За мерак. Лесна бременост мила дали може да споделиш симптоми? Кај мене денес слаби болки во половината, воденкаст исцедок и некако поизразени вени на градите. Уште 6-7 дена до добивање обично ми е точна на 28 дена.
Благодарам Дај боже да ти се посакуваните симптоми и брзо да се израдуваш на II За симптоми искрено не сум обратила внимание бидејќи мене тој период ме фатија јаки болки поради јака уринарна инфекција (маки си мачев од времето со ешерихија). И затоа избрзав за тест да знам дали смеам спазмекс да се напијам, а и после уринокултурата антибиотик. И така наредни две недели ми поминаа во маки, со чаеви и природни препарати за да се куртулам од ешерихијата. За првата бременост бидејќи беше непланирана дури после вториот месец дознав дека сум бремена, рачунајќи дека се вративме од море па промена на клима и заради тоа да ми се пореметил циклусот ( имав како слаби пред менструални болки и поосетливи гради, но тоа се симптоми и за пред менструација). Дај боже да се израдувате сите на позитивни тестови, и да имате лесни бремености
Утре одам на преглед кај матичен па ќе видиме што ќе ми каже .. само се молам да биде тоа што сакам .. да не е некоја циста или нешто слично..
А денес никакви симптоми освен градите што многу ми се отечени и ме болат не можам да си ги допрам, а така ми се случува секогаш пред добивање. Како треба да биде така, како е Господ никој не е. Кога треба да НЕ добиеш?
Само што доаѓам од кај матичната .. на ехо се виде нешто многу малечко и докторката се посомнева на рана бременост .. ми земаа крв и сега ќе чекаме резултати за кратко ќе ги добијам ... Се надевам дека ќе биде позитивен ..
Жалам мила, ајдеее ќе биде само позитивно дали се слушна со матичната, ти објасни ли што е тоа малечкото што го видела на ехото?
Тоа е тоа .. со господ напред продолжуваме понатаму.. не ми објасни матичната ништо искрено се разочарав од резултатот и не ја ни прашав.. Само ми кажа да земам елова или овунорм.. и да ставам утрогестан.
Што мислите помеѓу еловата и овунормот? Според мене овунормот повеќе состојки има мислам дека е подобар..но сепак сакам и ваше мислење..
Зависи за што ти се дадени. Еловата содржи 4 гр Мио-инозитол, а овунормот 2гр само инозитол. Што ти рече докторот? Ти да одбереш? Ако Не си со некој тежок ПЦОСС, можеби онувормот е подобар. Ама сепак консултирај се со др.
Женски дали и на некој од вас ви се случува истото како и мене кога некој ќе ви каже дека очекуваат дете во исто време се радуваш за нив ама и чуствуваш гоолема болка во душата. Незнам дали е до мене, дали сум лоша личност, или незнам како да го дефинирам нештото ама само знам дека е многу тешко поготово две години кога ке поминат без успех......