Здраво, јас и маж ми се трудиме да имаме бебче повеќе месеци ама до сега ништо... млади сме јас 21 тој 25 ама сепак сакаме. Ама овај месец имам малце почудни “менструални” симптоми, градите ми се многу јаки, пупките зголемени( прв пат такво нешто), стомакот тврд и последниве утра ми е многу затнат носот а не сум настината ?! Можно е да се сиптоми за бременост или ?
zdravo, pravev lletz konizacija pred edna godina, uspesno pomina, imav cin 1 nakaj cin 2. posle toa pravev kontrolni pap testovi do sega 3 i site se uredni. odnosi so soprugot imame so zastita - kondom, pa me interesira do koga bi trebalo da imame so zastita, odnosno koga bi mozela da planiram bremenost bidejki i mislenjata na doktorite na taa tema se razlicni
Девојки јас имам едеен проблем.. Последна менст.ми беше на 17.02.2020 ,требаше да добијам околу 15-16 март,но еве до ден денес нема ништо..секако направени неколку тестови и беа негативни .. ова не ми се случило вака да ми доцни можеби 7-8 месеци и повеќе .. ама јас цело време примав утрогестан и имав редовно,а минатиот месец го прекинав и еве ми закасни .. а во јануари примав и кломифен така да незнам сега што е причината што мислите вие? Матичната ништо не ми кажа за тоа .. ми рече ставај неколку дена утрогестан додека не добиеш.. и како сега јас кога ќе добијам да рачунам плодни денови? Се ми се поремети .. аман веќе.. И дали е штетно толку да се прима утрогестан? Јас примав од 16до26ти ден од циклус редовно секој месец и си добивав на 28-30 дена..
Утрогестан е прогестерон,ќе добиеш од кога ќе ги прекинеш а не да ги прекинеш кога ќе добиеш,ретко се случува тоа. Утрогестанот не се за регулирање на циклус,тие се поддршка во случај да си останала бремена. Те виде матичната на ехо,бидејќи си пиела Кломифен а тогаш телото создава повеќе фоликули можно е да ти се направила фоликуларна циста која би требало да пукне со наредниот циклус. Најдобро нека те види на ехо.
Втори месец како се обидуваме за бебе. На 1-ви правев тест за овулација и испадна позитивен. Треба да не добијам на 16-ти. Немам никакви симптоми сега за сега...
Исти клуб и овој месец сме И јас ништо богами само од време на време ама ретко знае грч малку во долниот дел на стомакот ама не му давам значење. Дај боже да бидне
Па ме виде на ехо ама не ми кажа ништо за тоа .. само ми кажа да земам утрогестан .. лелее пред некое време дискутиравме за матичниве и кажав коллку е само незаинтересиранаа ... Јас сум си крива што одам пак кај неа .. ццц Незнам што да правам више.. јас јануари примав кломифен и во февруари си добив инсега во март ми доцни..
Доста време те читам како се мачиш со различни терапии и јас мислам дека е време да ја смениш. Не за друго, тебе ти треба специјалист не ми се верува матичната да може да ти помогне за забременување. Ако памтам добро ти имаше полицистични јајници и ти имаше дадено утрогестан за тоа. Немам искуство со утрогестан, не знам за што конкретно се препишува ама искрено не сум слушнала на некоја за пцос да и препишат. Не знам сега со вонредната состојба каде можеш на преглед ама има прекрасни доктори што можат многу повеќе да ти помогнат. Ти буквално се мачиш и стално тука имаш прашања што ни докторката не знае да ти ги одговори. Може има некоја членка во друга тема да ти помогне, јас искрено често ни прашањата не ти ги разбирам зашто немам искуство со тие терапии.
Баш поради ситуацијава и никој друг не ме прима,а вие сте помогнале на многу членки овде,а јас сум во безизлезна ситуација и затоа и ве прашувам можеби некоја имала слична мака како мојата и ќе може да ми помогне.. се извинувам на сите ако сум толку несватлива со прашањата.. сите сме овде со некоја мака. Ви благодарам на сите за досега одвоеното време...
Погрешно ме сфати изгледа Сакав да кажам сакам да помогнам ама немам искуство со утрогестан, па затоа ни прашањето не го разбирам. Нормално дека ќе прашуваш затоа е форумот. Да беше заинтересирана докторката како што рече, ќе ти беше јасно и тебе. Нека заврши ова побрзо и советувај се да одиш кај друг доктор. Ти посакувам се најдобро
Да после видов дека во февруари после кломифенот си добила. Смени ја докторката,не може на секое со утрогестан,треба да утврдите од што ти е таков циклусот и си има друга терапија за регулирање,утрогестанот е нешто сосема трето. Тешко е во периодов за шетање по доктори знам,ама ќе помине и ова па ќе се консултираш со специјалисти.
