Девојки продолжив да правам тестови јас, ама мислам дека ги правам за џабе. Од неделата (17ти ден од циклус) наваму се бледи. Останува да се надевам дека најинтензивната цртка што ја добив на 16ти ден била овулација и биднало нешто. Ќе продолжиме со односи, во секој случај. Синоќа имав некои мали cramps, исто и денес ама помалку. Исцедок веќе немам никаков. Останува да чекам да помине времето и да се молам да не добијам, ама овој пат од бременост. Се мислам да не правам повеќе тестови, нека биде како треба да биде...
Ако може некој да ми каже за што се пијат ovunorm капсули? Дали помагаат за забременување? И дали можат да се пијат ако останам бремена? Прашувам бидејки нема упатство во кутијата. Треба да ги пијам 4 месеци.
Прочитај тука https://24apteka.mk/product/ovunorm-60-kapsuli/ Значи за квалитетни јајни клетки, особено кај жени со полицистични јајници. Помагаат за забременување, не се препорачуваат во бременост.
јас ги почнав пред 3 месеци , полицистични јајници имам ми ги дадоа за подобрување на овулацијата и еве дадоа позитивен резултат кај мене и две цртки добив после една година обиди за бременост , знам дека се скапички не верував дека ќе помогнат ама ете со нив успеавме ...... иначе бев и на 5 циклуси со кломифени и прегнил а не дадоа резултат како овунормот само треба барем 3 месеци да ги пиеш
Дали по препорака на доктор се пијат? И јас сум со ПЦОС прв месец од обиди ќе ни биде. Дали има штета и дали може на своја рака да ги земам пример да ги пијам? Матичната со ситуацијава сеуште не ме прима а баш требаше на ехо да следиме дали воопшто ќе имам овулација.
Мислам дека нема никаква штета од нив, само придобивки. Јас пиев Елова, пиев Фертилимин, а за овие и јас денес прв пат читам. Ми изгледаат како добри. Ако ништо не бидне месецов, планирам да ги земам.
И јас сега прв пар ги читам, по составот супер се витамини не верувам дека би имало штета. И јас ќе почекам за две недели да видиме исходот па би ги земала. Во сите аптеки ги има претпоставувам.
мене ми ги даде докторкава , не треба нели рецепта па веројатно може и на своја рака само јас зимав 2 × 2 таблети инаку останав во 4тиот месец од пиење на на таблетите и ми рече гинекологот дека до 6 месеци се пијат..... де надевам ќе дадат резултати кај Вас , јас немав слушнато за таблетиве и прашував тука кога ги почнав ама никој не ги пиел претходно и немаа искуство затоа и не се понадевав многу
не не ги почнав на крај на декември 2019 а еве останав некаде на почеток на април бремена , природно без кломифени во тој циклус инаку заборавив да пишам и во февруари и во март бев со две биохемиски само со неколку дена задоцнување на циклус па позитивен тест па уште еден и потоа прокрварував .... само ова бебче конечно се закачи убаво и секој ден му зборам да се држи јако многу ми е страв значи рачунајки после првиот месец овунорм јас веќе почнав со убави овулации и за прв пат во мојот живот сум овулирала 3 месеци последователни без стимулации хормонски , пробајте нема штета можат само да дадат подобрување и поголеми шанси за зачнување значи јас бев последнот период со метформин , овунорм и фемибион 1 , а за превентива за што даде пред неколку години супер резултат го натерав мм да пие цинк 5 месеци тој е одличен за машкото здравје и за квалитетот на сперматозоидите ❤
Фемибион може да пијам сега така? Мислам после 1 ипол месец затоа што несмеам да останам бремена уште 2 месеци најмалку затоа што имав спонтан со киретажа. Ти посакувам се најубаво и мисли позитивно. Секој ке си доживееме радост еден ден. Најискрено јас изгубив надеж за се ама што биде нека биде
Јас имам и фемибион и композита мама што си ги пиев пред абортусот. Фала ви многу за се. Да не беше форумот мислам дека ке полудев.
Девојки, денес тестoт за овулација вака покажа. Дали е денес денот? Зошто првата линија е толку многу бледа, во ред е тестот ?
Мислам дека тоа е тоа, тест линијата ти е појака од контролната. Во следниве 12-36 часа ќе овулираш најверојатно. Кој ден од циклус ти е?