Искрено мн редовен циклус но последните неколку месеци без овулација؛ Со оглед на тоа дека сум мед лице почнав да паничам ама после 6 месеци осетив болка (веројатно овулција) и некако се опуштив и бидна ☺️
И јас претходно имав циклуси кога си ја осеќав овулацијата, ама тогаш уште не планиравме бременост. Од кога почнавме да пробуваме како за инат ни симптоми, а очигледно и си немам овулација...
Ми стигнаа резултатите од пап тестот и брисевите, све е чисто и уредно... Едно гајле помалку... Е сега деновиве имам малку засилен секрет бел, докторот ми рече да ставам Гинодактарин 7 вечера... Не знам зошто вагиналети кога сум скрос чиста, немам ништо ама ги купив прееска што да правам... Следно испитување ми се хормони на трет ден од циклус, а треба да добијам за 1 недела и така... Се трудам да не мислам многу на миомот што го имам...Да довршам со овие испитувања и ќе побарам и второ мислење за миомот во приватна болница... Му викам пред малку на вереникот дека резултатите од пап и брисеви ми се чисти и тој ми вика: убаво, а нели си бремена или...? Изгледа е за вакви работи тотално неписмен и ме нервира искрено .
Здраво драги феминки, искрено не знаев на која тема да го поставам прашањево. Знам дека е за поддршка при забременување но мене ме интересира зони што де обидуваат за второ дали пред да почнат да се ободуваат за второ правеле некои испитувања? Или не? Сеуште не сме почнале но чисто ме интересира некој да сподели Пуштам среќа за сите што поскоро со полни раце
Други гени за тромбофилија не ти се испитани? Само мтхфр имаш испитано? Ако да, земи упат за МАНУ од трансфузиолог и испитај ги сите гени за тромбофилија, мтхфр е најмал проблем.. Испитај од ново и хормони, колку што те разбрав резултативе ти се од пред една година.
И мене ми беа чисти брисевите во ноември, имам само бел исцедок без мирис. Ама кога ме гледаше докторот на ехо виде некои две како точки беа, вика си имала некоја јака инфекција. Викам чисти брисеви имав, вика јас тука друго гледам и ми даде 7 дена да ставам вагиналети Pro Balans Lady. Од нив примеќам утредента како исцедок, не знам дали ме прочистуваат или што е, пошто прв пат ми е ова да користам. За вереникот не се нервирај, мажи си се мажи. Седни го и објасни му како функционира се, тогаш ќе разбере.
Здраво девојкии, прв пат пишувам и се најавувам во форумов. Со мм пробуваме веќе подолго од година дена за бебче но никако да биде, правев испитувања кај мене, но испадна проблемот кај него, слаб спермограм. Дијагноза-олигоастенотератозооспермија, многу лош. Земавме апчиња профертил од аустрија за 3 месеци, му правев мед со јаткасти, витамини, но никако да бидне работата. Дали некоја од вас се соочувала со вакво нешто да сподели искуство,совет,терапија, дали мозе воопшто со ваква дијагноза да останам бремена природно. Извинете за долгиот пост.
Ако не ти е тешко пиши ги резултатите од спермограмот. И мм ја имаше истата дијагноза, со терапија се среди за неполни 2 месеци.
Кај мм малку подобар беше првиот Спермограм за разлика од вашиот. Еве што земаше: -трибестан 3х1 -селен -цинк -вит Е -фолна киселина -вит Б12 -вит Ц -л аргинин -л карнитин. Може да зема и коензим Q10. Во секој случај, јас те советувам да појдете на консултација со уролог, како што ви е и наведено, бидејќи мислам дека е изоставена и дијагнозата тератоспермија (само 2% од сперматозоидите му се нормални, а оплодување со абнормален сперматозоид често предизвикува спонтан абортус). Не сакам да те плашам, ова е само мое мислење, дај Боже да не сум во право. Не се грижи, има решение за сѐ, ќе најдете и вие. Читни малку и низ темата Спермограм, има доста искуства и таму.
Сега ги разгледував испитувањата, овие гени ги пишува Фактор 2 и 20210А негативен Фактор 5 и леиден негативен МТХФР и детекција на Ана негативно, има поминато доста време да, до летоска 1год од последните испитувања, ке повторам за брзо време дел од нив, само морам прво да најдам добар специјалист. Првиот пат ми требаа 3 месеци да забременам, вториот 9месеци, ама сега незнам што ми е многу сум напната,песимистички настроена, тоа најмалце ми треба ама што да правам
Здраво Сакам да прашам нешто можеби ке биде глупаво ама подобро да прашам Пиев примолут нор и треба да добијам Вчера вечер имав бледо кафеаво само кога ке се избришам, прашањето ми е дали и вчерашниот ден да го сметам за да избројам за плодни денови? Инаку сабајлево имам нормално кафеав исцедок. Фала ви однапред.
Прво, се извинувам што ви упаѓам вака во дискусија Имам едно необично прашање. Дали познавате жена со физички хендикеп која родила и како поминал целиот тој процес? Зошто прашувам? Имам физички хендикеп но и наспроти тоа функционирам мање више нормално. Работам, живееме сами со сопругот... Да не должам. Извесно време пробуваме за дете, основни испитувања се ок. Читав искуства од странство, па дури и таму се соочиле со дискриминација, па би ми значело да чујам нешто слично од овде.
Јас лично не познавам жена со хендикеп од моето опкружување, но искрено не гледам зошто не би се остварила како мајка, доколку вие со сопругот се чувствувате способни да имате дете. За дискриминација, луѓето со предрасуди ќе дискриминираат и да имате и да немате дете.
Апсолутно, далеку од тоа дека таква одлука ќе формираме врз туѓи мислења. Јас повеќе мислев на дискриминација од типот - од старт етикета за високо ризична бременост, од старт царски рез и слично.