Фала ти Саба, на крај излегува дека многу од вас тука беа во право. И да знаете дека само ради вашите сугестии стигнав до откривање на проблемот. Ако чекав матичните гинеколози да ми го решат, никогаш немаше да биде решен. Многу сум среќна што се освестив и ве послушав. И многу сум ви благодарна за ефективните совети што ми ги давате. Инаку да, и сама кажа докторката дека Глукофажот не ми е неопходен, ама дека ќе ми го остави да продолжам да го пијам, пошто со него има многу позитивни искуства во враќање на овулацијата и дека само може да ми помогне дополнително. За комбинацијата на Глукофаж(метформин) и Мио инозитол може и грешка да ја разбрав, стварно бев во шок од многу нови информации. Пред да ја добијам новава терапија пиев Фертилимин, исто како Еловата, сабајле и вечер, далеку од оброци. Со оглед на тоа дека сега пијам Еутирокс на гладно, не знам дали можам да го уфрлам Фертилиминот заедно со земањето витамини после доручек?
Не смеат да се примаат суплементи што содржат јод кај хашимото. Пр. Фембион содржи јод и не смее да го пиеме тие што сме хипо/хаши.
Никогаш немам пиено Фемибион јас, а овие Елова и Фертилимин не знам дали содржат јод? Мислам дека не.
Не знам какви витамини земаш, се надевам дека ти кажаа да ги пиеш минимум 2 часа по земањето на Еутирокс, а што се однесува до Фертилиминот, тој има добар ефект и врз тироидната, меѓутоа не додавај ништо сама без претходна консултација со ендокринологот.
Ми падна чудно, јас го примав подолг период со првата бременост. Немам слушнато дека се дава и во период на планирање бременост, сепак тоа е хормон прогестерон, и што ако не дојде до бременост а се прима тој хормон посебно ако не е испитано неговата застапеност во твојот организам, но можеби така треба
Земам ПреМама плус дополнително Селен уште 150 мцг, пошто препораката од докторката е да земам 200 мцг дневно, а ПреМама содржи само 60 мцг. Инаку не, не ми кажа да ги пијам витамините минимун два саати после Еутироксот, ама чим така е подобро од утре така ќе правам. Јас по овој редослед ги пијам сите апчиња: Сабајле на гладно Еутирокс, пола саат после тоа доручкувам и пијам Глукофаж од 500мг, а кратко по него пијам ПреМама + 50 мцг Селен (што значи растојание меѓу Еутирокс и витамините имам негде 1 саат). После еден саат од Глукофажот пијам Спиринолактон, за него ми кажа докторката дека мора да има два саати растојание со Еутироксот. После еден саат од Спиринолактонот пијам Прималут нор, а после 12 саати го пијам второто апче. После ручек пијам Глукофаж од 1000 мг + Селен 100 мцг. Ок е вака?
Супер. За терапијата што ја имаш битно е Еутироксот да е "сам" и на гладно, а другите се земаат со јадење. Некои производители на витамини препорачуваат да се земаат 2 часа пред или после лековите, па ако има можност земај ги 1 час подоцна. Ова не важи за селенот што го земаш со Глукофаж.
Мене толку ми се смачи еуторикс да земам на сабајле и да чекам пола сат да го пијам првото кафе, па се будам земам апче и легнувам уште пола сат да преспијам некогаш и по 1.
Да, така ќе правам од утре, витамините два часа по Еутироксот. Јас сум сега многу дисциплинирана, се си пијам под саат, се надевам таква и ќе останам. Работам од дома и имам простор да терам се како што треба. Инаку вторникот кога ја почнав терапијава ми беше доста тешко, имав јака главоболка и мало гадење, ама од утредента си се вратив во нормала. Можно ли е тоа да е дека организмот не ми е навикнат на тие/толку лекарства па така да изреагира? Исто ме интересираше, мајка ми ме запнува да земам пробиотик да пијам за да сум си го заштитела желудникот. Што мислите за ова?
За пробиотик не знам. Јас само еуторикс земам и да ти кажам дека контра ефекти ми се главоболка и гадење на сабајле (не секогаш) до тој степен ако не се контролирам можам да повратам.
Дали може да ми кажеш премама во која аптека ги има и колку пари се? И дали овие витамини ти се препорачани од лекар? Извини ако си пишала па пак прашувам
Иста јас, до збор. И секој пат кога ќе речам дека имаме поприоритетни работи или дека не сум спремна за таа обврска сеуште, ме стегнува нешто во градите и чувствувам немир и грижа на совеста. Дај Боже што побрзо да ни се исполни желбата на сите.
Ги има во скоро сите аптеки, наши се на Алкалоид, јас ги најдов тука кај мене во локална аптека. Мислам дека кај и да ги побараш ќе ги најдеш, околу 700 денари беа. Не ми се препорачани од лекар, матичниот ми препорача Про Фертил ама многу се скапи, околу 4000 и нешто денари за нецел месец така нешто беше. По сугестии на членките тука ги земав ПреМама, ги содржат сите потребни витамини и минерали, ги пијат и бремени и жени пред зачнување.
Пробиотиците имаат поволно дејство, ама најдобро да ги внесуваш преку храна, значи јогурт, кисело млеко, павлака, кефир, туршија, расол, маслинки, фета сирење. Ако немаш тегоби, не мислам дека има потреба плус од суплементи. Има различни препарати, со еден и со повеќе соеви, која најдобро и дали воопшто некој ќе ти одговара, не знаеме. Ако имаш намера да воведуваш и пробиотик, обавезно да се консултираш со лекарот.
Исто...до збор се исто... Секогаш кога ќе го дадам тој одговор, чувствувам немир во мене, и си викам Господе не ме слушај не мислам така
да баш така, мислам дека Господ ме слуша и затоа не ми се исполнува желбата. Од друга страна си мислам ако останам сега бремена а им кажав дека не сакаме бебе, ќе испадне дека тоа бебе не било посакувано. Хаос сум во главата ептен.
Го правам истото веќе година и пол, се имам консултирано со докторката каде што одам на контрола дали има некое штетно влијание тоа што по земање на Еутирирокс повторно си легнувам, ми рече дека нема никака опасност се си е во ред. Така да сега за сега ми е океј. Апчето го пијам во 6ч, станувам во 7/ 7 и 15 и си пијам кафе на раат