Здраво девојки. Одамна ве следам и сакав да побарам мислење од некоја од вас што го поминала истово, но ете дури сега се охрабрив. Со маж ми сме во брак година и 3 месеци и уште од самиот почеток се обидувавме за бебе. Бев преокупирана со тие мисли, што од себе, што од околината и честите прашања. Во септември 2019 матичниот ми препиша кломифен, ги пиев, но тој месец безуспешно. Следниот месец откако пиев кломифен останав бремена, но испадна blighted ovum и ми правеа киретажа. Од тогаш 3 месеци се пазевме, а сега пак почнавме да пробуваме. Ве молам за мислење дали пак да барам да ми препишат Кломифен или да продолжиме без ништо да пробуваме? Многу сум нестрплива да држам свое чедо в раце, и плачам се кинам на секое добивање. Извинете на долгиот пост, убав ден
Знам дека ќе биде, здрави сме, млади и во семејството никој досега не се соочил со неплодност, па мора да биде еден ден и тоа до Јуни сигурно толку си дадов 6 месеци обиди најмногу good things take time нели?
Девојки, мојот пат до бебе ќе биде многу потежок од што некогаш сум помислила. Едноставно, некогаш животот има други планови за нас и не можеме против тоа. Наше е да ја прифатиме ситуацијата и да направиме се што е во наша моќ борејќи се за најпосакуваното. Ќе направиме се што е потребно, па макар и на крајот на светот пошле. Најтешките борби се за најсилните борци. Добивме дијагноза азоспермија. Зборовите 'не најдовме ништо' уште ми звонат во глава. Партнерот многу лошо ја прими веста, премногу се разочара. Но по долг разговор сфативме дека колку и да звучи лошо, не смееме да се обесхрабриме и продолжуваме понатаму со што и да треба. Најважно е дека сме секогаш еден за друг тука, пружувајќи неизмерна љубов и поддршка. Тоа што е за нас кога тогаш ќе си дојде.
Ова е од многу урина,а и рано си го направила. Почекај да ти касни барем 1 ден и направи го точно според упатството. Со среќа.
Девојки утре ќе правам проверка на ТСХ и ФТ4. Знаете ли дали треба да си го испијам Еутироксот пред да ми земат крв или не?
зависи од докторот , некогаш ми препорачуваа да си пијам се нормално некогаш правев пауза од 24 часа пред боцкање , незнам како си правела до сега ама најубаво да прашаш...
Прв пат ќе правам проверка од кога пијам терапија, затоа и ја имам дилемата. Да, најдобро да ја прашам докторката.
Земај еуторисжкс, еуторикс игра улога на фт. Така да можеш да земеш, јас секогаш земав пред контроли.
Девојки помагајте...веќе 5 дена сум во ПМС и искрено воопшто не ми е добро менувам 1000 емоции во еден ден...но нај веќе од се сум премн премн нервозна дури не ми е добро веќе а имам уште 9 дена до добивање што пиете нешто за да се смирите кога сте во ваков период?
Не знам зошто, мене неколку девојки тука ми одговорија да не земам, а и мајка ми е со хипо и она исто не земала пред контрола.
Потполно те разбирам, не сум пиела ништо зошто сум строго против таблети (ептен ако мора). Можеш да си земеш од аптека валеријана чај, ќе те опушти. Читај книга, гледај серија, решавај крстозбор. Јас пример цела куќа ја средувам Веројатно тогаш преволадува чувството дека ќе добиеш па тоа ја зголемува нервозата. Според мене најдобро е да се најде добра активност и друштво што ти влијае добро на психата.
Дај Боже да е средено се и да се резултатите во граници на нормала. Дали ти се стабилизира циклусот? Извини можеби си пишала но не сум сретнала