Девојки мене лошава теткица ми дојде на гости сабалје. Обично како швајцарски саат ми е, во петок требаше да добијам, но ете ме изненади пред време малку. Искрено разочарана сум, но не премногу. Повеќе ме повреде и разочара реакцијата на мм кога му кажав дека добив. Како да му падна камен од срце, и влошки + ми зеде што никогаш не се случило тоа, тој да ми зема влошки . Чудна многу рекација од негова страна дури и тешко ми дојде и солзи на очи ми надојдоа. Ајде Господ здравје само нека дава, што е наше ќе си дојде пак ќе речам. Се надевам нареден месец ако не овој (ако мм не реагира како што реагираше денес). А на сите други девојки ви посакувам да си останете труднички да си бидете многу среќни, да имате трпение и верба. Дај Боже сите да си го осетиме тоа. Јас ќе продолжам да ве читкам, дружам и давам поддршка секому. Поздрав
^Ајде нареден месец сигурно ке бидне а за реакцијата незнам не требал така да реагира ... па не си ти виновна само опуштено и нареден месец би требало да бидне
agrona зборувај со маж ти можеби сеуште не е спремен ама не сака да ти каже за да не те разочара? штознам...
Agrona душо, ајде какво разочарување. Наредниот месец ќе биде сигурно...ти гарантирам А мажите....реагираат како да им е сеедно, само за нас да не ни е тешко.
Па имаме зборувано, вика дека сака дете. Може јас си направив некоја погрешна слика во главата што знам. Мелани мила може е така што знам. Мојов некако не покажува емоции таков си е по природа. Што знам што да речам, ако речам ќе згрешам. Ајде само здравје Господ се ќе си дојде со ред.
ајде нетуку се секирај за мазти глупости па цовекопт ти купил влоски сто је тоа лосо ((((( а плус ако не сака бебе нема ни да сврсува во тебе)))))) хххххх нема потреба со да се оптеретувас сега усте тоа фали расправи со како и после како це правите бебе седиси узивајси со партнерот сакатесисе треба да бидис опустена а не напната само вака со срцкото твој и це си дојди бебенцето....а не ти си се разоцарала оти досла вестерката и прво сто си видела бил тој и оп ај сега мазми је крив
Агрона без нервози, што е ваше ќе си дојде! Што си ја мачиш душата? Убаво ти вика Жалосна, ако се плаши од тој чекор, зарем би правел бебе? Не биди будалче, нареден месец со нови сили во нови победи! Туку каде ни се губи Ецапереца?
здраво на сите. вака сега имам едно прашање. јас останав бремена пред одреден период но за жал заврши со спонтан абортус (иако правев се што беше потребно од здрава храна, кафе цигари не и се тоа, баш се што требаше) загубата на бебчето мноооооогу ме погоди. сега ме интересира некое ваше искуство, за наредна бременост да заврши со среќен крај. ви благодарам
Цветина не се оптоварувај со плодни денови и математика, Мене ми доаѓа на 28-29 дена, а плодни денови имам на 16-18 ден...................така да редовно вежбајте секој 2-3 ден So sreka
Доколку и овај месец не успее(а се надевам дека конечно ќе се израдувам ) ќе треба некако да го убедам мм да направи спермограм.Бидејќи кај мене се е во ред,минатиот пат гинекологот ми рече уште овајпат да пробаме и доколку не биде ништо ќе треба тој да се провери. Но кога разговарав со него тој некако како застрамен не сака да слушне за тоа,страм му е и незнам како да го убедам,се надевам дека нема да има потреба,но сепак мора да се размислува и од тој агол.
здраво девојки,немам одамна пишувано,со мм паузиравме една год за бепче,па одлучивме дека сакаме,претходниот месец цело време се трудиме и на плодни и неплодни денови да се фати еве веке ми доцни 4 дена правев 2 теста и ништо негативни а уште ми доцни и немам симтоми на пмс,само стомак ме боли и некако ми се поврака,се мислам дали сум трудна а во заблуда сум тестовите негативни а толку ми се лоши на работа дури пребледев ,дали има некој слично искуство пишете некој совет фла ви позз
Девојки ...Денес ми е денот за не добивање. Утрово кога се разбудив имав нешто кафеавко на гаќичките, ама еве до сега ништо нема. Инаку никогаш до сега не сум имала ништо кафеавко, ниту на почеток, а ниту на крај од циклусот. Искрено ме исплаши ова малку.
не да те разочарувам но тоа е знак за добивање и не е ништо страшно. Веројатно месецов потешко пробива па затоа прво ти се појавува кафениот исцедок. Ова го кажувам од искуство бидејќи истото ми се има случувано често, најпрво кафена по многу подоцна или утредента веќе крварам нормално.
фала за брзиот одговор во секој случај не сум разочарана, само бев малку исплашена, зашто до сега кога сум добивала секогаш циклусот ми почнувал со розевко и никогаш ништо кафеавко
Мелани душо еве ме и мене пак. Јас не те заборавив. Ве читкам и пратам на темава и секој момент очекувам некоја нова мамица да и честитам. Мила почекај види до утре. Мене еве лошава теткица ме изненади вчера. Ај пиши што и како си утре. И без разочарување, идемо даље.
да ти кажам, јас не сум имала хпв, но моја пријателка има, и прво се открива типот ( дали е со нискоризичен или високоризичен фактор), ако е со нискоризичен само ќе го зголемиш имунитетот, ќе пиеш селен, германиум, овошје, зеленчук... и 2-3 месеци избегнувај секс, или имај со заштита, се додека хшвто не ти е во мирување, бидејќи можно е партнерот пак да ти го пренесе, и тој го има, но не му смета... ако е со високоризичен фактор обавезно да направиш биопсија за да се утвди да немаш некои цин промени... ако се 1, 2 или 2 се решаваат со конизација...ама во секој случај не оставај ништо да не превземеш. бидејќи може за 2-3 години да заврши со карцином... а ако се биде во ред за 2-3 месеци може и бремена ќе останеш, имунитетот се зголемува, познавам повеќе кои имале хпв, па и цин промени, им ги отстраниле и за половина година останаа бремени, не се секирај
Ете добив и јас. Искрено и ми олесна малку, не за друго, имав неподнослива болка од забиве и незнам колку таблети испив. Како и да е ....наредниот месец ќе биде..нели???
Многу ти благодарам за одговорот, Не знам многу сум исплашена, страф ми е дека е нешто сериозно.Само оваа ми фалеше, не беше доволно што 3 години се мачам да забременим без успех. Не знам веќе ќе полудим при крај сум со нервите. Навистина оваа е тешка борба и со многу препреки. Сега се на одмор не знам после август ќе одам во државна болница ми рекоа за овие анализи. Го пофалија доктор Алулоски за оваа област, не знам не сум имал вакво искуство и не знам кај кого да се обратам веќе. Ако некоја има искуство слободно нека ми каже кај кого да се обратам Поздрав
Душо биди ми ти здрава и жива, нареден месец повеќе ќе работиме на случајот. Денеска мене трет ден од циклус ми е и се јадам жива од жештиниве. hock: Ајде нареден месец здравје со Господ напред ќе биде. Остануваме да се дружиме и понатаму низ темава. Мелани душо ајде без разочарување знам дека ќе биде еден ден, само здравје.