Па не знам зошто ми е даден спиринолактонот, јас разбрав дека е за тестостеронот, ама може сум грешка. Знам само дека ми кажа докторката ако забременам да и се јавам обавезно, ваљда да ми го тргне. Почнав со 25 мг две недели, а сега пијам 50 мг. Колку време ти траеше тебе крварењето? Мене ми прекина после третиот ден, вчера и денес на влошка немам ништо, чат пат на бришење некој исцедок со пребоеност бледо кафеаво-розево ама многу бледо и не на секое одење во вц. Планирам да направам тест во сабота-недела тогаш отприлика требаше да добијам. Дај Боже да е тоа што се молам секој ден да биде. Не сакам многу да се надевам, за да не доживеам уште едно разочарување.
И јас мислам да почекаш уште некој ден, па ако не добиеш да повториш тест следна недела преку мокрача и да одиш на преглед. Можеби ти доцни од стрес или промена на времево, ама можеби си имала и многу касна овулација овој месец, па затоа не покажува сеуште. Не се потпирај многу на тестовите за овулација, јес да се прилично точни, ама секогаш постојат отстапки од се. Ти посакувам многу среќа и те гушкам!
Здраво на сите, Ве следев за време на првата бременост, но не сум пишала одамна. Сега, скоро 2 години од пораѓање, HSG покажа непроодни канали, па изгледа ќе морам на лапароскопија. Која од вас правела, какви ви се искуствата, кај кој доктор? Ми треба ли второ мислење? Ми е страв од ризици, можни оштетувања на јајници и проблеми потоа со ИВФ (сега барам инфо дали ваков ризик воопшто постои).
Имплантационото 1 ден, ама на денот на добивање имав и плус уште 2 дена и со влошка бев, ама како кафено؛ Направив тест на денот на добивање и беше позитивен
Јас сум секогаш за второ, па ако треба и трето и шесто мислење, освен ако се разбира сите го имаат истиот став или немаш време да шеташ по доктори. Мене на хсг ми покажа сактосалпинкс (неповратно проширување на едниот јајцевод) и матичната ме прати на гак кај д-р Трајанова. Докторката одлична, прием одличен, пристап одличен, со став веднаш да се отстрани јајцеводот лапароскопски. Дури и закажав интервенција. Во меѓувреме појдов на консултација кај д-р Димитров во ремедика, неговиот став НЕ СЕГА за отстранување на јајцевод, со оглед на возраста, времето кое се обидувам за бебе и фактот што многумина природно така останале бремени и тоа е процедура од која нема назад. Закажав и кај д-р Лазаревски, односно требаше во мај да ми се јават термин, но сеуште се немаат јавено, веројатно со ситуацијава. Тоа е моето искуство и без разлика што се работи за сосема друга проблематика, јас сум ЗА второ мислење.
Женски незнам кај да поставам прашањето но ме интересира, колку дена по завршување на менструација се неплодни? Гледајќи кај мене во апликација последните 2 месеци само 1 ден по завршување ми бил неплоден и после тоа одма почнува fertility window, а претходно 3 дена неплодни ми биле па после тоа почнувал fertility window.
Да, ќе побарам мислење и од друг доктор, ако ништо друго и да решам кај кого ќе ја правам операцијата. Фала
Јас го пиев спиронолактонот заради покачен тестостерон. Можеби се дава и за нешто друго. Со сериозна промена во исхраната успеав да го регулирам за 1 месец, па ја прекинав терапијата порано (требаше мислам 3-6 месеци да го примам).
Здраво пред некое време пишав но не добив баш одговор, веќе 12 дена ми касни правев два пати тест преку крв негативни бев на преглед кај др на ехо беше све во ред ми рече дека можно е да е касна овулација и дека можеби сум бремена но уште е рано и да повторам тест за 5 дена, и повторив но пак негативен искрено малку сум во паника никогаш не ми се случило вака да ми касни, иначе пред два месеца правев лапароскопија. Дали некој имал некое вакво слично искуство?
Мене не ми кажа докторката колку време ќе го пијам. Сега одам почесто на контроли за тироидната, секој месец, бидејќи сакам да забременам. Другите хормони ми рече да ги провериме после три месеци од терапија, но ако во меѓувреме забременам да и се јавам.
Фала ти мила, фала ви на сите за позитивата која ми ја праќате. Дај Боже сите да се израдуваме што е можно поскоро, па да ја испразниме темава.
Во истата ситуација сум и јас... не сум бремена, а 56 ден ми е веке. Бев во Њу Борн нема циста или нешто што би влијаело. Чекам да добијам па да почнам испитувања. И мене ми рекоа да направам пак тест за 1 недела (не знам дали е можно и да сум бремена да било толку касна овулација)..
И мене не ми е јасно што се случува бидејки сите исптувања беа добри и хормони и контролата по операција дури и сега, бев во четвртокот и во понеделникот повторно на ехо и се е добро нема бременост и као треба да добијам а никој нема објаснување што се случува, се е во ред тоа е нивен одговор а јас немам циклус