ThanksМногу интересно е што порано ми беше 130 неколку мерења во различни месеци и од кога почнав со метформин ми се намали вредноста.
Софи, ќе си останеш пак природно бремена, а кога ќе се случи тоа мислам дека тогаш треба од 2-3 доктори да чуеш мислење за која терапија да ти се даде за најдобра поддршка за бременоста. Штом плодот е генетски добар тогаш све ќе биде во ред да знаеш. Сакав да те прашам дали последниов пат примаше нешто Клексан инекции првите недели?
Токму така @Bella_Stella односот беше нула. Значи како доктор требаше да ми даде повеќе одговори. До опуштеноста не е. 3 спонтани сепак не се малку. @Ivi82 да имам испитано тироидна, а инсулин не. @Stressed Out да имам испитано, и имам мутации примав терапија,ама еетее. @Vojdana почнав со аспирин и клексан па прокрвавев, па имав хематом и земааа ми ги прекинаа додека да се смири крварењето, а тоа не се случи. Па пак ги продолжив и се случи тоа истотот. Мислење мора од повеќе доктори да се бара, се надевам длабоко во себе дека ќе ср најде решението. Веќе психички почнав да паѓам и ми е тешко навистина многу.
Мили девојки, сакам со вас да споделам две видеа на кои случајно налетав. Сметам дека вреди да ги погледнете, ќе ви ја вратат надежта, ќе ве наполнат позитивна енергија и верба дека она за што мечтаеме сигурно ќе се оствари. Одвојте време, вреди!
Знам дека сигурно ти е многу тешко. Но знај едно, ти си жена и ти си храбра! Цела планина товар носиш на грб и пак се бориш и затоа ќе бидеш наградена верувај! Мое мислење/совет е да отидеш кај повеќе специјалисти со сите досегашни резултати и да слушнеш повеќе мислења, па да се донесе еден заклучок што понатака. А до тогаш одмори ги малку и телото и главата и направи ги уште испитувањата кои ти ги сугерираа погоре. Биди среќна што забременуваш, те молам. Ќе се задржи следниот плод, ќе видиш. Ти посакувам многу среќа и трпение до целта.
Жал ми е што поминуваш низ ова, не си сама туука сме сите за да се поддржиме, охрабриме. Мој совет ти е да видиш и друг лекар што ќе ти каже и да веруваш и бидеш позитивна. Женската психа е најважна, мораш да издржиш и Бог верувам ќе ти ги наполни рацете. Погледни ги видеата што ги прикачив погоре, вели дека енергијата која ствара нов живот е најсилната енергија која постои. Биди јака.
@Jana06 на оваа докторка ли мислеше? Ми кажа тогаш Иванова, а тука гледам друго презиме, сакав да се осигурам па да закажам.
Здраво девојки, сакам да ве прашам нешто. Ја знаете мојата ситуација, да не објаснувам до детали. Денеска 85ти ден како немам добиено, пијам Елова, Глукофаж, витамини и си чекам. Но, вчера имав една ситуација што не можам да си ја објаснам. Саат време после однос кога отидов до тоалет, на долната облека имав една точка светла крв. Немаше ни на бришење, ниту пак после се повтори. Пред тоа, саат време пред односот правев тест за овулација, а не ме натера нешто посебно освен белото прање што го имав веќе два дена, без никаков мирис но не е како белка од јајце, и секако големата желба да овулирам. Го направив тестот, не почекав ни 5 мин, не се појави цртка, се изнервирав и го ставив во фолијата. Направив брзински туш и после 10-15 мин од правењето, пред да го фрлам тестот го извадив уште еднаш гледам втора линија, ама побледа од првата (знам дека е негативен) ама има шанси да се ближи кон позитивен или како? Секако после, утре итн пак ќе правам, ама хаос ми е главава сега и ми треба ваше мислење?
Бл Бледата значи или поминала овулацијата или се ближи,направи пак денес,после пладне се прават овулациските тестови знаеш тоа така?
Да да, јас го правев навечер. Претходно не бев во тоалет едно два и повеќе саати и гледав да не пијам течности.
После ова што го пишуваш се сетив на жената од братучед ми. Таа немаше редовен период и остана бремена. И не само таа има многу случаи. Не се предавај биди упорна
Останува да се надевам дека се ќе биде добро. Пред малку имав малце светло розе крв на секојдневна. Сега не знам дали ми пробива менструација или е крварење од овулација. Ќе видиме до вечер што ќе се дешава. Фала ти многу на поддршката, те чекам да се пофалиш со позитивен тест, те читав во Симптоми.
Не ги фрлај одма тестовите за овулација оти не се како тие за бременост, им треба повеќе време. Мислам дека ти доаѓа веќе .
Само што направив пак тест, пак е со бледа линија. Крв имам бледо розе само на бришење. Можно ли е да ми доаѓа а да се појавува втора цртка на тестот? До сега кога сум правела секогаш била само една.
Можно е, мене ми се случувало да е позитивен и пред добивање. Цртата е бледа, уште е далеку од позитивен, ама тестирај секој ден.
Можно е, поаѓам од себе, ниту еден тест за овулација не сум имала една црта, секогаш бледа прва па со појак интензитет па пред менструација бледа
Сакам да прашам дали некој има искуство со ваков тест? Значи пишува дека може да се направи 6 дена пред очекуваниот период. Е треба да не добијам на 21, ако го направам тестов на 17 - Вторник, дали ќе ми даде точни резултати?