По тоа ти што го велиш испаѓа дека овул. била на 17ти ден, тестовите од 15-18 ден скоро и да немаа втора линија. Затоа мислам дека беше на 15ти ден. Чекањево мава на психа па некако сите овде бараме надеж и совети, тоа ептен помага додека сме во исчекување. Се надевам нема да добијам. А ќе ја инсталирам и апп која ми ја предложи. Фала ти
Температурата и тестовите не ти се совпаѓаат, не знам што да ти кажам, освен да ја инсталираш и оваа апликација и ако случајно пак ти требаат, а се надеваме дека нема, да си земеш тестови од ebay или амазон. Јас купував од овде https://www.amazon.co.uk/dp/B0071N6YOA/ref=pe_3187911_189395841_TE_3p_dp_1
мила во fertility friend ги внесов податоците за темперстура за цел циклус, ме радува исто мислиме кој ќе чека сега уф... Дај Боже кај сите што се во исчекување да има две цртки.
Не се совпаѓаат дефинитивно, овие од алиекспрес сигурно затоа се мн евтини дека не ги бива. Прочитав и други се жалат од нив. Ако добијам ќе ги порачам твоите, дај Боже да не ми требаат
Osven klomifen za ovulacija koi drugi se za ovulacija i za sozdavanje na jajce kletki t.e nivno podobruvanje
Летразол. Ама на своја рака Не. Ќе си се консултираш со докторот кој те води. Има и инекции.. Свашта има. Али доктор ќе ти одреди дали и што да земаш
Стварно многу добра апликација. Си доплатив три месечно ВИП членство и не се покајав. Уште првиот циклус запишував се, и стварно многу беше детална апл и имаше многу делчиња со информации и објаснувања. Првиот месец од кога почнав да ја користам ги добив II цртки Посакувам сите да ја имаат таа среќа и препорачувам да си ја инсталираат апликацијата
Хахах .. офф дај боже да си во право. Дај боже да има за честитање .. скоро 1 година очекувам две цртки на тестот.. Се слушнав со матичната,ми доцни 15 дена .. од понеделник ќе ме прими на преглед па ќе видиме .. *
Девојки, после 4 месеци обиди пропратени со огромни стресови, без успешно. Што би ме советувале на следен чекор ? Испитување на хормони - кои, каде , дали матичен доктор или гинеколог дава упат? Цени за државно/приватно? или пак хсг ? - последен преглед кај гинеколог имав некои бактерии пиев терапија се надевам чисто е .. не ми искоментира ништо друго освен пробувајте, до година дена е нормално. Мене искрено не ми се чека, не ми се губи бреме .. ( подобар доктор у градот неможам да бирам, ги нема, освен да почнам по Ск да идам ) Од витамини пијам фолна, Д3, вит Ц , Е и Цинк ( ми даде Pregnacare before conception ама скапи ми се ) Се извинувам на долгиот пост
По колку год имате со партнерот? 4 месечни обиди не е баш 'загрижувачки' период. Свесна сум дека желбата за бебе е голема, али па Не и да се стресирате. Освен ако не сте во поодминати години. Хормонски статус, брисеви и пап Не е на одмет да си направиш. Хсг периодов посекако не прават, ради коронава.
Убаво ти кажала Бубе. Ако на обиди од 4 месеци имаш ‘огромни стресови’, што ќе се случува понатаму ако недај Боже чекате и подолго? Прво и основно мораш да го смениш ставот пошто на телото му праќаш погрешни сигнали несвесно. Ова ти го зборам пошто сум во иста ситуација. Ние пробуваме дупло од вас, 8 месеци. Нестрплива сум да, загрижена исто, ама огромни стресови не си дозволувам да имам пошто хормоните се тесно поврзани со стрес и можам само да долеам масло на огнот. Луѓе чекаат со години, па се јаки. Проверки сега тешко дека можеш да направиш било какви кај матичен. Работат само за ‘приоритетни пациенти’. А на приватно да правиш хормони и брисеви според мене е прескапо и во овој момент не ти е ептен неопходно. Почекај да се среди хаосов, во меѓувреме најди начин да се опуштиш малку и може ќе се деси кога најмалку ќе очекуваш.
Уфф.. ми олесува кога ве читам .. животот ги носи стресовите несвесно, останав без работа, смртен случај, откажување свадба ради ситуацијава .. аман .. се трудам и ке се трудам да работам на психа .. се надевав немам некој проблем , редовна менст имам, можеби треба подолго време .. ке почекам да се среди све и ке почнам со проверки .. фала ви многу !
Мила и ние се обидуваме 4 месеци, но воопшто не мислам дека нема да биде. Баш сум убедена дека наскоро (до лето) ќе ги видам двете посакувани цртички. Пред да почнеме со обиди испитав хормони, микроболошки брисеви, Пап тест и спремограм и спермокултура направи мм. Фала Богу сите резултати се супер, затоа верувам дека ќе биде. Не се многу 4месеци, млади сте но ако сакаш да бидеш малку успокоена можете да испитате и вие истото.
Што убаво изгледа твојот графикон како по книга, убаво се издвоени двата периода пред и по овулација. Дали е ова од месецот кога забремени?
Епа многу ти се собрало девојче, баш ми е жал. Ама ќе помине, сама мораш да си дадеш најмногу мотивација и секако партнерот, разговор со него многу ќе ти помогне, бар кај мене е секогаш така. Ете следи го примерот на @melonka Верувај позитивниот став многу помага. И јас не сум баш од тие најпозитивните и затоа те разбирам. Ама ќе биде добро ќе видиш. Секогаш после дождот огрева сонце, колку и да звучи како клише, така е...
Да да, ова е првиот циклус што почнав да мерам базална температура. Односи имавме два дена пред овулацијата и еден ден после, на самиот ден на овулација не. На 27ми ден направив прв тест и испадна позитивен (вообичаено циклусот ми беше 28дена)
Те гушкам @Bella_Stella те читам од почеток, знам низ што поминуваш и се надевам дека брзо ќе се реши се. Држете се девојки, само храбро, тука сите сме со иста цел мора да сме упорни.