 6.13 , FSH 4.60 , PRL 4.80 , TSH 1.55
     
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Добри ти биле хормоните.
    Може да си се обидувате природно додека не решите да правите инсеминации. Но и во меѓувреме, ако сакате, зошто да не и инсеминации, има успешни, не е дека не се останува бремена. Зависи колку ви се чека со природни обиди. Ако не ви се чека, почнете и најмалку преку еден месец правете.
    Си одела на фоликулометрија и темпирани односи? Ако не, може и така да пробате.
     
    На Grasiela** и CareTee им се допаѓа ова.
  18. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Немам мерено, последен пат ми рече да ми препише кломифен, јас одбив , не бев спремна за нова бременост, а сега ако е малце време од кога пробуваме како вечност ми се гледа. Матичната ли треба да ми даде упат за инсеминации за да ги правам на клиника? И дали предходно што треба да пијам за стимулирање треба да ми каже она или докторот што би ја правел, во меѓувреме да ке пробувам и природно ама не би да чекам веќе, не сум од Ск, и не ги знам докторите од ГАК и Чаир, каде и кај кого да се обратам, за да почнам постапка со инсеминации
     
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Матичниот дава упат до ГАК до Амбуланта за асистирана репродукција. Не мора да познаваш никого таму, си одиш во термин и те следат. Зависи за Кломифенот, може и матичен да ти даде, а на ГАК да те следат на ехо и да ти закажат кога ќе биде тамам за инсеминација. Обично одат кај Роса Спасова и кај Тофоски за инсеминации, а може да ја разгледаш и темата Инсеминација на форумов, има разни искуства.
     
    На Grasiela** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. A.a.gj

    A.a.gj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде ваше мислење ..

    Еловата или Фемибион ?
    Или и двете заедно?
    Со полицистични јајници сум,во обид за бебе 10 месеци.. месецов правам пауза од кломифен.