Здраво девојки поддршка и од мене ... Јас и мажот ми веќе 5ти месец пробуваме да имаме бебенце меѓутоа сеуште нема ништо Некој совет од вас , лично искуство би ми било во прилог ... Ви посакувам на сите што побрза бременост
Јас би ви препорачала на сите нас кои се обидуваме за бебенце да си земате метилирана фолна, и мене ми ја кажаа имала мн поубаво "дејство" од обичнава фолна. Ја пијам веќе 3 месеци
Јас ги пијам елова( кесички прашок ) , немам полицистични јајници(најчесто за тоа ги дават ) но прочитав доста искуства со нив и ги почнав на своја рака а потоа кога бев на гениколог и тој ми одобри да ги земам , и ми кажа дека имало доста позитивни искуства со нив кај оние кој се обидувале да зачнат .
Колку години имате? И дали е се во ред? Мислам на хормони, тироидна жлезда, спремограм? Многу работи влијаат, да не спомнувам психа тоа мислам е број 1. Зошто ќе прочиташ овде на форумот секакви искуства и жени со еден куп причини од кои не можат да забременат но сепак успеваат. Опуштете се и ќе биде еден ден сигурно
Имам 30 ... Хормони и тироидна во ред .Друго немаме испитано ... И јас се согласувам за психата Ајде кај е господ никој не е , само позитивна мисла и се ќе биде во ред Многу среќа на сите !
Ирена уште вчера сакав да ти пишам. 5 месеци е мал период, не треба да оптеретуваш. Да одиш и на доктор, би требало истото да ти го кажат. Освен редовен преглед, пап тест, брисеви и ехо, ништо друго не ти е потребно. Редовно сакање и гушкање со сопругот и за кратко време ќе се израдуваш.
и јас сум 30, 3 месеци неуспешно гинекологот ми кажа ако до јуни не останам, да проверам и проодност на канали. Искрено, сакав да проверам и порано но страв ми е дека бил болен процесот. Останато кај нас се е во ред, и спремограм одличен. Ако сте во можност барем тоа сега проверете. А дека ќе биде, ќе биде сигурно. Кај некои порано, кај некои подоцна. Како што ти кажа и @Beatris , 5 месеци е краток период имаме по 30 но млади сме уште.
Се согласувам дека е краток период ама јас сепак не би чекала долго. Јас имав среќа брзо останав бремена и покрај проблемите ама кога ги читам членките како се мачат подолг период... Не би чекала баш година. Барем потребните испитувања направете ги, ако е се во ред ќе си пробувате нормално со следење на плодни денови.
Истото предложив, да испитаат основното што треба. Доктроката еднаш ми кажа и потполно се согласувам со тоа “и многу одење по доктори не е арно. Јас можам да те пратам уште на 10 испитувања“ ми рече, “со тоа само ќе те оптеретам тебе повеќе да немаш време да одмориш и постојано да мислиш само на бебе и да читаш по интернет.“ 100% е во право. @irenask Пап, микробиолошки, хормони, тироидна и спермограм ако е во ред, работете на случајот и се ќе си дојде на свое. Mое искуство: претходниот месец (3 откако пробуваме) решив да мерам базална температура, па да следам овулација со тестови, па односи на секои два дена, што ли уште не. И сфатив дека јас по цел ден мислам само на тоа, оптеретена бев со милион прашања :зошто на графикот нема опаѓање, туку само покачување на БТ? зарем е можно да не овулирав: итн.итн. и на крај добив. Не се разочарав. Овој месец пошто сме дома буквално уживаме, читање книги, серии, сложувалки од 1500 дела, и водиме љубов баш затоа што ни се сака а не затоа што мораме дека се плодни денови. Знам дека наскоро ќе биде Извинете за долгиот пост, да не ме сфатите погрешно не дека сум против испитувања или дека треба да чекаат по 1 год. Основните испитувања, освен проодност на канали и јас ги имам направено но психата е најважна, женската посебно. На сите кои сме во исчекување посакувам две црти уште овој месец
Имаш право да јас и самата планирав да пројде целата ситуација со коронава и да испитаме спермограм за почеток .. јас правев пап микробиолошки основните испитуваља беа добри ,, ке одиме чекор по чекор , но геникологот така ми кажа дека до 1 год не се смета за страшно , само треба добра мисла , но ние жените малце имаме мака , веднаш се обезхрабреме во тој поглед можеби и таму е проблемот...
И мене ми кажа исто и ете помина една година бебче нема уште И поради ситуацијата ќе почекам уште. А кои испитувања треба да се прават?
Јас се согласувам со @Jana06 . Верувајте дека и докторите знаат да направат грешка при нивните калкулации и дека пред се, треба да си го слушате својот инстинкт. Да, 4-5 месеци не е долг период, далеку од тоа, ама со оглед на фактот колку жени на денешницава се среќаваат со проблеми со репродуктивното здравје, една година чекање според мене е многу. Особено кога веќе немаш 25, туку 30 или над 30. Индивидуална одлука си е, ама мој совет, од лично искуство, не чекајте премногу долго. И јас чекав 4-5 месеци и тек после тоа се разбудив, па заглавив во лавиринт со испитувања, лекари и терапии. Не губете скапоцено време и земете ги работите во свои раце. Ако се потпирав на советите од мојата поранешна матична, ќе се лечев со Елова и ќе чекав бебето да ми падне од небо. На сите од срце ви посакувам што поскоро да се остварите во улогата на мајки.
За почеток испитај хормони, направи фоликулометрија, пап и микробиолошки еднаш годишно е задолжително дури и да не планираш бременост. Партнерот доволно е да направи спермограм.
Ако не ме регистиравте претходниот пат, пак ќе пишам јас Аман нека помини Корона и да можиш како човек да појдиш,дали на консултација или на било што.
Тоа се е испитано и се во ред ама пак не сака... Да помине ситуацијата ќе одиме и на други испитувања.
Проодност на канали е следно, јас уште не сум се решила да проверам проодност но ако не биде за месец-два ќе морам.