Да ме боцнаа прогестерон и плус ми даде утрогестан, но вечерта кога бев мн беше слабо крварењето вчера беше баш како менструација. Немам надеж дека не е точен тестот
Да неделата вечерта имаше плод, но од вчера веќе како да имам менстр. И денешниот тест негативен а тек утре бев на контрола
И јас мислам да одиш денес кај матична ќе те прими и без закажано или во некоја од клиникиве. Знам многу што имале крвавење па на крај во ред било се. Мислам најважно е одма да се реагира.
Не е тука матичниот денес, а веќе сум покриена со терапија. И јас со првата бременост крварев па на крајот се испадна во ред но сега ме збуни негативноста на овај вториов тест. Како и да е ќе видиме утре што ќе каже ехото
Фала ви на сите за поддршката. Денес сум подобра и решив повеќе да не плачам и да не се нервирам затоа што нема корист од тоа. Продолжувам понатаму и нека биде што сака. Ако не бидне за некој месец ( таман ќе помине и ситуацијава) ќе направиме испитувања. Сакам да ги прашам тие што правеле хсг и спермограм каде ги правевте? Кај матичен гинеколог кои испитувања можат да се направат?
Хсг немам правено, ама знам дека доста девојки одат кај Толовски. А спермограм можете во било која приватна лабораторија. Кај матичен гинеколог направи си микробиолишки брисеви и ПАП тест.
Крв ли е? Да не имаш имплантациско вгнездување? Одмарај денес, не значи дека не е тука плодот, смири се, ќе видиш на доктор. Јас се мислам дека е имплантациско...
Да те корегирам,приватните лабаратории не прават веќе спермограми,само клиниките кои работат со асистирана репродукција,на Хистологија на Клиника,мислам и на Гак ама не сум сигурна. Во мојов град работат спермограм и во биохемиската лабараторија во државната општа болница.
Пап си правам редовно кај матичната во мојот град. Работата е што сум од внатрешноста и кај нас нема специјалисти освен матичен гинеколог, можеби и таа би можела да ми препорача некој. Тоа што во помалите места не можеш да најдеп специјалисти и за се нешто мораш до Ск да одиш ми е дополнителен стрес
Ние последно правевме спермограм во февруари мислам, во приватна лабораторија тука кај што живееме. Мислев дека во секој град е така, моја грешка. А сугерирав за на приватно, пошто со оглед на ситуацијава тешко дека ќе успеат да завршат работа на државно.
И јас не сум од Скопје, и те разбирам многу убаво. За спермограм можеш и во твојот град ако имате приватни лаборатории. Можеш телефонски да се јавиш и да прашаш дали прават спермограм и ќе ти кажат. А за хсг ти треба само еден ден да отидеш до Скопје, од тоа што знам многу кратко трае процедурата.
Јас крварев обилно од хематом во првата бременост до прокиснување. Затоа и си дозволив да ти искоментирам. Те молам немој пред време да се нервираш. Дури и менструални болки имав тогаш. Не сакам ни да се потсеќам... Ужас ми беше тој период. Ама се помина во најдобар ред, само бара многу мирување, движење само до вц. Се надевам дека е тоа. Остани силна и пиши утре како си поминала.
Девојки денес бев на ехо ама не виде ништо гинекологот само здебелен ендометриум , предложи Бета ХЦГ излезе 330.7 денес 6 ден доцнење ми е , рече можеби малку задоцнета овулација ама е задоволна од вредноста и 1 година и 6 месеци по миссед потврдивме бременост ехо рече следен четврток , јас сум пресреќна ама многу ми е страв и се молам да излезе се ОК... Ви посакувам на сите две цртки и само силни мајкички да бидете сите да си галите мешиња што поскоро
Честитки за новата mommy to be @naturallmess за останатите силна верба и трпение, се ќе си дојде на свое. Овој месец само одмарам и уживам во слободни активности некако не се преокупирав со мислата на бебе како претходно. Отворив апликација чисто да видам кој ден ми е зошто ни датумот на добивање не ми беше запамтен па официјално почнувам со одбројување уште 10 дена до НЕ добивање. Чудно ми е ме боли стомакот како слаби менструални болки (баш затоа и ја отворив апликацијата) а градите воопшто не ме болат. 18ти ден ми е а секогаш почнувале да ме болат 2 недели пред менструација, секогаш добивам на 27-28 дена. Можеби некој знак е тоа
Ее баш ме чудиш,знам дека им забранија на сите,донесоа некаков правилник дека мора да има патолог во лабараторијата и престанаа да прават,баш коментиравме во темата Вештачко и мислам дека пред февруари беше ова,ама ете изгледа има исклучоци нз...
Еве сега баш проверив на резултатот, на 02.03. сме правеле. Нас ни беше прв пат и гинекологот не упати таму, за државно воопшто не ни спомна.