Надеж има и после 5 години.Некогаш поголема ,некогаш помала.Лично јас само во пмс ја губам по малку...Но никогаш воопшто
Значи и во нив има како и во Елова за 15 дена. Може да ги пробам кога ќе ја завршам оваа кутија што ми е почната.
Probaj,jas otkako gi pijam ciklusot tocen mi e,inaku poslednive meseci kasnese po nekolku nedeli.Plus sto primetiv dali e od apcinjata ili ne,poveke ja custvuvam ovulacijata.Dr.Trajkovski mi rece deka se odlicni za poveke jajcekletki voedno i pokvalitetni.
Слично искуство имав во средата. Бев договорена со докторот ако не добијам месец дена од кога пијам терапија да одам да ме види на ехо и да решиме што понатаму. Се јавив и прашав дали прават прегледи, ради ситуацијава нели. Сестрата ми рече да да дојди, ќе те прегледа. Одам таму, докторот ми вика “Не можам сега да те прегледувам, не си бремена, немаш приоритет. Продолжи да ја пиеш терапијата и тоа е.” Толку лошо се осетив, светот ми се сруши.
Исто, многу тешко ми дојде. Сега само се надевам што побрзо да помине хаосов и со помали последици на сите, па на раат да се посветиме на темата бебе. Нас се ни се поремети и свадба и зачнувањето, но само нека биде се во ред, да сме живи и здрави тоа е. Ова е виша сила, не зависи од нас.
Ја симнав апликацијата Glow но ја користам и My calendar. Е сега која е поточна, истите параметри ми се пишани на 2те апликации, на Glow ми покажува 1 ден покасно овулација. Која е поточна?
Ти ја препорачувам Fertilitity Friend како најточна и најлесна за употреба. Ги имам и трите, а сум пробала и многу други, со тоа што Glow освен за тестовите за овулација, веќе не ја користам за друго, оти речиси секој циклус не покажува точно, а знам бидејќи кај мене двете фази од циклусот не отстапуваат за повеќе од 2 дена.
Flo е многу добра апликација,инаку овулацијата секоја апликација ќе ви јс покажува според параметрите што сте ги внесле,затоа убаво е еднаш да утврдите овулација со тест па да внесите во апликација.
Здраво девојки, пак јас. 96ти ден како немам добиено, историско стана веќе. На 13ти март имав слабо розеникаво крварење кое траеше еден ден, на 21ви март вечерта имав кафеаво, па од сабајле розево и пак прекина. На 19ти правев тест, негативен беше. Моментално, трет ден по ред имам постојана потреба за мокрење, мислам дека не е цистит пошто сум имала претходно и ме печело и болело и сум мокрела по две три капки, а сега мокрам нормално иако внесот на течности не ми е променет и немам никакво печење или болки. Длабоко во себе си правам филмови дека можеби е бременост, ама од друга страна нејќам пак да правам тест пошто сигурно ќе е негативен. Познавате ли некој како мене, што забременил и покрај тоа што немал циклус? Не можам да одам на лекар, некни ме вратија, не сум била приоритетен случај, напишав погоре. Едноставно не знам веќе ни штo да мислам ни што да правам. Моментално вие сте ми единственото место за муабет и совети.
Се е можно,не губи надеж направи си едно тестче не се мачи,ако е негативен не се секирај,знам дека дополнително ситуацијава те стресира ама ќе помине и ова.
Да, се осеќам како да сум оставена на милост и немилост на времето. Знам дека ич не ми треба стрес и негативна енергија, ама моментално се осеќам стварно безпомошно. А тест многу ми е страв да правам...
Немој да се плашиш од тест... барем ќе знаеш на што си... Нема губење надеж никако! Дајбоже да не израдуваш со убава вест, но и да не биде сега ќе биде понатака, мораш да имаш верба! Целава ситуација е многу лоша. Уште полошо е што не примаат на лекар еве вакви случаеви како тебе, но тука сме за било какви консултации има многу поискусни од мене. Само да ти кажам дека редовно ги читам твоите постови, будно ја следам твојата ситуација и едвај чекам да прочитам убав крај!
Фала девојче! Верувале или не, форумов ми помага многу во моментите кога се осеќам вака. Разговарам и со сопругот, ама не сакам стално да му ги повторувам истите муабети пошто иако ме теши и ми дава надеж знам дека ни малку не му е лесно, го осеќам. Фала ви на сите, се надевам дека ќе заврши агонијава со позитивен исход што поскоро.
Здраво девојки Вака, во брак сум 5 години и до сега не сме имале ни обид за дете ) како што врви времето некако сакам да сум бремена ). Само се плашам... Не сме финансиски стабилни со работа но не сме без помош сепак сакам ваши мислења и се надевам со бременоста и бебето се се менува )