Ние со мм имавме однос на 12 и мене тогаш ми беше најплоден денот. Па исто и јас чувствувам така затегање на јајници, болка во стомакот, некогаш ми се лоши малку така, се заморувам од време на време. Си викам може од топлото да е, може од што треба во петок да не(добијам), не знам. Или може од самата помисла да е. Ајде ќе почекаме да видиме што ќе се случи здравје само. Тоа што е наше ќе си дојде. Поздрав и те очекуваме да не израдуваш со две цртки.
јас сакав да прашам дали е можно од апчињата јасмин што ги пиев минатиот месец да имам пореметување во овулација и слично? овој месец менструацијата ми траеше подолго од вообичаено (претпоставувам нормално заради операцијата) па се чудам дали и овулацијата би ми била покасно... до сега не сум имала проблем знам точно кога имам овулација според секретот ама овој месец не осеќам ништо немам ни промена во секретот... можеби за неколку дена ?
уфффф јас изгледа ќе добијам....и тоа порано. Утрово се разбудив и со забоболка и со грчеви како за добивање. Иначе осмиците на стари години ми растат.
Да ти кажам мене отсекогаш ми била точна лошава теткица ни ден ми каснела, ниту порано ми доаѓала. Ама баш точна како швајцарски саат. Така да, ќе видам сега до петок. Некако ме фаќа нервоза, некои с'клети ме фаќаат исто. Ќе видиме до петок. И мене јајнициве ме подболуваат малку така, ама чудни некои штрецкања имам во пределот кај јајниците и во стомакот. Од еднаш знае да ме пецне нешто. Хм, не знам што да мислам повеќе. Ќе почекаме до петок да видиме. Ајде со Господ напред само без нервоза не се нервирај. Пиши ни Мелани ако има нешто, и без нервоза мила.
Секако дека е возможно. Јас пиев Јасмин долго време, откако го прекинав ми се поремети кратко овулацијата и мензисот, ама се среди многу брзо. Плус јас бев со триста цисти, ама ете, се се среди. Може да ти касни овулацијата, и така таа не е секој месец во исто време.
melanie27 и Agrona и јас имав чувство дека ќе добијам порано, па не добив. Тргнете ги симптомите на страна, воопшто немојте да им правите анализа, само се измачувате така. Почекајте до датата кога (не) треба да добиете, па уште 2-3 дена нека ви доцни (дај Боже да ви доцни) и одма по еден тест да си купите. Јас стискам палци овој месец да има уште 5-6 нови трудници - мора да има!
Јаготче мила ти благодарам за поддршката Имам некоја надеж во мене. Па ќе видиме. А тебе ти посакувам да бидеш најубава трудница да си имаш убава и лесна бременост.
ништо и овој пат не помогна ни море ми одмор ни опуштеност е веќе незнам што треба т.е знам треба чекање и трпение ама некако ми се при крај
не се разочарувај ке видиш дека ке се случи и тоа и тогаш кога најмалце ке очекуваш нема да ти дојде менс и ке направиш тест и ке биде позитивен верувај агрона и мелание немој веднаш со разочарување... кога чекаш менс да дојде може само сиптомите да бидат дека ке добиеш а да не добиеш само позитивно и верба
Леле и јас сум во истата ситуација како тебе ништо мислам дека не ми помага и се понапната станувам.Колку време пробуваш да забремениш.
girl-miri мила ти благодарам и на тебе за поддршката. И ти исто како и Јаготче да си имаш убава и лесна бременост. Wanna.be.mum немој мила да се разочаруваш. Ајде со Господ напред само, ако не овој пат нареден ќе биде. Јас пак се чувствувам чудно некако, отсекогаш сум била оптимиста за се и сум се борела до крај за се, сега се чувствувам некако потиштено, чудно, уште не знам ништо како да сум ја изгубила битката со вештерката Чувствувам болки во пределот на јајниците како што пиша и Мелани како да секој момент вештерката ќе дојде. Ајде има време до петок ќе почекам Но, ајде нема да се разочаруваме ако не овој месец нареден СЕКАКО. Ајде девојки ние можеме, да водиме љубов, да не мислиме многу на тоа (ама кого залажувам јас, кога и јас мислам), помалку стрес.... И по не знам кој пат ќе речам ТОА ШТО Е НАШЕ ЌЕ СИ ДОЈДЕ. Wanna.be.mum мила без нервоза само со Господ напред одиме до крај и не се откажуваме.
Agrona мила нема проблем тука сме за подршка јас 6 месеци секој месец добивав и почнував да паничам а овој месец со толку проблеми и стресови не ни мислев на бебе. кога ми каснеше менс мислев од стресови и пак заборавив за бебе од толку проблеми и со мм кога имавме односи воопшто не зборевме за бебе бидејки имавме др проблеми а јас бременс затоа кажувам не мислите на бебе водете љубов и уживајте. не се разочарувајте само напред
2 години со една мала пауза измеѓу тоа е сите испитувања во ред останува чекањето да имаме сила само и некако да го прифатиме тоа ама пак е тешко ајде еден ден ќе се радуваме
Wanna.be.mum гледам имаш 28 години, млада си немаш потреба да се секираш толку. Штом си ги направила сите испитувања и се е во ред, тогаш верувај дека проблем е психолошката состојба. Од преголема желба и толку замарање не сака да се фати. Како што кажа girl-miri по 6 месеци обидување да има бебе кога имала најмногу обврски и немала време да мисли на бебе, баш тогаш се фатило. Ете што е лекот, сите да си најдете некоја занимација која ќе ви го одвлече вниманието под итно! Студирате? Книгите во раце и спремајте испити, ако не земете книги и читајте, насочете ги мислите на друго место, па ако не се фати јас А******** да не се викам. Ако позитивните мисли можат да излечат многу болести, не мислите дека можат и да направат полесно и побрзо да забремените?
ајде и јас моето иксуство да го споделам може некој ќе се пронајде во истата ситуација. значи со мм скоро година дена се обидувавме и тоа ептен активно .....јас цела година не работев и почна да станува опсесија која завршуваше неуспешно нажалост. после цела година за среќа почнав со работа а со тоа се создадоа и многу нови ситуации нова средина нови луѓе нова работа непознато секако стрес...... имаше се само мисли за бременост не. и во случајна ситуација јас приметувам дека нешто се случува од нигде никаде на огромно изненадување на двајцата се случи бременост. незнам искрено на што се должи но евентуално внатрешната психа кај нас жените поготово има огромна улога не сакам да звучам ко некоја сега го поминала проблемот па ќе се пувка. само сакам да споделам лично искуство за поука која и сама ја извлеков. затоа што позафатена глава со работа или било што друго е од голема предност поздрав до сите и ви ја пуштам сета среќа тие што сакаат набрзо да си го остварат сонот
Честитки на сите идни мамички ви посакувам лесна бременост...се што е наше ќе си дојде )) ајде може и јас да ве израдувам деновиве ми остана уште еден ден до лошата тетка се надевам дека нема да дојде ))
неописливо премногу срека а има малце и страв мислам еден куп прасајна усте од поцеток дали поцнало да цука срцето па после како се развива па дали је се ок со крвта и така некој раб ама кога це појдис на контрола и кога це ти кази док дека је се ок е тогас летас до 7 небо. а кај мене посто си цекав за третово 5 години да се фати секоје сабајле прво сто це станам је гледам дали ми је стомацево тука сто знам мози сум малце улала али 5 год разоцарувајне не е малце