Според деновите кога ги правев и базалната температура би требало oview да се точните. Морам да напоменам дека само три дена со ред ги правев и двата тестови паралелно, one step постојано беа со една победа линија, а oview со идентична боја, ама не поинтензивна од тест линијата. Во меѓувреме правев ртг снимање на заб и се откажав од обиди за бебе и поради тоа прекинав да пратам овулација. Следниов циклус ќе пратам пак со двата теста и ќе сликам и ќе споделам со вас.
Да, секако сподели искуства. Јас тука кај мене обрнав 15 аптеки и нигде немаа Oview, ниту пак некогаш имале. Се тестирам со овие од e bay, 3-4 дена ми вади бледа втора линија со скоро ист интензитет. Не знам колку се точни, ме замисли.
Низ форумов прочитав дека само во аптеката на систина ги имало oview, се јавив да прашам и ми кажаа дека ги имаат и си зедов 3 паковања (аптекарката чудно ме гледаше кога и реков дај ми 3 ). Арно ама во меѓувреме ми стигнаа и тие од ebay. Чисто за да проверам колку се точни ги правев паралелно и двата теста. Е сега дали тие oview детектираат помала концентрација на лх па од порано даваат појака линија или не се валидни тие од ebay не можам да коментирам, бидејќи само 3 дена се тестирав и кога веќе се откажав од обиди не ми се трошеа тестовите за џабе.
Кај мене се покажаа ептен точни. Повеќе циклуси правев тестови паралелно со мерење температура и секогаш стануваат позитивни на самиот или еден ден пред овулација.
Јас немам мерено базална до сега. Да бидам искрена дома немаме топломер, не ни притребал. Да одам да купам сега во целиов хаос, ќе бидам ептен сомнителна. Ама ќе одам, ми е гајле.
Извини, сега видов дека сме во друга тема. Во темата Вонтелесно оплодување горе имаш препораки за доктори. Закажи кај било кој, ќе ти направи убав преглед и ќе ти каже што да испиташ.
Јас земав тестови од жива фарм овула, се тестирав со нив 2 дена па ми стасаа од нет, и по задоволна сум за разлика од тие од овде што ги купив,еве го мојот резултат од 15ти ден почнав на 19ти покажа овулација, и според симптоми 95% тестот кажа точно,нареден ден веќе беше повторно бледа,тестирав во 19ч навечер, но за жал сабајлево правев тест за бременост негативен беше, сим имам кај и дае ке добијам, ама не ми се чекаше
За да не ги лепиш тестовите во тетратка, симни ја апликацијата Glow таму праќаш слика од тестот и веднаш добиваш одговор дали е негативен или позитивен и уште колку дена има до позитивен тест. Воедно сите слики се зачувани, апликацијата е супер за тие што сакаат да водат детално се за целиот циклус.
Веќе подолг период пробуваме со дечко ми да направиме бебе Пред 1 месец правев ХСГ и после тоа добив односно на 28ми февруари. Во четвртокот (8дена откако ми заврши) прокрварив и ми траеше тоа 2 дена а третиот ден кафеав парталест исцедок. Денес бев на доктор и ми кажа дека имам зголемен ендометриум и као дека има уште материјал во матката. Му личело на рана бременост и да се видиме за и дена. Дали некоја од вас имала слично искуство?
Ne znaci deka e negativen , cekaj uste malce i prai pak uste eden test , zosto99% se testovite sigurеn Daj boze da bide se Ok kako ti sakas ❤️
Еве вака се спаковани, и мислам сите се исти само со различна боја, а еве ги тие од тука што ги земав
Моиве се од некоја друга фирма, ама веројатно сите се исти или слични. Јас и денес имав бледа линија. Ќе баталам сега, не правам веќе, секако среда треба да одам да ме види д-р на ехо, па он најдобро ќе каже.
јас ги користам првите, ги порачав од алиекспрес. 7,8, и 9 ден само бледа црта која од ден на ден за нијанса е потемна што мислам дека е точно, овулација имам некаде на 13ти ден. Баш ќе ви пишам какви ќе бидат резултатите.