Мила те следам ба темава и ќе ти дадам еден совет најдобронамерен,ти веќе една година се мачиш со твојата матична и гледам дека ти препишува апчиња,кломифен и други работи ама за жал според моето искуство до сега матичните немаат баш знаење за да се справуваат со ситуации како полицистични јајници и случни проблеми секако има и исклучоци ама мн ретки се.Мој совет нека помине пандемијата и закажи си кај некој специјалист за асистирана репродукција,знам дека кога ќе се каже зборот асистирана репродукција одма луѓето мислат дека кузнае каков проблем имаат и дека одма на инвитри се праќа но тоа не е точно баш напротив тиа луѓе се специјализирани за да се справат со поспецифични женски проблеми и немора да значи дека одма на инвитро ќе одиш туку според твојата ситуација ќе ти се даде терашија и ќе останеш бремена.Ти веќе една година се обидуваш и препораката е ако после една-една ипол година нема бременост да се започне со основни испитувања како пап и микробиолошки што е нормално,хормони и хсг а тоа е проодност на канали и кај мажот спермограм и спермокултура и така ќе се знае целосната слика.Јас не можам да замислам како матичните даваат кломифен без направено хсг односно како даваат кломифен а не знаат дали каналите се проодни.сепак тоа се хормонски апчиња и без потреба ако се пијат може да направат повеќе штета а ако се даде кломифен ќе треба да се следи на ехо овулацијата..затоа мила моја ти советувам да се откачиш од таа матична,опушти се периодов додека трае пандемијата може па и природно ќе останеш вој период а ако не бидне ништо кога ќе заврши пандемијата да си отидеш кај специјалист да си ги направиш испитувањата и да не си губиш време со матична да те труе со апчиња.Извини мојот совет е најдобронамерен бидејќи јас веќе 4 години го одам овој пат и сакам да помогнам со моето искуство.Ти посакувам дај боже периодв да останеш бремена,само со позитивни мисли и да немаш потреба за ништо дополнително
Девојки... Имам уште 7 дена до циклус. Но, сега видов кафеавко на гакичките и плус така ептен секрет погуст невообичаено за мене, кога се избришав беше какп бледо розево. Незнам стварно што сигнализира ова ама малку како потресена сум и еве почнува доле стомакот да ме здоболува по малку
Еј Јана. Кај мене има пресврт на настаните, ама не сум пишала пошто не сакам да ве гњавам стално. Бев кај приватен гинеколог како што пишав погоре и он ми сугерираше да одам кај ендокринолог пошто се сомнева на проблем со тироидната освен со ПЦОС. Те послушав тебе и сакам да ти се заблагодарам многу за сугестијата! Во понеделникот бев кај д-р Стефанка во Ремедика. И ги однесов сите досегашни резултати, разговаравме за се што ми се случува, ми направи ехо преглед на тироидна и плус проверивме уште еднаш тироидни хормони иии се испостави дека имам хашимото/хипотироидизам. Проблемот со циклусот според неа е од комбинацијата на ПЦОС и тироидната. Се изреволтира зошто никој гинеколог до сега не ми дал терапија за циклус и ме оставил да се мачам. Ми препиша Еутирокс за тироидната, Спиринолактон за покачениот тестостерон, Глукофажот ми го зголеми на 1500 мг, Селен 2 x 100 мцг, плус витамините што си ги пијам. А за еловата ми кажа дека не е добро да ја пијам во комбинација со Глукофаж, не си одат заедно вика. За циклусот прво мислеше да ми даде три месеци да пијам Јаз, ама се консултираше со гинеколог и реши дека подобро е да пијам Примолут нор 10 дена, да чекам да добијам, ако не добијам за 5 дена да одам на преглед кај гинеколог и да види дали треба уште еден циклус од 10 дена. Многу, ама многу сум задоволна од докторката. Смирена, темелна, се гледа дека знае што прави. Ми вика дур не ја средиме тироидната и дур не ги доведеме ЛХ и ФСХ во сооднос, бебе е апсурд. Од кога почна да ми кажува кои се симптомите за тироидна, еден по еден почнав да си ги препознавам сите кај мене. За еден месец сум на контрола, да видиме како реагирам на терапијата и тоа е тоа. Во понеделникот имав измешани емоции, цел ден си го поминав плачејки. Многу ми беше тешко да прифатам дека на 28 години ги имам сите тие проблеми и дека треба да пијам една рака апчиња, ама денес веќе сум подобро. Морам да го прифатам фактот дека е така и да сум благодарна што конечно мрдам од мртва точка. Мој совет до сите, ако имате и најмал сомнеж дека нешто не штима со тоа што го прават вашите матични лекари, барајте си второ, трето, петто мислење луѓе. Не губете драгоцено време, ве молам! Фала ти Јана уште еднаш од срце! Советот да одам кај д-р Стефанка никогаш нема да ти го заборавам и ќе ти бидам вечно благодарна!
Ох мила и јас имам хипотиродизам, ама сеуште имам нормален циклус. Ќе ти се среди се со еуторикс за неколку месеци не се секирај. На колку мг те ставија?
Јас имам комбинација од хипо и хашимото мила. Ме стави две недели на 25мг, а после 2 недели да зголемам на 50. Ти како ги пиеш?
Ах леле колку ми е мило Стефанка е срце, на сите ја препорачувам. Знаев дека ќе мораш со Примолут и евентуално Јасмин/Јаз ама нејќев да те напнувам многу, доволно ти беше се друго на глава. Да знаеш како ги карам тие што ми се блиски дома Ајде ќе видиш сега полека како се ќе си дојде на свое место