Благодарам мила дај боже да не ми требаат тестови за овулација повеќе, иако порачав уште едни од алиекспрес
Здраво дечки, и јас се придружувам на борбата, овој пат за второ. Како и со првата бременост, повторно проблеми со ПЦОС, и изостанок на овулација.. за сега сум на кломифен, па со Господ напред. Се решив пак да се придружам на оваа тема, бидејќи денес добив, после цела недела каснење, и нели во таков случај, се знае, позитивно исчекување и на крај мало (читај ради хормониве тро големо) разочарување. Одиме со полна пара напред, без откажување! Поздрав храбри мои!!
Здраво, добредојде и со среќа! Мислев дека проблемот со пцос се средува после бременост, сега малку се разочарав. Така сум слушала од сите: лек за пцос е бременост.
Па, изгледа има случаеви каде што не е така, јас сум плус и со хипотиреодизам, и вишок кг.. што секако одмага во случајов. Кај мене за цистите помогна и Фертилимин, кој го пијам редовно.
Прв пат слушам за Фертилимин ама по составот гледам дека е како Елова. Откако забременив почна да ми расне косата и не паѓа воопшто, црните кругови на препони ги немам, па се надевам ќе се средам.
Во аптека ми кажаа дека е ист на состав, ама доста подобар, побогат, и покажувал повеќе резултати.. Претходно пиев јас Елова, ама со ова побрзо стигнав до редовен циклус и немање цисти..
Се мери веднаш штом се разбудиш наутро, пред да станеш или пред било каква друга активност, приближно во исто време, пожелно од првиот ден на циклусот, најкасно петтиот ако мериш прв пат. Мерев со живин, сега мерам со дигитален, орално, побрзо и поедноставно ми е. https://24apteka.mk/product/geratherm-fusion/
Здраво девојки.... Јас денес ептен се разочарав. По консултација со докторката, ќе продолжам со пиење на Јазз.... уште најмалку три месеци ми рече поради целава оваа ситуација, и да не го изгубам циклусот. А колку многу се радував, и едвај чекав да почнеме со обиди конечно... Со ситуацијава само трудници и ептен итни случаеви примале..... Добро а не ми е јасно, што демек периодов никој нема да остане трудна?? Во ред разбирам недајбоже може би било штетно на плодот вирусов ама ептен се разочарав што ме советуваат да одложиме. Со душа го чекав последното апче....
Едно пакетче имам испиено од тие на алкалоид, но не ми беа добри и после пак се вратив на Јазз, од нив три пакетчиња. Што значи од декември до сега четири месеци.. Нели не е во ред подолго од 6 месеци? И после 6 месеци мора да се прави пауза? Баш ќе ја прашам за ова докторкава... Можно е да има изумено дека едно од тие на алкалоид испив и да мисли дека сум само на три пакетчиња од Јаззот....
Да, после 6 месеци се прави пауза. Па испиј уште 2 и таман од јуни фаќајте се за работа. И ние лани така почнавме јуни/јули ама фати во август. Ти ја посакувам истата среќа
Фала ти Јана.. дајбоже на сите да ни се исполнат очекувањата и желбите.❤️ Така и ќе биде, уште два месеци ќе си ги пијам...
Fertimilin se 770 denari 4 lenti vo kutija ima,mislam i na lenta odi samo ne znam kolku e taka.Inaku gi ima vo beti aptekite i vo zegin.
Значи отприлика во однос на цената исто му доаѓа. И за елова купувам две пакетчиња месечно и за ова би биле потребни две пакетчиња. Само во поглед на квалитет што е подобро да се зима..Баш ќе ја прашам матичната и за овие, сега прв пат ги слушам, но секое инфо е добредојдено.