Јас имав имплантациско, една недела по однос. Буквално една светло црвена точка на бришење, еднаш и толку. Рано беше за менструација, па затоа чудно ми падна. Ама може и до 2 недели по однос да биде па да се поклопи со менструација.. Сепак, кај мене многу беше оскудно, немаше шанса да го помешам. Инаку чат пат ја отварам темава, на тебе и на сите ви посакувам среќа што побрзо да дојдете до она што го посакувате
Девојки здраво Ај да пишам и тука можеби некој знае да одговори. Ме упати @LadyC. Би ја тагнала и @Bubce38 Вака со дм не се пазиме долго време,јас си добивав редовно. На 29ти февруари добив,после на 15ти март пак. Тогаш и стресот со короната беше. На 15ти април пак добив. На 20ти април имав ејакулица една по друга без прекин,на 21ви исто ама само еднаш. После тоа очекував добивање на 10 мај не добив,почекав до 15ти не добив. Овулација имав до четвртокот, а вчера напраив тест негативен испадна. Пред тоа кога имав овулација пак правев не покажа. Вчера ми се појави бело прање и ставив вагиналетка. Болки имам исто како за добивање, гради болни на допир. Вчера забележав вените ми се испакнати на едната града и ареолата ми е потемна. И веќе не знам,луѓе. Термин имам дури во Јуни за на лекар. Можно ли е лажно негативен тест, можно ли е за низок хормон во мокрача?
Фактички последен циклус си имала на 20.04, така? До кој четврток имаше овулација? Само на 20ти и 21ви април имавте незаштитени односи?. Тоа е 5ти ден од циклус, не верувам тогаш да си овулирала. Појќе ми се чини да си имала доцна овулација па да е рано да покаже на домашен тест. Бидејќи немаш термин за на др, нема што друго да правиш освен да направиш тест за 2-3 дена. За симптоми е навистина рано. Ова со градиве Не би го препишала само како знак дека има бременост.
Циклус имав на 15ти април, ми заврши на 18ти Април. На 20 ти имав односи. До 14ти мај имав овулација. А вчера бело прање. Требаше да добијам на 13ти мај, ми касни баеги.
Мене ова ме буне , како до 14мај овулациа , а ти завршила на 18април , ако имаш редовен циклус напред назад , би требало да овулираш од 22-30април пример ова*..
Ако си имала овулација до завчера , нема како сега да ти покаже тестот. Ама па на редовни циклиси ваква доцна овулација , што знам "По правило" овулацијата би требало да ти биде пред 1ви мај
Фала многу! Моево не знам што е, не е една точка. Го имам еве втор ден, од петокот вечерта. Сабајлево имав кафеаво на влошка, а на бришење имам крв. Многу ми е рано за да добијам, денес ми е 24ти ден од циклус. Цело време ме боли половината, а јајници не ме болат. Ќе видам, ако почне да тече повеќе и не прекине до утре значи не е имплантација.
Зато и јас се збунив , отприлика ги знам овие раб и на циклус од 28-30 овулација тогаш би требало да има .. За овулација сигурна да си @buba4e89 следи со тестови и базална темп. Ако ти дојде сега (стискам палце да не дојде ) од следниот од 7/8ден па до кај 15/16ден следи , мери Т од старт на циклус , тестови за ов и бидете активни
Здраво девојки, почнав да земам аспирин поради генски мутации ама имав главоболки ненормални откако го почнав па матичниот ми кажа да не го земам наредните 14 дена, па после ќе сме се договореле со што да продолжат. Проблемот ми е што за 8-9 дена треба да ми биде овулацијата па страв ми ако забременам а не сум покриена со терапија. Некој да има слично искуство или совет?
Јас имав имплантациско и имав силни болки во јајниците исто како пред да добијам и на бришење ми се појави една цела црта свежа крв како кога добивам, се исплашив бидејки имав болки буквално како за добивање но од наредниот ден више немаше но болки ни крварење па се испостави дека е имплантациско се надевам дека и кај тебе е имплантациско
И јас ќе се понадевам уште малку, ама како што ми изгледа џабе ми е надежта. Моментално болки никакви, ни во јајници, ни во половината веќе. Кафеаво на влошка, црвено на бришење. Не знам баш дали такво е имплантациското. Се изначитав на интернет, ми се смачи.
Бидејќи ти е рано за добивање јас би рекла дека ти е имплатациако ако имаш редовни циклуси нема што друго да е
Незнам дали е баш за тука прашањево, но дали некоја има земано циклопрогинова? Како е, менстр. треба да добијам веднаш одкако ќе ги допијам или после некој ден?
Немам редовни циклуси, затоа и не сум сигурна што е. Имам Пцос и Хашимото, а минатиот месец добив испровоцирано со Примолут нор бидејќи ми каснеше 3 месеци. Уште немав дијагностицирано Хашимото и не пиев терапија, мислам дека ради тоа ми каснеше толку. Како и да е, никогаш сум немала циклус под 30 дена. Не знам што се случува, останува да се надевам дека не е менструација, ама којзнае...