Мила да не те разочарувам но веројатно е циклус но малку изместен ако претходно си пиела и некои таблетки хормонски или сл... може да дојде и на 24 а на 28 дена веќе е *идеално* ... а може и поради хормоните да е по *оскудно* овојпат но да се нормализира следниот... сепак консултирај си се со гинекологот ние може само да погодуваме... Без грижа штом ќе ги завршиш на 3до5дена ќе добиеш...
Еутирокс од 50мг за Хипо/Хашимото, Спиринолактон од 50мг за покачен тестостерон и Глукофаж од 1500 мг + витамини и селен.
Да така е, ги имам тие опции на ум. Знам дека е можно да ми варира циклусот сега дур се привикнува организмот на терапијата. Хормонски апчиња освен Примолутот 10 дена за да добијам, немам пиено други. Баш ми е чудно што толку краток ми е овој циклус, ако е добиено. Цел живот имам 30+ дена циклуси. Од пуста желба си правев филмови дека е имплантациско, ама изгледа за џабе...
Тотално те разбирам но истото ми се случуваше и мене на 30дена ко швајцарски за по прво ифв да почне на 28 (а сега по прекин на терапијата првпат се случи на 24 оскуден буквално ко што опишуваш и бев на др кој вели дека организмот ми е уште со стимулаци и хормони (а и стрес си игра улога ) но ќе се нормализира ...така да затоа и ти пишав но пак не оставај на себе консултирај си се и кажи му на гинекологот тој најдобро знае...
Да полуди човек температурата по позитивните тестови никако да се покачи. Уште сега го знам исходот од овој циклус.
Не се обесхрабрувај по позитивниот тест за овулација имаш 24до72ч да се ослободи ј.клетката Работете на случајот незначи дека одма по односите ќе настане оплодувањето и ќе ја качи истиот ден само вие имајте си оддноси и чекај да ти доцни
Девојки вие што сте имале спонтан после колку време сте останале бремени еве веќе 7м пробуваме не бидува,имам се испитано се беше во ред. Не можам веќе кога ќе видам дека имам добиено.
Јас останав после 10 месеци после првиот спонтан(од еден однос тој месец) , а сега после вториов исто баѓи месеци безуспешно,веќе не ни памтам колку време, исто и мене испитувањата ми беа во ред
Женски јас сум многу конфузна. Денес ми е прв ден од каснење на циклус, 15ти од последен 'потенцијален однос за забременување' според тестовите за овулација. Во принцип цел живот имам редовен циклус. Денес со прва утринска урина направив тест за бременост (фрухтест), кој што е наменет за рана детекција на бременост и може да се прави во било кој период од денот. Негативен беше, ни бледа втора, ни ништо, една чиста јасна црвена контролна линија. Трет ден денес како имам тапи болки во половината и долен дел на стомак, исто како кога добивам менструалните болки што ми се, а немам ни капка крв. Изминатиов период (на почеток на овој циклус) имав стресен и со помалку сон период, па можно е и од тоа да ми е изреметен циклусот. Но, сум имала мнооогу поголеми и подолготрајни стресови, па не ми каснело ни ден. Да одам утре да проверам бета преку крв (ако не добијам) или да почекам уште малку? Не сум толку нетрпелива да бидам сигурна дали сум бремена, колку што се плашам од ектопична бременост, бидејќи имам хидросалпинкс на едниот јајцевод.
Мислам да почекаш уште два-три дена па да направиш уште еден тест или да провериш преку крв. Можеби била малку покасна овулација, па сеуште е рано да покаже тестот. Со среќа!
Здраво девојки. Матичната ми препиша овунорм да пијам 2х2. Искуство некоја да ми каже со овие таблети и бидејќи денес ми дојде циклусот дали можам да почнам да ги пијам додека имам циклус? Ви благодарам однапред за одговор.
Почекај два, три дена. Мене и преку крв ми покажа негативен, а бев бремена. (проверката преку крв беше вториот ден од каснењето на циклусот). Дури после 4-ти ден од каснењето ми покажа позитивен тест (и да напоменам циклусот ми беше претходно точен до ден)
Ќе почекам, ако не добијам до четврток, тогаш ќе појдам да тестирам бета преку крв. Малку ме загрижува болката, ако можам така да ја наречам, оти не е класична болка туку како тапа нелагодност, скрос иста како кога добивам, додека да ми пробие. Инаку, честитки за бременоста, со најлесно да си ја износиш ако си сега бремена, а ако си породена жива здрава беба да е
Не секогаш покажува позитивен тест на прв ден доцнење. Можеби покасно настанала имплантација па покасно ќе покаже. Мое мислење повтори го тестот за ден два, се надевам дека е позитивен. Со среќа
Здраво сакам да прашам дали користите матична млеч во процес на забременување и искуство во неплодност кај мажот (намален број на сперматозоиди) со истата.
Месецот кога останав бремена на денот кога требаше да добиам и наредните неколку имав болки исто како да добивам а ни капка крв, но бидејки претходно неколку пати се разочарав не сакав да правам тест,по некој ден болката се намали исчезна и си реков да направам тест и испадна позитивен. Се надевам ќе добиеш две цртки за некој ден каснење
Здраво девојки, треба да не добијам за 7 дена, но бидејќи ненамерно немавме односи на денот за овулација а претходните имамве и денот после овулација исто така незнам зошто мислам дека ќе си добијам и овој месец. Ме интересира дали има шанса за забременување и покрај тоа што сме го прескокнале најважниот ден, или да не се надевам воопшто? Исто овој месец немам никакви симптоми како минатиот што имав пецкање во јајниците и помалку болка во половината. Единствено имам болни гради ама не е нешто невообичаено само што овој пат наместо 1 недела пред да добијам ме болат уште пред да ми почне овулација па се до сега..