Феминки, бев сабајле кај мојот матичен. Дојде и вереникот со мене. Плодот е голем колку зрно ориз и се наоѓа во матката, дали ви се верува? И докторот се израдува ама ми рече да не кажувам уште наоколу дури не слушнеме како му чука срценцето... Ми стави Прогестерон Депо инекција и ми препиша Утрогестан вагиналети и Прегназон витамини ми даде. Во среда треба да одам пак на преглед... 02.11 ми е терминот... Да Ви признаам морам дека и немам баш некој мајчински инстинкт сега за сега...Некако сум како во бунило, како рамнодушна на све...
Нашиот е многу сличен на вашиот,докторов што ќе ни го прави инвитрото вика супер е,ама мене кај нас процентов на неподвижни не ме радува 52% ни е,не сум скроз компетентна,еве нека пишат и другите.
Денес не го фативме докторот и стварно сум нестрплива до утре. А и сопругот го гледам дека сака да знае дали е добар резултатот иако не признава на глас.
Според календаров од денес ми почнуваат плодните денови, а гледам 6 ми е овулација. Леле кој ќе чека до 25
Ima nekoj iskustvo so tabletite Letrsan, pocnuvam so niv denes od 3 den od ciklus, se spremam za ivf vo spontan ciklus vo new born....
@Vojdana , здраво . Ти ја прочитав приказната за зачнувањето и за вонматеричната. Исто и јас имав вонматерична бременост пред три години. Во тоа време воопшто не се осеќав спремна за дете и уште таквата состојба ме дотолчи за да не можам да посакам уште година дена. Кај мене накратко, откако се вгнездил ембрионот во десен канал, првиот месец си добив на точен датум мензис, оскуден. Вториот месец ми доцнеше,правев тест, испадна позитивен, не ме израдува не знам да си објаснам и јас. Кога по три дена, искрварив, почнаа големи грчеви и во половина и во стомак, ме кинеше стомакот, тогаш пукнал каналот. Три дена си бев со внатрешно крварење и потоа операција итна. Ми го отстранија каналот. Минатово лето, интуицијата ми помогна и вербата дека ќе ја биде. Кога дознав дека сум трудна на правото место, баш како тебе поприземјено рамнодушно се осеќав. Тоа е нормално од стравот од чувствата. Сега чувај се, лекови имаш и со убава мисла напред. Ти посакувам убава бременост!
една консултација со Вас девојки , ми доцни 4 дена бев утринава на пап тест и гинекологот рече ај да направиме ехо , во матката виде нешто како сакус и рече може да си останала бремена , одма ме боцнаа хцг ама излезе негативно и се јавив вика веројатно ти почнува циклусот па крварење во матката сме виделе , се разочарувам веќе 11 месец по ред ми се смачи некако , можно ли е некое чудо да се грешка таму во лабаторијата ??? за некој ден да прам ли тест дома ?? и слика ми извади и ја го гледам кругчето во матка не ми е прва бременост знам како изгледа бременост знам што е ехо пред циклус
Ако се сомневаш во резултатите, направи тест денес, или утре сабајле. Ти доцни 4 дена, ако има бременост ќе покаже. Ти посакувам среќа!
Здраво друшки. Се мислев во која тема да пишам, тука или во вонтелесно оплодување. Нели јас го заокружив третиот спонтан. Целиот настан ме стигна отпосле. Дури сега плачам нонстоп и искрено незнам што понатаму ќе правиме. Поминаа 11 дена од киретажата, ги чекам резултатите ми земаа крв за кариотип на плодот. Пак ќе спомнам имам мутација и бев покриена со терапија, а маж ми има тератозооспермија со 1 % нормална морфологија. Другите резултати се во ред. Одев кај Татјана Гуржанова, искрено многу не сум задоволна. Ми треба некој што по би се посветил на проблемот. Кога ми кажа дека престанала срцевата акција, веднаш ми предложи ин витро со постапка на праќање на јајце клетка или ембрионот искрено уште незнам кое што значи. Останувам бргу бремена, ама ете не се развива понатаму. Дајте ми совет што и како да правиме понатаму, дали веднаш на ин витро да одиме. Дали е до тоа што ни е лош спермограмот. Прашалници куп во главата. Искрено природно не би пробала пак, сепак се 3 спонтани. Веќе психички ми е многу тешко и ми е страв дали ке се остварам како мајка. Предложете ми добри специјалисти да отидеме кај повеќе доктори на консултација. Навистина овојпат ми е многу тешко, се чувствувам празно. Секој совет ми е добре дојден.
Srcka jas sum so potpona ista prikazna kako tebe jas so 4 spontani i stvarno neznam kao da te soverucan a te sfajkam potpolno jas bev i kaj lazateski vo sistina i toj ne mi se nafajka za in vitro ..posto kao demek sum ostanuvala prirodno i da si probuvame i i jas neznam kaj da odam pojce e sega posto kaj tebe e takov spermatogramo mozi e podobro so in vitro ti posakuvam se najdobro i te molam bidi silna ..ako sakas pisi mi poraka da te prasam nesto pozz
Мислам еднаш си пишувавме, ја идам приватно кај др.Трајковски во Њуборн и од него сум многу задоволна. Исто после 2риот спонтан и мене ми спомнаа за испраќање на ембрион. Ги праќаат во Турција, и се враќа за 24ч и ако е добар може одма да ти направат инвитро. Тоа значи, ако не го пратат они го гледаат ембрионот на микроскоп и многу често изгледа ок о здрав, а всушност да не е. Во Турција се прават подетални испитувања и тоа кошта 1600е или 1500е по ембрион. Можеш и два да пратиш. Сето тоа е постапка за инвитро. Разочарувањето е големо, болката што ќе те стигне отпосле е уште потешка. Не би ти се мешала, но јас не би ризикувала веќе твоето здравје е упитно. Јас малце непланирано останав бремена и искрено не се ни израдував и долго не можев да му се израдувам. Мене исто ме фати депресија па може месец после киретажа и знам како ти е. Тогаш гужва сите околу тебе и нема време да се исплачам. Исто страшен дијагностичар и посветен др, др.Тофоски на клиника
Бевме денес, ни кажа дека ги рангираат спермограмите со оценка од 0 до 4, а нашиот е 3 накај 4, само ради тоа што може вика малку да е поголем процентот на прогресивно подвижни, ама и вака е супер. Го прашавме дали е можно да е од тоа што сопругот пред недела дена имаше јака прехлада и прими три инекции и плус имаше мала сообраќајка, па стрес друго трето. И тогаш ми вика еепа секако и тоа си има влијание. Јас искрено вика во последните години кај мажи од вашите генерации ретко гледам вака добар спермограм. Имаш стара семка ти му вика. Многу се израдував искрено, едно гајле помалку.