Zdravo. Se izvinuvam ako prasanjeto ne e za tuka, ama gledam deka e poaktivna temava. Sakam da prasam dali imala nekoja iskustvo so tabletite Tifol ili Alkavit ?
Tifol јас ги имам пиено и искрено мене не ми помогнаа да останам бремена ако прајме за тоа муабет а за другите незнам.
Можно ли е од сумамедот да ме тера многу на спиење и нервозна и напната да сум. Или од ovunorm може да е. Незнам од што е бидејки во исто време ги пијам навечер.
Тифол и Алкавит е исто, фолна киселина, односно витамин Б9 и на никој начин не помага за забременување. Кај бремени жени се препорачува да се пие бидејќи делува врз развојот на нервниот систем на плодот, превенирајќи од појава на дефекти на невралната цевка. Невралната цевка се затвора рано во бременоста, па од таа причина се препорачува да се пие и кога се планира бременост, затоа што не се знае кога ќе останеш бремена, а има и жени што подоцна дознаваат за бременоста. Па слободно може да ја пиете препорачаната доза, заради оваа причина.
Ќе прашам и во друга тема, можеби ќе има одговор. Овде прашав, најактивна е темава. А инаку осеќам издржлива болка во левиот јајник одвреме навреме, на секои 15-20 мин. Исцедок имам воденест, температурата денес 36.1 а претходните денови 36.3 обично пред овулација опаѓа а по овулација нагло расте. Мора да е овулација денес нема друго, и за 2 недели позитивен тест, ама мора значи
Колку ми е убаво што има со кого да си споделам се. Со сопругот супер функционираме нема тема на која не зборуваме, но многу ми е мило кога и вас ве имам. пс денес е меѓународен ден на семејството. Абе сите коцки се поклопуваат
Ајде девојки за две недели да читаме убави вести во темава. Сите што се во исчекување да им се исполнат желбите!
Девојки! 22ри ден од циклус ми е денес. Од пред малку имам розев исцедок. Можно ли е да е имплантациско или не?
Гледај да ги земаш барем 2 часа еден од друг, не во исто време. Да не си после овулација? Инаку и од антибиотикот и од Овунормот може да се осеќаш уморна, ама првиов ќе го завршиш брзо, а на другиот ќе се навикнеш.