Сите што бараат Oview тестови за овулација во Скопје, да ви кажам дека ги има во Betty аптеката на две дуќанчиња десно од Ла делишс.
Здраво девојки, ние веќе 2 години се обидуваме за бебе, ги имам направено скоро сите испитувања и кај мене се е во ред, канали проодни, хормони, имав преграда но ја одстранивме со хистероскопија, микробиолишки тестови во ред. Меѓутоа спермограмот ни е лош имаме концентрација 10.78м/мл, концентрација 26.95м/примерок, нормални 34%, подвижни 20%.Правев една инсеминација во ноември која беше неуспешна, пред инсеминацијата бев стимулирана со кломифен,па поради него следниот месец пеиродно забременив,и во 6та недела имав спонтан абортус. Потоа бев кај друга докторка која ми рече да го намалам пролактинот ми беше 27,почнав да пијам бромергон го намалив на 16 пред еден месец, и сеуште го пијам но ете поминаа 3 месеци и секој месец разочарување.Денес повторно добив и не знам што следно. Ве молам за совет дали има некој сличен случај со ваков спермограм, дали да се обидуваме или да одиме на инсеминации и ин витро. Ви благодарам.
Јас ниту знаев колку ми е тсх, ниту пак знам моментално, а 8ма недела сум. Рокам еуторикс 50мг секој ден без да знам колку ми е тсх. Ама за две недели ќе дознаам. Ете и докторот ми рече продолжи да ги земаш ама не направи некоја паника дека треба да се зголеми дозата. Рече ќе провереме крв за две недели. Опушти се и јас би ти препорачала да се консултираш со интернист. Сигурно имаш свој интернист кој то води евиденција за тсх. Мене ме исплаши докторката која ми ја снимаше тироиднава на ехо. Ми вика девојче побрзај си да се омажиш,тироиднава може ќе ти прави проблеми за деца во иднина. Јас се шокирав и цела така потресена ја прашав интернисткава дали е тоа точно. Таа ми рече јас не би давала такви изјави, имам другарка која забремени со тсх 3.5. Така да не секирај се, ќе биде ако треба и со тсх 4. Ти кажав треба да го погодиш денот на овулација, ти како што знам имаш редовен период и тоа е добар знак.
Да докторката кај која што одам на Нуклеарна ми рече дека не би требало да ми прави проблем, но сепак од што знам дека треба да е 2 затоа сум малку исплашена дали ќе биде и ако не успеам да го симнам. Дека цела година ми е околу 3. Ќе видиме...
Здраво на сите! Имав незаштитен однос на 7ми мај, со тоа што после 10 мин втора рунда повторно незаштите однос,(се изми после прва рунда) требаше да ми дојди на 11/12 мај, со тоа што секогаш 99% добивав на 28ми ден. Денес е 31 ден, уште немам добиено. Прашањето ми е дали е можно да сум бремена бидејќи на 5 дена пред менструација не сум толку плодна ? Имам 22години. И дали може да покаже на тест сега толку брзо дали сум или не ? * да напоменам не сврши во мене
мене ми ја прекинаа терапијата зашто ми се спушти ТСХ ама и ога прашував дали треба да е под 2 интернистот упорно викаше дека нема да има проблем , што се испостави дека е вистина ..... мислам дека зависи дали ќе имаш регуларни овулации со повисоки вредности на ТСХ тоа е проблемот кој се појавува , прави фоликулометрија еден месец следи го развојот на фоликулите околу овулација и ќе знаеш најубаво дали има некаков проблем.....
Здраво, имам едно дете скоро 4 години, со кое забременив после направена лапараскопија на лев јајник, предходно се обидувавме скоро една година, сега сакаме второ дете, се обидовме некое време но безуспешно, дали некој се наоѓал во слична ситуација, и што со соатојбата во моментот на корона вирус и бременост?
Не сум била во слична состојба,а во врска со прашањето со корона вирус и бременост,јас сум бремена а и полно други женички овде,ќе се пазиш повеќе,нема да шеташ многу и да се мешаш со луѓе,мене терминот ми е во ноември,па се надевам дека до тогаш ќе помини ова лудило,сега сум 12+2 ,па фала богу се е како што треба. Позз и секое добро.
Претпоставувам овулација утре, на 14ти ден. Базална мерев утрото 36.3 ми е веќе неколку дена, утре ако се покачи значи овулацијата поминала така?
Штом ти е позитивно имај односи и денес и утре и задутре. Не се оптоварувај кога е точно. Кога ќе овулираш јајце клетката оди во тубите ама таму седи 24 часа така да наредни 3 дена треба да имаш односи. Среќно