Dali moze da zemam andol 100 ne pamtam kade procitav, za cirkulacija na matkata za polesno zabremenuvanje, dali moze sekoj den nautro ili kako, imate li sretnato vakva infor.
Мене гинекологот ми препиша аспирин 100 за циркулација, тоа ми го препиша заради тоа што јас сум пушач и за подобара циркулација
Немој да пиете аспирин на своја рака или ако ви рекол така докторот без претходни анализи за мутации и хемостаза.
Јас лично мислам дека не треба да се паузира. Поготово поради тоа што зачнувањето не е баш ‘плувни-залепи’ кај секого, повеќето од темава сме доказ за тоа. Јас си ја продолжувам мојата голгота, немам време да паузирам и чекам, секој изминат ден ми е скапоцен. Свесна сум дека ситуацијата со Корона е таква каква што е, ама не може вечно да трае. Ако има пандемија има и милион други состојби и болести кои бараат неодложна лекарска грижа. Нема потреба се да се стави на пауза, барем тоа што не мора. Сепак на крајот, ствар на личен избор е.
Девојки имате инфо колку долго без пауза можам да земам фолна киселина? Веќе 5 месеци пијам секој ден и при крај ми се, па да знам дали да земам нови или да паузирам некое време?
Нема штета, напротив, и не се прави пауза. Зимај постојано пред бременост и во бременост ќе зимаш до крај. Ако можеш наместо обична земи метилирана фолна.
Прво земав фемибион 2 месеци, ама далеку поисплатлива опција ми беше да земам обична фолна на Џемисон (во нив има 200 таблети, па дека и мм пиеше, ептен исплатливо ни испадна). Но штом метилираната е подобра, ќе земам таква. Ти благодарам
И јас не паузирам, не знам кога ќе успеам за бебе така да и јас немам време за чекање. Се сложувам со тебе, секој изминат ден е скапоцен за наз.
Имам слушнато дека лажно позитивни тестови не испаѓаат но лажно негативни има.. дали си за честитање @A.a.gj
Ако пробувате повеќе од 5,6 месеци и нема ништо одма правете хсг. Јас се зезнав што чекав толку. Прегледи, супер овулации, супер матка, супер јајници, само тоа слушав.... и џабе е се кога имаш проблем со канали а тоа на никаков преглед не може да се види. Подобро од старт да се исклучи тоа дали се ок каналите, исто како и спермата.
Девојки, дали на графиконот и некоја од вас гледа овулација? Иако тестовите за овул. само на 13ти и 14ти ден од циклус беа темни (но сепак негативни, т.е. немав позитивен тест ниту еден овој циклус). Сметам дека и графиконот покажува дека на 15ти ден имало овулација. Денес ми е 23ти ден, градите на допир ме болат и наутро се будам со болка како да ќе добијам. Тоа чувство преку ден го немам но одвреме навреме тапа болка и грчеви слаби во долниот дел. Што мислите?
Јас мислам дека ти е трети ден по овулација, под услов температурата да остане висока. Инсталирај Fertility friend, нема да треба да претпоставуваш, апликацијата сама си пресметува, макар и само температура да внесуваш. Околу 10 години си мерам температура, сите апликации ги пробав, верувај, оваа е сеуште најдобра.
Затоа сме тука, да прашуваме, да споделуваме искуства, да се поддржуваме и охрабруваме.. заедно сме посилни и заедно ги постигнуваме посакуваните цели
Потполно се согласувам со тебе, еве да ти се приклучам не си сама и јас ја направив таа грешка, и сега треба да чекам уште не знам колку време за да направам хсг, а земајќи ја предвид ситуацијава ќе биде тоа уште долгооооо време.. но нема откажување
Јас пиев фолат на Џејмисон пред да останам бремена. Сега пијам пренатал на Џејмисон пак. Фемибион се сигурно добри ама ептен маваат по џеб...
Со оглед дека немаш проблем со забременување, а фала богу имаш и родено живо здраво и право детенце, логично е кај тебе обичната фолна к-на да врши работа. Овде претежно пишуваат жени кои се борат со идиопатски стерилитет, многу од нив немаат испитано генски мутации, немаат направено трансфузиолошки испитувања. Затоа 'советуваме' за секој случај да земат метил фолат, од кој се нема штета ( освен финансиска нели). Ако имаат мутации џабе ќе ја пијат обичната фолна. Се надевам Не ме сфати погрешноhug:
Членката пишала дека пие фемибион а што содржи тој не знам, не и мислев секако лошо, бар тука редовно 4 години следам и со многу членки имам поминувано се и знам колку им бил тежок патот до бебенце. Посакувам сите да немаат проблем, а веќе кога ќе се борат би сакала да дојдат до она посакуваното... @pandelka и @Bebulleee знаат дека немам лоша мисла. И не. Нормално не сфатив погрешно
Знам бре срц дека пружаш максимална подршка. Затоа и си дозволив да ти реплицирам. Фемибионот содржи метилирана фолна, затоа е и поскап од останатите вакви суплементи кои обично се пијат во прво тромесечие. Во ниедни други пренатални витамини нема метил фолат во составот.