Update: Сабајле кога станав имав една кафеава точка на секојдневната и розева/светло црвена крв на бришење. Почнав да осеќам и некое чудно чувство во половината, не можам да го наречам болка, како некој притисок или минимална болка не знам. Уф само молам Бога да не добивам. Од добивање обично ме болат јајници, не половина. Којзнае што ќе излезе...
Стискам палци да не е менструација. Но од друга страна и да добиеш тоа е позитивна вест, значи со терапиите се изрегулирал циклусот и овулациите. Но најпозитивна вест би било ||. Мислам дека сме во исчекување и се анализирам, целата концентрација ми е на стомакот и се ново регистрирам. Не е добро знам ама пуста психа.
Но утрово немам покачена базална температура, 36.3 е зарем е можно да не сум овулирала уште а два дена по ред (вчера и завчера) имав позитивни тестови?
Па малку ми е рано за добивање, ама како ќе биде така. Инаку да, чекањето да не добиеш е најтешкиот дел. Ќе видиме уште малку каков ќе биде исходот.
Можно е организмот да се спрема за овулација, ама таа да не се случи заради некоја причина или може бавно да се покачува температурата. Мери си и понатаму, ама најважно редовни односи и кога треба да биде, ќе биде.
Само што направив уште еден тест, мислам дека уште не се случила овулација затоа и температурата не се покачила. Двете линии се со ист интензитет, а почнав и да осеќам жештина некоја во телото. Се спрема овулација изгледа што мислите за тестот девојки? И дали е во ред 3 дена по ред позитивни тестови?
Кај некои девојки пикот трае подолго кај некои пократко. Се зависи колку време ќе се задржи висината на ЛХ. Бидете си активни деновиве. Со среќа!
Не е од ovunormot бидејки и на сабајле пијам од него. Ама ке те послушам и вечер после 2 саати ке го испијам сумамедот. Инаку може и да имам овулација незнам.
Здраво девојки. Не сум за поддршка, но сакам да ве прашам нешто, бидејќи сте најупатени и сметам дека можеби може да ми одговорите. Дали полицистичните јајници се гледаат на ехо дека се полицистични или мора да се испитаат хормони па врз основа на вредностите да се утврди дека станува збор за полицистични јајници?
Во мојот случај работите се одвиваа вака: на ехо имаше и на лев и на денсен јајник над 6-7 ј.клетки. Ме прашуваа дали добивам циклус редовно секој месец,добивав точно на 28дена. Испитував хормони ги гледаат и тие ги споредуваа. Горе долу гледаат повејќе фактори. Барем во мојот случај кога изгледаа јајниците дека се полицистични бидејќи на толку ј.клетки никако не забременував.
Фала ти мила. Јас после породувањето сум катастрофа со циклусот(се породив пред 2.5 години). На гинеколог сум била, но хормони не сум испитувала. Во последните три месеци веќе кожата ми е многу масна, косата ненормално ми паѓа и имам акни на долниот дел на лицето (по линија лево и десно од брадата кон ушите). Морам да проверам што се случува. Ко ќе заврши коронава де
Зависи. Кај некои жени и јајниците и хормоните укажуваат на Пцос, кај некои само едното. Дијагнозата се поставува врз основа на Ехо преглед и Хормонски статус. Јас лично имам многу малку цисти, по 5-6 на јајник, но имам потврден Пцос со проверка на хормони.
Ееее да и акни а и дебелеење демек давале полицистичните... но убаво е да испиташ затоа што на доста жени после порајѓај ни се менува се. Хаос сме. Еве ме мене сега бремена за второ од нигде никаде,а за првото две години неможев са забременам. Но тоа е после порајѓај се се менува... Испитај и хормони и ехо
Јас после овулацијата имав чувство како нешто да ме скокотка во матката онака нежно, а имав и гасови. Ајде ќе биде мора да биде
Мене еден гинеколог ми кажа имаш полицистични јајници тешко ќе останеш бремена. На шала останав oд прва но за жал имав missed После некое време друг гинеколог ми кажа немаш полицистични јајници... Така да само кај најстручен и најдобар гинеколог гледајте...
Најубаво и ехо заедно со испитани хормони. Така докторот ќе има покомплетна слика и ќе може да водпостави дијагноза. Јас пример немам никакви симптоми за ПЦОС, но самите хормони укажуваат на тоа.
Дај Боже девојче. Јас прво во средата имав некои ептен суптилни пецкања или не знам како да ги наречам во јајниците и матката, а сега веќе немам. Само имам некое чудно чувство во половината, не е болка, не знам како да го опишам. И имам кафеави точки на влошка, а розево на бришење од синоќа навака. Половина никогаш не ме болела кога добивам, секогаш само јајници. Убаво ќе биде ако некоја имала имплантациско крварење да ми ја објасни разликата меѓу него и менструација, пошто не сум сигурна што е ова моево. Читав на нет, ама да слушнам и некое реално искуство.
Еве ме мене пак со маката. Три дена по ред позитивни тестови за овулација, базалната температура не мрда од 36.3. 16ти ден од циклус ми е, добивам на 28 дена. Некој со вакви маки како моите ако сака да сподели искуство, ќе бидам многу благодарна.