Јас ги пијам има една година. Пред година дена не планирав бременост, па првво 25мг 3 месеци, 50мг за викенд 5 дена 25мг се тоа три месеци. Па после 50мг 3 дена, а 4дена 25мг 3месеци. Од 13тсх ми се спушти на 4. И после кога ме праша кога сакаш да забремениш и кажав кај фебруари или март. Па ме стави на 50мг секој ден. Сега не знам колку ми е тсх, ми рече контрола по 6 месеци. Контрола треба да правам крајот на мај. Ама јас правев тест за овулација 1 март испадна позитивен. Сеуште сум плодна, па не знам...
Да ти кажам право, може и си требала да ме "напнеш". Ама добро е, среќа се опаметив и се пуштив во акција. Инаку јас ја прашав дали после Примолут Нор треба да пијам и Јаз, ми вика не, доволен е Примолутот за сега.
Супер е тоа. Мене ТСХ ми беше стално горе - доле, докторката не можеше да се изначуди на резултатите. Имав моменти на хипер, па моменти на хипо. Прв резултат од проверка во декември ТСХ 4,98, за брзо после тоа да почне нагло да паѓа и најниско до 0,029 ми стигна пред месец ипол. Во петокот си викам ај да проверам пак пред да одам кај ендокринолог, да имам попресен резултат, ТСХ - 50.3 - лудило. Не знаев дали да верувам во резултатот, не знаеше ни докторката. Проверивме таму уште еднаш. ТСХ 30,2, а антитела до плафон. Тоа фактички и покажа дека имам хашимото. И така сега ќе си пијам терапија и ваљда ќе се стабилизира.
50тсх уфф, ај ќе ти се регулира со еуторикс не секирај се. Откако ќе ти се регулира сѐ ќе останеш бремена ич да не се секираш, драстично ќе ти се промени се и ќе си имаш здраво бебче. Само ме интересира како не си приметила симптоми за тироидната. Јас приметив дека не можев да се сконцентрирам никако на ништо и дури кога некој ќе правеше муабет јас не можев да слушам се губев а и имав голем замор, додека пак период имав обилен по 4 - 5 дена и многу болки во стомакот кога ќе добиев. Сега имам и концентрација и се и имам многу енергија,а и имав овулација. Ќе видиѓе за 1 недела дали ќе добијам.
Не знам, на мене изгледа од скоро ми се има изреметено. Симптоми очигледно сум имала ама не сум знаела да ги препознаам. Нон стоп сум и јас без енергија ама мислев дека ми е ради нискиот притисок. Интересен симптом ми е сува кожа на лактите. Докторката ми вика дај да ги видам, јас си викам што има тоа сега врска, а уствари и тоа да ти било показател. Исто немам концентрација, ама пак мислев дека е од притисокот. Повремено имам тврда столица, а во последно време многу сум напната и нервозна и се ми пречи. Се надевам дека сега со терапијата ќе се смирам малце.
Абе како сме слични и јас имам низок притисок и суви лакти. Ќе се смириш море за 3 месеци и енергија ќе добиеш и концентрација и нема да имаш несоници ич да не се секираш. Ќе биде се, само трпение. Гушки
Се надевам дека ќе биде мила. Фала ти за споделеното искуство, па чекам да ни се пофалиш со убави вести за брзо.
Имам пријателка со хашимото и има две дечиња природно остана бремена, немој пред време да се разочаруваш. Се ќе се среди.
Гледам и претходно ти спомнале други дека се задоволни од докторката. Нека се среди се што побрзо, сега си во добри раце и да се израдуваш со II.
Девојки кои подолго време се обидувате за дечиња, дали ви се случило кога ќе ви кажат "ајде што чекате " да одговорите дека не сакате деца во тој момент и имате други важни работи да завршите? А всушност најмногу што сакате е бебенце, но едноставно не се фаќа. Чувствувам грижа на совест секогаш кога го давам овој одговор, некогаш помислувам дека баш поради ваквиот одговор и не ми се исполнува желбата. Но, не е нивна работа нема зошто да прашуваат постојано. Хелп ми
Ми се случува, зошто друг одговор и не знам каков да им дадам. Никогаш на никој му немам поставено такво прашање, а јас го добивам. Само сестра ми знае дека пробуваме и не бива. Тоа си е приватна работа и нема зошто другите да ги засега. Јас не чувствувам грижа на совест кога ќе дадам таков одговор. Само ми е тешко пошто викам дека моментално не е време за нешто што најмногу го сакам. Ама тоа е, не ми оставаат друг избор...
Pa mi kaza da go stavam vaginalno od 16-26ti den racunajki od prv den na ciklus sekoj mesec .. pretpostavuvam kako sto ja razbrav ako dojde do bremenost kako za potkrepa ili zadrska na plodot..
Не не .. нека помине лудилово .. одма ја мењам .. или пред тоа еден сериозен муабет со неа .. или ќе почне да се однесува како што треба или си одам .. знам дека за еден пациент помалку или повеќе не е важно ама еден по еден .лош глас ќе ја бие секаде понатаму .. И јас сум здравствен работник .. ако вака се однесувам со пациентите незаинтересирано ...
Фала ти најмногу за одговорот .. ќе те послушам и ќе направам се што кажа.. сепак повеќе време се занимаваш со ова и си поупатена .. фала ти многу.. и дај боже што поскоро да си дочекаме сите
Исто. Друго немам што да додадам. Не сакам да расправам проблеми ниту со домашните. Со никој не разговарам за тоа, освен со маж, нели А си зборат, си подговараат, си потпрашуваат... засега имам добар изговор. А маж знае некогаш да каже - не е ваша работа!
Не се грижи воопшто .. не си единствена .. врати се малку наназад пред некој ден пишувавме за тоа .. јас секогаш им викам ќе биде кога ќе даде дедо боже, и мене ми се качуваат на глава .. посебно свекрва ми .. ама кој не осетил незнае колку боли па си прашува како да е на пазар
Не знам како ќе изреагирам да ми речат тоа. Навистина не знам. Крајно некултурно е некој, било кој, да поставува такви прашања и да се меша во една таква деликатна тема. Не знам кај ќе го отерам најсериозно. Кај мене олеснителна околност е што не сум во брак, па не им текнува за тоа да прашаат. Ама затоа "што чекате, ајде свадба" е неизбежно. Домашните ме знаат каква сум и избегнуваат да прашаат нешто од приватна природа, па со нив немам проблем. Другите фино лепо си добија соодветен одговор, согласно соодветното мешање кај што не им е работа.