Да се надоврзам на тестовите за овулација денес линијата посветла од претходните 3 дена дали е тоа во ред? Ептен ебледа едвај се гледа 2 пати го повторив тестот во рок од 3 саати.дали е правило дека од ден нана ден треба да е потемна?
Па да јас мислам дека треба да станува поинтензивна од ден на ден, барем кај мене беше така, кога станаа цртките иста боја(тоа траеше еден а можеби и не цел ден) ,наредниот ден покажа баш бледа и тогаш престанав,е сега некаде наоѓав дека и два пати во ден треба да се прави зошто 24ч била овулацијата, а јас точно на 24ч ги правев, секој ден негде околу 19ч ,ама не ми се верува дека си ја пропуштила денес немаш потреба да правиш веќе,утре види како ке покаже, и да не случајно имаш повеќе течност испиено,или пред кратко време и wc да си била
Можеби рано почнав со тестови, уште од 7ми ден, на циклус од 28 дена пишува да се почне од 10ти ден. Не верувам дека толку рано сум овулирала зошто ќе испадне овулација за време на менструација а тоа нема логика или можеби е била доцна овулација пред да добијам.не знам што да мислам веќе. Ако има некој што знае да ми ги реши дилемите. ќе правам и утре тест, како и да е активни сме си преку ден да се надеваме на две цртички
По 10от ден почни... овие ти се негативни... а може да се случи многу повеќе доцна отколку рана овулација... ( обично средина на циклус но може и подоцна да овулираш ) следев едно време... и од 10до 14 се слаба линија испадна на 16и и 18ден да е јака линија ... Ти посакувам безоглед на тестовите да дојдеш 2цртки за бебе
Здраво. После 4 години со моите полицистични јајници и безброј негативни тестови конечно беше позитивен вчера пресреќни сме. И мој совет никогаш не се откажувајте и верувајте кога најмалце очекувате ќе биди. Бидите поздравени
Многу ти благодарам чувствувам слаба болка привремено на левиот јајник мерам температура и правам тестови, прв пат толку да се замарам.а и карантинот ни годи па имам чувство дека овој месец ќе биди фала ти уште еднаш
Нема на што мила... дајбоже да е така но безгрижа ќе биде Мора да биде некој порано некој покасно но бебиња ќе имаме позз
Девојки здраво .. ајде повторно едно прашање до сите вас .. можеби ќе се сетите дека пишував пред некое време дека минатиот месец бев со кломофен па папрегнил,па месецов паузирам со хормоните.. Е сега вака .. последна менст. Ми беше на 17.02.2020 имавме односи редовно,ги запазивме и плодните денови. Бидејки добивам на 28-29ти ден очекував да добијам месецов на 15-ти .. меѓутоа симптоми за добивање некако слабо .. градите не ми се отечени и не ме болат само имам минимални грчеви во стомакот како за добивање и малку болки минимални во кичмата .. значи 3ти ден ми доцни .. да правам тест или да чекам уште? Се плашам од разочарување .. Ваше мислење..?
Со ситуацијава моментално малку е комплицирано за преку крв .. ќе направам прво дома па ќе видиме Во секој случај фала ти
@melonka продолжи со тестови, овие ти се негативни. Имај на ум дека секој ден во исто време се прават. @Elle15 од срце честитки! Лесна бременост да си имаш и да си уживаш во неа! ❤️ @A.a.gj направи тест преку урина, треба точно да покажи, доволно време ти касни. Стискам палци
@IRBBB правев и денес, линијата е исто бледа како и претходните денови, но уште е рано 10ти ден ми е. Дали ако има бледа линија е знак дека овулација сепак ќе имам овој месец?
Ке имаш покасна овулација сигурно, февруари месец имав циклус на 29дена, исти линии имав 19ти ден, нареден месец ке си почнеш од 12,13ти ден п.с. може ке немаш потреба за нареден, дај боже
Веројатно покасно ќе имаш овулација. Немаме сите циклус од 28 дена со овулација на 14ти ден како по книга. Затоа и ги правиме тестовите за овулација за да утврдиме кога точно овулираме. Тестот за овулација прави детекција на лх хормонот. Неколку дена пред овулација, неговата концентрација расти (затоа и тест линијата е малку потемна од претходно), а 24-48ч пред овулација го достигнува својот максимум (тест линијата е потемна од контролната). Под дејство на висока концентрација на лх, настанува овулацијата. Бледа линија на тестот за овулација значи или дека сеуште не сте овулирале или дека веќе сте овулирале. Бидејќи ти многу порано си почнала со тестирање, верувам дека сеуште немаш овулирано. Доколку во текот на цел циклус тест линијата е бледа или тестот не се прави правилно или можеби циклусот е ановулаторен. Сите во текот на животот сме имале или ќе имаме ановулаторен циклус. Ако сум грешка, нека ме поправи некоја членка.
@melonka бидете активни и ова да ти се последни тестови за овулација, следно позитивен тест за бременост.