Знам некои тестираат два пати на ден, пример во 12 и во 19 ч. За да не ја "испуштат". Меѓутоа тестот што си го правела претпоставувам е од алиекспрес, истите ги користев и јас и ниту еднаш не добив темна црта како контролната. Сите беа бледи, па апп ми ја подмести овулацијата на 22 ден од циклус. Да се разочараш. А знам дека беше на 14ти имав исцедок и сите симптоми. Не знам можеби е до квалитетот затоа се и евтини. Од 15 тестови ниту еден позитивен, а имам купено од аптека oview, ми покажа на 13ти ден убава темна тест линија. Бидете си активни па така нема да промашите. Со лесно
Од e bay се тестовиве, One step. За овие читав доста позитивни коментари и затоа нив ги порачав, доста членки се задоволни со нив. Oview не можев да најдам нигде тука кај што живеам, не сум од Скопје. Ќе пробам да отидам на преглед, да видам баш што се дешава. Немав некои изразени симптоми на овулација, освен некој исцедок без мири и може некои ептееен слаби пецкања во јајниците, ама може и да си ги умислувам, од преголема желба за овулација. Ќе бидеме активни колку можеме повеќе, па како ќе испадне така. Фала ти.
Тестирај да видиш дали пак ќе почне да темнее, ама битно односите да си ги продолжите како и до сега. Штета што не мериш температура, со тоа ќе си потврдеше. Дали имаше во тоа време и други знаци на овулација? Иначе овие тестови се супер, јас ги земав од Амазон се дури и поефтини. https://www.amazon.co.uk/dp/B0071N6YOA/ref=pe_3187911_189395841_TE_3p_dp_1
Да, штета што не мерев и температура паралелно, касно се сетив. Инаку освен зголемен исцедок, немав некои специфични симптоми. А исцедокот не беше оној безбоен како белка од јајце, типичен за овулација, туку бел накај бледо жолт и без мирис. Уште го имам ама со намален интензитет.
Јас ги коростам тестовите неколку месеци и никогаш не сум видела потемна линија од твојата. А сум сигурна дека сум имала овулација ден два после таков резултат заради изразени овулациски болки и следење на телесна температура. Така а мислам дека тестот ти бил позитивен. Од она што читам посветла линија може да даде ради разредена урина односно треба да не пиеш вода 4 саати (или минимално) а со утринска можно е да не ти покаже позитивен зашто тој LH surge се случува наутро у му треба време да се крене нивото на Лх во урината. Мој совет ти е кога ќе почне да ти станува посилна линијата да праиш неколку пати во денот. (Иако се надевам дека нема да ти требаат више)
моите од алиекспрес немаа ни име само пишуваше ovulation strips. можеш базална темп. да мериш па така ќе си потврдиш датум на овулација.
Да, во иднина ќе практикувам да правам по два дневно и паралелно ќе мерам базална температура. Уствари се надевам дека нема да ми треба тестирање следниот месец, ќе видиме како ќе биде.
Бидејки е поактивна темава ке прашам овде. Дали некој знае да ми каже за резултативе. Бев кај матичната и ми рече дека немало ништо а ми даде да пиеме заедно со партнерот сумамед и за мене плус Meliora вагиналети. Не ми е јасно тоа што пишува позитивно дали е нешто страшно.
Тоа што е позитивно не е ништо страшно, напротив, а терапијата ви е за бактерија Ureaplasma urelithicum и пишува дека има повеќе или еднакво на 10000 бактерии на 1 мл, што укажува на инфекција.
Денес добив резултати за ТСХ и ми е 3.41. Во граници на нормала ми е . но за бременост колку што знам треба да се движи од 1.5- 2. Ме интересира дали некоја од вас која што има хипотироидизам останала бремена со повисок ТСХ како во мојот случај? Докторката ми рече дека не би требало да имам проблем, но јас сепак се плашам дали би пречело. Плус антителата ми се 38, а горна граница е 35, па дали тоа би можело да прави проблем?
Не е, а и бактеријата ќе помине, не се секирај, само да си ја земате терапијата редовно и до крај и сигурно ви кажала после на контрола. Добро е да се консултираш со лекарот да земете и пробиотици орално, ти и вагинално да не се доуништи и тоа малку добри бактерии што ги имаш, оти пишува дека ти е редуцирана нормалната флора, а тоа е предуслов за појава на инфекции.
без терапија со ТСХ 3.5 со над 10000 антитела и хашимото дијагноза еве од утре 8 ма недела бремена , гинеколозите се поголеми паничари за тсх а интернистиве поопуштени , незнам што да кажам единствено дека кај мене не направи проблем
Ми препиша вагиналети ама незнам друго што треба? Јас утре ке одам пак па на приватен затоа што некако не ми е стабилна матичнава моја па ке видам и таму што ке ми кажат. Да не знаеш друго што треба да испитам. И процедури. Извинете многу за долгиот пост и што прашувам многу ама мислам затоа сме тука да се поддржуваме една со друга.
Здраво феминки имам едно прашање пред два месеца правев хистеро лапаро по интервенцијата пиев еден месец циклопрогинова и естрофен па добив циклус бев на преглед и др ми кажа дека све е супер и да се обидуваме природно да останам бремена. Но овој месец еве веке 40 ден уште немам добиено правев тест преку крв негативен ми е иначе добивам од 32-35дена, ама до сега волку не ми се пролонгирал циклусот и малку ми е паника др ми е утре на работа па ке појдам да видам што се случува, ме занима дали некоја имала сличен проблем по интервенција, пишав и во друга група ама тука сте поактивни.
Има тема уреаплазма, на втората страна. Таму читни. Јас цела година ја лечев, многу досадна бактерија. Со среќа да ти се среди од прва, јас 4 пати пиев антибиотик дур ја уништив. Иначе резултатите ти се од лабораторија, и на приватно да ги направиш исто ќе ти биде. Сумамед е терапија за неа. Ако не ја уништиш со сумамед , ќе ти дадат вибрамицин или еритромицин да пиеш. Нема клеточен ѕид и мн е отпорна на антибиотици, затоа толку јаки антибиотици се пијат.
Јас сум со терапија веќе 3 и пол години, затоа прашав дали би требало да го симнам ТСХ на 2 за забременување или пак и вака не би ми правело проблем?
Сумамед имате двајцата нели и плус за тебе вагиналети. Јас велам да си побарате плус и пробиотици. Арно е да најдеш некој добар гинеколог да ти посвети доволно внимание, оти гледам си имала спонтан. Иако тоа не значи дека ќе имаш проблеми наредниот пат, сепак да ти препорача дали воопшто и што е потребно да си испитате. Бидејќи имате инфекција решете ја прво неа, може тоа ќе биде доволно. Инаку има тема за испитувања после спонтан, може да ја разгледаш, има многу искуства од жените кои го поминале ова и сигурно ќе најдеш сé што те интересира. Ако уште нешто те интересира, прашај тука сме која колку знаеме и можеме, ќе ти помогнеме.