Ми доаѓа на 28 дена некогаш на 26, овој месец ми дојде на 28 дена... Јас ќе пробам овој месец без тест за овулација, па ќе видиме. Ќе пробувам секоја вечер од 2 до 7 март би требало да ми се плодни денови. Ми дојде на 22 па денес ми е петти ден.. Ако рачунаме 14 дена ми спаѓа на 6 март..
Кај мене беше на 11ти или 12ти ден од менструација, така да почнете си со време Јас инаку добивав на 28-30 дена.
Само да прашам, во странство сум и не го знам баш фино јазикот тука, тестот за овулација како се прави? Претпоставувам може да се купи во апотека.
Па да, веројатно. Се прави како тест за бременост само си има правила кога и како е најдобро да проверуваш. Прочитај ја темата Тест за овулација таму членките пишуваат и кога е позитивен, кога не е.
Инсулинска резистенција не се испитува؛ Тоа ти е HOMA-IR која се одредува врз ниво на базален инсулин и гликемија на гладно؟ И нз зашто гинекологот не ти даде терапија да солупи матка ибда добиеш؟ три меци н3 добиваш не е играчка
И јас не знам, ми вика не сакам да ги чепкам хормоните, ќе чекаме да добиеш со оваа терапија. Мене тоа што не ми доаѓа ме вади од такт уствари највеќе.
Нешто сум збунка,тоа брисеви и микробологија е исто..бристевите се носат на микробиологија.. Инаку само се шетам по гиноколзи и основни прегледи само имаме направено,1ипол година сакаме бебенце,не успева,,пиевме лекови моравме да се пазиме пола година,последен преглед ми бесе пред месеца со што ми каза лекарката да се видиме за убаво и нема ништо сеуште.Сега кога ке одам ваљда ке ми каже со останати прегледи подетални да почнам
Штом до сеа не доби нема да помогне метформин؟ Ако не дава комбиниран препарат бар да дае примолут чист прогестерон да добие па нека чека 3 ден؛ Стварно некои гинеколози не мозам да ги разберам؟ Ендокринолог вака би размислувал
Ќе го слушаш гинекологот. Пиј го метформинот и ќе добиеш, само му треба време да делува. Ако не, веројатно ќе ја зголеми дозата.
Знам дека ти е, ама сега имаш најдено добар лекар, кој за разлика од претходната матична ти посветува внимание и очигледно знае што прави.
Фала ти Саба за поддршката, се надевам дека знае. Инаку знам дека е индивидуално, ама после колку време одприлика можам да очекувам барем некаков видлив напредок од глукофажот?
Да се приклучам во оваа група, со саканиот се обидуваме за дете. Богами едвај чекам да видам 2 цртки. Првиот обид неуспешен, добив. А сега богами секој ден работиме на случајот. Па би требало со убави мисли .. и да биде. Ви праќам гушки на сите што сакате да забремените,што поскоро!
Девојки ве читам постојано и сум ко изгубена. Пробуваме за бебе веќе 3ти месец и никако да бидне, порано ја осејќав овулацијата,сега како пробуваме ни трага ни глас .. Незнам дали да почнам со испитување на хормони, во градот нема саглам доктор или се приватни, а искрено слаба сум со пари за по Скопје. Почнав со витамини, незнам што би ми препорачале ? На последен преглед во Декември : у во авф со апд 32 мм , е пролиферативен 5.5 мм на 8ми ден од почеток на циклус . Знае некој дали е во ред ? Ве молам за совет, дали за витамини, прегледи , доктори ?
Девојки да ве прашам нестрплива сум сакам да направам тест за една недела треба да ми дојде,рано ли е,имам некој симтоми болни гради,болки во стомакот и половината имам температура константна 37.
Протоколот со метформиин е да се зема барем 6 недели и за тоа време се очекува овулација, менструација или бременост. Ако нема резултати дозата се зголемува, а ако има потреба понатаму се додава Кломифен. Ми се допаѓа пристапот на лекарот. Ако ти даде хормонална терапија, така се форсира организмот предизвикувајќи крварење, со тоа ги решава последиците, а не причините за аменореа, па другиот месец многу веројатно дека пак ќе треба. Метформинот го регулира хормоналниот дисбаланс кој го има при ПЦОС, ама му треба време да го исполи ефектот.